него битно питање кое вреди да се праша пак (slightly off-topic)
- pros cons за ФЕИТ
- pros cons за ФИНКИ
Што ќе бирате вие и зошто?
ФЕИТ
pros: бренд, квалитет, страв и трепет за бош факултетите, препознатлива диплома кај нашите компании, искуство и традиција стара 50 години
cons:тетките горе, тетките во копирница, Верка, Тентов, Благоја (ОЕТ).
ФИНКИ
pros: рано е да се кажува.... Владата е загреана за информатичкиот развој, па се надевам ќе продолжи со вложувбање во него. Тоа би било нова опрема, превод на литература, внесување иновации во предавањата и збогатување на содржината со актуелни теми.
cons: нула искуство, слабо математика, некои безвезе смерови и предмети на истите, префрлање на студенти од ФЕИТ и ПМФ
Се немам одлучено сеуште. Ако грото од студентите заминуваат на ФИНКИ ќе одам и јас. Не сфаќам која ќе биде логиката да се остане на ФЕИТ ако професорите заминуваат на ФИНКИ...
-----------------------------------------------------------------------------
А сега за идните студенти на ФЕИТ. Припреми по математика не ви се потребни зошто и вака и така ќе се шокирате по првите неколку часови на аудиториските вежби. Тие што учеле аналитичка геометрија во простор нема да имаат проблеми на самиот старт бидејќи 90% од работите се повторуваат од средно. Усното матемтика е поим за нешто крајно несфатливо. Со оглед на тоа дека Боро Пиперевски ќе оди во пензија (и тоа се случувало на ФЕИТ), ќе ја пропуштите можноста да се извлечете од полагање теорија. Елена Бабаче одлично предава, но е многу бавна па така пред колоквиум се трупа голем дел од материјалот.
Физика е приказна сама за себе... Не верувам дека припремите нешто ќе помогнат, но повеќето е одлучуваат за нив, а не за математика. 90% не ни виделе задача по физика во средно, па уште првите задачи по кинматика/динамика ќе ве изнасмејат најслатно се до моментот кога ќе сфатите дека ќе мора да ги решавате. Ако не успеете да ги укопчате задачите, вадете се на теорија. Обично недела пред колоквиум `ненадејно` се појавува листа на прашања од теорија од кои дел 90% ќе се паднат. Во случај да се пднете кај Верка (Вера) Георгиев(ск)а борете се да седите во прв ред. Зошто? Од втор ред па до крај, ги регистрира студентие само ако зборат. Кога е во прашање делење на семинарски, домашни (што носат екстра поени) не регистрира никој подалеку од прв ред... Друга причина за да е седи во прв ред е за да ја слушате кога зборува. Ќе видите дека веќе во втор ред постои звучна бариера, па како она да глуми професор во нем филм во техниколор.
Електротехника ќе разберете само ако се паднете кај Марија Кацарска, т.е. ако она ви е
најмалку асистент. Ако се паднете кај Благоја, на пример, ќе видите дека и на Електро се случува тутурутки да земат диплома... патетично. Во тој случај за совладување на материјалот ќе мора да барате алтернативи или самостојно да посветите многу денови над задачите. Битно е што теоријата може да се полага и после колоквиум/испит во случај да не ги соберете потребните поени за поминување.
Посакувам пријатен престој.