Ме интересира, ако може некој да го пренесе личното искуството од курсевите за програмирање, првенствено во Семос, Сивус и Бреинстер. Колку сте биле во група, колку се откажале од курсот. Дали успеавте нешто да научите? Општо, колку сте задоволни?
Програмирање не се учи за 6 месеци ни во Семос, Сивус, Бреинстер ни пак на ФИНКИ во тие 4 години само од предавањата. За да бидеш добар програмер си бара многу саати пред компјутер, фокусиран на тоа што го правиш и буквално да почнеш да го живееш тој свет, ниеден факултет ниту академија нема да те научи се што треба да знаеш ниту пак комплетна синтакса и финти во било кој програмски јазик.
Од мене насоки, земи седни прво научи ги основите на некој од сајтовите на нет, имаш готови курсеви за пари (udemy.com, coursera.com, edx...истиве се наоѓаат по торенти особено на руските сајтови) или за без пари (freecodecamp.org, theodinproject.com, w3schools, codeacademy), плус објектно ориентирано програмирање ќе си ѕирнеш некое книжуле, имаш милион за без пари и по торенти.
После тоа лека полека ќе си почнеш да копираш сајтови, т.е види некој сајт кој ќе ти се допадне и пробај да го изработиш самиот, или пак твоја идеја пробај да ја изработиш до перфекција во тоа што си го научил.
Ако веќе одиш со веб моја препорака да одиш со javascript, или да одиш со .NET, барем од огласи најмногу ги бараат, евентуално иднина има и во пајтон и е доста лесен за почетници, a python + django бркаат работа и за веб.
Бази задолжително да усовршиш SQL синтакса, а за која база ќе ја користиш ќе си видиш според потребите (MSSQL, MySQL, PostgreSQL (моето омилено), Oracle), плус гратис NoSQL бази - MongoDB.
Ако сакаш да развиваш мобилни апликации, опција еден која е поретка и за нијанса мислам дека потешка за почетник Swift и да се насочиш на IOS, или Јава и Котлин за на Андроид. И со javascript или xamarin може да дотераш некоја мобилна да си работи ок на телефон, али за похардкор апликации тешко да функционираш со нив.
Трета опција што е актуелно сега ти се работа со big data и cloud, имам другар што работеше со ова во мкд и беше солидно платен.
Е сега колку ќе научиш со академииве зависи најмногу од тебе, колку ќе поминиш време да го вежбаш тоа што го учиш дома, колку ти фаќа главата и кои ќе ти бидат очекувањата, ако очекуваш дека ќе завршиш академија и ќе најдеш одма работа со 500-600 евра плата малку потешко, да не речам невозможно. Најчесто и после факултет и после тие академиите се почнува со пракса (платена до кај 200евра макс, или за без пари, 3-6 месеци), па после ти даваат некоја си апла почетничка џуниор плата просек 300-400 евра и како ќе се покажуваш и ќе учиш ќе одиш нагоре. Кај програмерите од искуство ти кажувам тешки се првите 2 години, ако во нив се посветиш 10000% и стекнеш знаење, веќе после тоа ќе може да преговараш за тие суми што ги слушаш меѓу народот.