Фан Клуб: Јувентус

Член од
21 август 2008
Мислења
5.204
Поени од реакции
953
Добро е што останавме не поразени,Фиорентина по шансите и те како заслужи да победи.Сепак ова беше трет натпревар во недела дена,од кои два беа гостувања во Лондон и Фиренца,заморот кај играчите беше очигледен.
Глупо е да ја споредуваме минатата сезона со оваа каде што се игра на 3 фронта,а и не треба толку да се замараме со тоа дали ќе сме ја прекинеле серијата од 44 натпревари без пораз,и сл работи.По важно ми е да ја освоиме титулата во Серија А и што по далеку да стасаме во ЛШ,отколку да бркаме некои глупи рекорди.
Четврти во нецели 2 недели Џенова 15.09 Челзи 19.09 Киево 22.09.и 25.09 со Фиорентина. 3 гостувања во неколку дена.
 

SinisteR.

Is this your homework Larry?
Член од
10 јуни 2011
Мислења
2.823
Поени од реакции
7.032
Три додавања не успеаја да врзат ко шо треба.И ај видоја не оди со додавања па почнаја со префрлувања на средина да играт ама шо дека ко високи топки му нафрлуват Џовинко и Џакерини,двајцата метро и желба за растење. Клај ги барем Вучко и Матри ако ништо друго. Единствено шо ме бендиса беше пресингот пошто се виде дека и фиренца не е ич сигурна во додавања во одбрана ама не успеаја да изнудат некоја грешка. То е то,да се заборај оваја лоша епизода и очекувам три бода од Рома,да му се покажи кој е кој во серија А
 

Маци-

ragazzo pazzo
Член од
17 април 2007
Мислења
6.184
Поени од реакции
3.513
Панче Малдини стаил лајк на ЈувентусМК на фб... готово отиде серијата од 44 утакмици без пораз,несреќа е чоеков:facepalm:

како да го банирам?:pos:


Прегледај го приврзокот 49679
ццц еве го почна да работи одма почнавме слабо да играме,шо го ебам ќе го банирам:pos:

иначе игравме слабо ради Фиорентина кои играа ептен јако,секоја чест за нив,кај нас нормално после ваква слаба утакмица никој не изигра на ниво..Фиорентина може да се вмеша за трето место.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.283
Поени од реакции
86.163
Аман де една одиграле лошо и сега ќе кукаме. Имаше право погоре JUVE_Ultras ние да гледаме да ја освоиме лигата и што подалеку да стигнеме во ЛШ, рекордот кој го ебе. Кога ќе изгубиме ( нели неизбежно е тоа ) очекувајте фановите на Милан и Интер да :drk:. Подгответе се за тој ден уште од сега ви кажувам :icon_mrgr:. Него очекувајте деновиве вицови од "легендата" Земан :гик:
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Не знам зошто али ме бендисува овој Погба .. Имаше и во одбраната некои добри потези кога блокираше , имаше и доста прецизни додавања .. .Полека , полека се опушта дечкото и му фали само уште искуство во Сериа А и дефинитивно ќе биде прилично новиот Пирло...
--- надополнето: 25 септември 2012 во 23:19 ---
Мислам дека грешката е кај Конте/Карера наместо да го започни натправрот со стандарниот состав Буфон,Барзаљи,Киелини, Бонучи,Лихштајнер,Маркисио,Видал,Пирло,Асамоа,Вучинич и Кваљарела. Имаше неколку промени мислам дека тоа беше пресудно мислев дека измените ке донесат некаква живост во играта,но се гледаше некако како да им тежеа нозете, ипак не заборавајте дека во нецели 2 недели ова беше 4 ти натпревар...Се осети малце умор.
Не си можел со поситни букви да пишуваш ....
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.669
Поени од реакции
5.351
Тврд натпревар.Мора да се признае дека Фиорентина изигра многу добро,изиграа одлична пас-игра, а поради збиениот календар повеќето играчи на Јуве изгледаа доста уморно (пред се Пирло и Лихштајнер).

