Факултет за Електротехника и информациски технологии

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Едно прашање до постарите колеги од ТК. Дали можам да запишам некој предмет од 3 семестар ако во 1 семестар имам полозено само Основи на електротехника 1 ,Структурирано програмирање и Англиски?
Основи на мерна техника, електроника 1 и изборен ... ист случај си ко мене :)
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
За ИП што е условот, СП, ООП или и СП и ООП?
 
Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Абе нашине биле срцки, во споредба со ФИНКИ. Денес чекаме да објават списоци со поени и едно пола саат викаа во секој момент и на крај ни викаат: "Па можете на интернет да си видите". Јас да можев, ќе ве чекав ли таму слепци едни.
ЈАС <3 ФЕИТ!
 
A

apidrone

Гостин

Едно време на страната на Финки имаше нешо као одговор на тоа што нашиот Декан ни се обраќа на нас, студентите на ФЕИТ. Па добро бе, смислете нешто ваше, не да се препуцавате преку официјални веб сајтови, не сте деца! Или сте?
 
petar_joker

OLD ROCKER
Член од
5 септември 2007
Мислења
1.249
Поени од реакции
57
А Богданова предава што, електроника ?
Богданова предават Сигнали и системи, (Основи на) дигитално процесирање на сигнали и уште неколку предмети од ЕРПС.
На нејзино место најверојатно би дошол Владо Китановски, моментално е на докторски студии негде низ светов
 
Член од
22 август 2011
Мислења
28
Поени од реакции
16
Факултетот за електротехника и информациски технологии
организира
ПОДГОТВИТЕЛНА НАСТАВА (КУРС)
ПО МАТЕМАТИКА И ФИЗИКА
ЗА ИДНИТЕ СТУДЕНТИ
Наставата ќе започне на 01.09.2011г., според распоред кој ќе биде објавен дополнително.
Цената на подготвителниот курс за еден предмет е 2.000,00 денари за дваесет часа. Сумата треба да се уплати на сметката на Факултетот, според примерите дадениподолу. Кандидатите треба да се пријават со приложување на уплатница воДеканатот на ФЕИТ (кај Анета Јовановска во Одделението за правни и општи работи) најдоцна до 31.08.2011 г. до 16:00 часот.

Луѓе што е ова..мора ли секој бруцош да ја посетува оваа подготвителна настава(или за средношколците е ова)...јас би сакала,но во студентски се вселувам дур на 12ти...??
 
Немора, ама е добро за тебе ако имаш дупки во знаењето по физика. Најчесто за тоа има голема заинтересираност. А математика не верувам дека нешто многу може да ти помогне, ама не знам, јас не сум одела подобро некој што одел да ти каже. Само не е задолжително.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
него битно питање кое вреди да се праша пак (slightly off-topic)
- pros cons за ФЕИТ
- pros cons за ФИНКИ
Што ќе бирате вие и зошто?
 
Opsessive fangirl

Безнадежен интелектуалец.
Член од
14 декември 2009
Мислења
291
Поени од реакции
137
ФЕИТ. Затоа што имаш познавања од повеќе сфери и звање дипломиран електротехнички инжењер, а го имаш и знаењето што се стекнува на ФИНКИ.
--- надополнето: Aug 23, 2011 4:33 PM ---
Факултетот за електротехника и информациски технологии
организира
ПОДГОТВИТЕЛНА НАСТАВА (КУРС)
ПО МАТЕМАТИКА И ФИЗИКА
ЗА ИДНИТЕ СТУДЕНТИ
Наставата ќе започне на 01.09.2011г., според распоред кој ќе биде објавен дополнително.
Цената на подготвителниот курс за еден предмет е 2.000,00 денари за дваесет часа. Сумата треба да се уплати на сметката на Факултетот, според примерите дадениподолу. Кандидатите треба да се пријават со приложување на уплатница воДеканатот на ФЕИТ (кај Анета Јовановска во Одделението за правни и општи работи) најдоцна до 31.08.2011 г. до 16:00 часот.