Не може да се очекува секој натпревар Јуве да биде супериорен во однос на противниците, каков што беше случајот на претходните натпревари, некогаш ќе има и слабо издание на Јуве,сепак сеуште е почеток на сезона и не е толку лошо што Јуве не успеа да победи. Иако лани успеа многу лесно да победи, Артемио Франки е тешко гостување а особено за Јуве, кој за Фиорентина важи за тим најголем ривал.

Одбраната одигра солидно, можеби освен Барзаљи кој направи неколку грешки во првото полувреме. Средниот ред освен Асамоа, сите изиграа под своето ниво, а дефинитивно најмногу потфрли Џакерини, а без добра и креативна средина, нападот делува отсечено, а особено Џовинко кој не успеа да се наметне како лидер на овој натпревар, изгуби многу топки, и одлично беше чуван од страна на дефанзивците на Фиорентина.
 
Член од
3 февруари 2010
Мислења
570
Поени од реакции
69
Никаква игра, можеби најслаба во последните 2 години, но за среќа останавме непоразени. Реално, Фиорентина заслужи да победи, но сепак се покажува искуството дека и кога играме лошо не губиме.

Не сакам да барам изговори за слабата игра, но добив впечаток дека на сите во глава им беа наптреварот со Рома и со Шахтјор, каде што сигурно ќе се атакува на 2 победи и ќе гледаме друг Јуве. Можеби штедеа сили и свесно одеа на бод, just sayin'...
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.867
Поени од реакции
6.379
Го видов Конте во еден кадар позади коментатор, во коментаторска кабина... таму бил цела утакмица?
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.224
Поени од реакции
8.093
Не е проблем освоениов бод во Фиренца. Настрана победата од лани од 0-5, Фиренца од секогаш била незгодно гостување за било кој тим од Италија па и за било кој тим од Европа. Проблемот е мртвата, сива игра на Јуве кој беше дојден на гостувањево со една цел, да не загуби. Играчите не покажаа никаква желба за победа а со самото тоа не ја ни заслужија. Не може сега да се вадат на заморот од згуснатиот распоред кога летоска никој не им даде забрана за трансфери и можеа да купат кого сакаат и колку сакаат играчи кои би играле во ротационен систем. Како и да е Јуве во зимскиот преоден рок мора да се засили со 2-3 играчи доколку сака да го издржи пеколното темпо на Серија А и ЛШ.
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.337
Поени од реакции
2.224
Јас сум задоволен со бод.Се гледаше дека беа преморени играчите, сепак гостувањата се многу тешки, треба да патуваш и не се осекаш така енергично и спремен за утакмица. Се осети замор многу кај Пирло и Лихштајнер.
Одбраната изигра добро, доколку попуштеше и одбраната ке примивме гол секако, сепак Фиорентина е добар тип, играше дома и така да бод би било супер.

Зошто кукате за Џовинко? Кваљарела не допре топка, а пак Џовинко допираше имаше фаули врз него, подобар беше од Ква. :)
Се на се, средината не функционираше и нема ни напад, не кукајте безврска супер е!
forza juve!
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.173
Очекувам дека денеска беше ‘само лош ден‘ и дека со Рома ќе се вратиме и ќе зготвиме похована зденка!
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.352
Поени од реакции
16.857
Конте да беше на клупата сигурен сум дека ке победевме ама што е тоа е. Кога не даваш се од себе не добиваш таков е светов па и фудбалот. НО не смее да се плука по дечките бидејќи се трудеа и пробуваа едноставно и се штедеја. Маркизио од кога влезе се смена средниот ред имаше свежина. Мн утакмици со ред и задоволен сум со поенот оваа Фиорентина денес изгледаше како Јувентус лани но штета што така изгледаат само оваа утакмица на наредните ке изгубат од Пескара или некој таков, познато е дека сите клубови играат против Јувентус како да последна утакмица или градско дерби.

Тоа што морам да го кажам е дека Погба е звер од играч но само како DM или b2b ( box to box) не е замена за Пирло криво мие што Мароне не ја добива шансата да игра на неговата природа позиција и мислам дека денес беше идеална утакмица за Бендтнер да му дадеме шанса да видеме што има вака отпишување пред време не го бива не е фер за него и за нас
 

Kajgana Shop

На врв Bottom