Луѓе што е ова..мора ли секој бруцош да ја посетува оваа подготвителна настава(или за средношколците е ова)...јас би сакала,но во студентски се вселувам дур на 12ти...??
Јас ќе ги земам и двата подготвителни курсеви, чисто да се чувствувам поподготвено и посигурна во моето знаење.. Ако немаш некои поголеми проблеми со физика и математика зошто да се влечкаш до СК..?
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
него битно питање кое вреди да се праша пак (slightly off-topic)
- pros cons за ФЕИТ
- pros cons за ФИНКИ
Што ќе бирате вие и зошто?
ФЕИТ
pros: бренд, квалитет, страв и трепет за бош факултетите, препознатлива диплома кај нашите компании, искуство и традиција стара 50 години
cons:тетките горе, тетките во копирница, Верка, Тентов, Благоја (ОЕТ).

ФИНКИ
pros: рано е да се кажува.... Владата е загреана за информатичкиот развој, па се надевам ќе продолжи со вложувбање во него. Тоа би било нова опрема, превод на литература, внесување иновации во предавањата и збогатување на содржината со актуелни теми.
cons: нула искуство, слабо математика, некои безвезе смерови и предмети на истите, префрлање на студенти од ФЕИТ и ПМФ

Се немам одлучено сеуште. Ако грото од студентите заминуваат на ФИНКИ ќе одам и јас. Не сфаќам која ќе биде логиката да се остане на ФЕИТ ако професорите заминуваат на ФИНКИ...
-----------------------------------------------------------------------------

А сега за идните студенти на ФЕИТ. Припреми по математика не ви се потребни зошто и вака и така ќе се шокирате по првите неколку часови на аудиториските вежби. Тие што учеле аналитичка геометрија во простор нема да имаат проблеми на самиот старт бидејќи 90% од работите се повторуваат од средно. Усното матемтика е поим за нешто крајно несфатливо. Со оглед на тоа дека Боро Пиперевски ќе оди во пензија (и тоа се случувало на ФЕИТ), ќе ја пропуштите можноста да се извлечете од полагање теорија. Елена Бабаче одлично предава, но е многу бавна па така пред колоквиум се трупа голем дел од материјалот.
Физика е приказна сама за себе... Не верувам дека припремите нешто ќе помогнат, но повеќето е одлучуваат за нив, а не за математика. 90% не ни виделе задача по физика во средно, па уште првите задачи по кинматика/динамика ќе ве изнасмејат најслатно се до моментот кога ќе сфатите дека ќе мора да ги решавате. Ако не успеете да ги укопчате задачите, вадете се на теорија. Обично недела пред колоквиум `ненадејно` се појавува листа на прашања од теорија од кои дел 90% ќе се паднат. Во случај да се пднете кај Верка (Вера) Георгиев(ск)а борете се да седите во прв ред. Зошто? Од втор ред па до крај, ги регистрира студентие само ако зборат. Кога е во прашање делење на семинарски, домашни (што носат екстра поени) не регистрира никој подалеку од прв ред... Друга причина за да е седи во прв ред е за да ја слушате кога зборува. Ќе видите дека веќе во втор ред постои звучна бариера, па како она да глуми професор во нем филм во техниколор.
Електротехника ќе разберете само ако се паднете кај Марија Кацарска, т.е. ако она ви е најмалку асистент. Ако се паднете кај Благоја, на пример, ќе видите дека и на Електро се случува тутурутки да земат диплома... патетично. Во тој случај за совладување на материјалот ќе мора да барате алтернативи или самостојно да посветите многу денови над задачите. Битно е што теоријата може да се полага и после колоквиум/испит во случај да не ги соберете потребните поени за поминување.
Посакувам пријатен престој.
 
A

apidrone

Гостин
Ја пред 2 години бев на подготвителниот курс по математика... и зажалив што фрлив 2000 денари. Ништо ново, ниту потешко не научив, интеграли како се решаваат воопшто не спомнаа. Поише научив од професорите во средно што не спремаа за матура, него на тој курс. Така да, барем за математика, не се упишувајте на курсот. Физика пошо не сум бил, појма неам како е. Али интересното е тоа што, на математика бев, а ги паднав 2те математики, а на физика не бев, но ги положив и 2те физики.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom