ФАКУЛТЕТ или КУРС за ДОБАР ПРОГРАМЕР?

Дискусија во форумот 'Програмирање и програмски јазици' започната од GTTI-TDI, 5 март 2019.

  1. Dimitar171

    Dimitar171

    Член од:
    17 август 2011
    Мислења:
    3.810
    Допаѓања:
    4.120
    Брат ми се вработи директно, без завршен факс, исто беше постар и не можеше да си дозволи пракса ко дечкото. Ама имаше кој да го препорача, на слепо ќе те маткаат сегде. Различен случај е ова зашто има добра работа и не мора да прифаќа глупости по секоја цена. Значи или голема фирма директ или пракса во фирма кај што имаш човек и знаеш дека праксата е за вработување а не онака. Е сеа ако ептен си решен тогаш иди ал ин, ќе се измачиш поише али негде ќе те задржат. И магистратурата на електро не ја рачунаат за сериозна, ни во ит ни во другите струки.
     
    На Down му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Кеплер

    Кеплер

    Член од:
    14 јануари 2015
    Мислења:
    5.473
    Допаѓања:
    7.459
    Да се согласувам, ама треба да го известиш и некој што аплицирал дека си нашол друг и да си бара чарето, муабетот на овие беше еј сори те заборавивме да те известиме, ние си најдовме сениор за таа позиција.
    --- Споено дупло мислење, 2 јуни 2019 ---
    На ниеден факс магистерски не ги земаат мн во предвид, освен за лиценци, овластувања и на државно.
    Со препораки е друга приказна, муабетот ми беше да ви доловам каква е ситуацијата за почетници во моментов.
     
    На Dimitar171 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. KyleXY

    KyleXY

    Член од:
    16 мај 2016
    Мислења:
    300
    Допаѓања:
    485
    Интересна е ситуацијата во моментов. Работа за почетници нема, за пракса има конкуренциа, а нема гаранција дека ке те вработат. Се бара насекаде луѓе со искуство, ама ретко која фирма знае како да привлече таков кадар. Ги гледам огласиве, има, многу многу red flags. :unsure:
     
    На Makedonius, Кеплер и Ron Burgundy им се допаѓа ова.
  4. Ron Burgundy

    Ron Burgundy

    Член од:
    29 јуни 2014
    Мислења:
    9.178
    Допаѓања:
    9.188
    Мислев дека овој сектор е така малце понезависен и луѓе добиваат шанса да покажат што знаат, но изгледа станал како државна администрација ако имаш пријатели ќе најдеш нешто и без никакво искуство, ако не ќе праќаш сто огласи со надеж дека некој ќе те викне на интервју.
     
  5. Löwe

    Löwe

    Член од:
    14 јули 2010
    Мислења:
    7.169
    Допаѓања:
    8.397
    Нема врска ова што го кажа.
     
    На zmej gorjanin му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Forza Milan!!!

    Forza Milan!!!

    Член од:
    1 јуни 2011
    Мислења:
    21.641
    Допаѓања:
    32.165
    Без пракса, без искуство и од старт голема плата е сон на секој што сака да влезе во ИТ. Гледам на многу парите им се најголема мотивација и не прифаќаат ништо под тоа што им е зацртано. Мора да ризикувате.

    Не барај друго ќе ти се јавиме и никогаш не се јавуваат. :D
    Не мора да ги чекате и барајте си друга фирма, а ако ве побараат на повеќе места треба и да знаете како да се продадете и да извлечете што е можно повеќе пари. Тоа се тие несериозни фирми кои вчера зпочнале со работа па се прават паметни. Нормална фирма си има агент кој прави интервју и истиот знае да препознае талент и културно те известува дали си во потесен круг, дали примен или не.

    Не чекајте да објават огласи,еве ви го LinkedIn и некои сами ќе ве побараат ако им одговарате. Или ако ви се допаѓа некоја фирма пак пратате им CV иако немаат потреба.

    Некои се жалат дека праќаат CV секаде, а никој не им се јавува сигурно им е како она што јас го имам прочитано од еден дечко, искуство само како келнер и шанкер на базен, а и сликата на CV му беше со мокра коса само што излезен од базенот. :pos:
    На друг мајка му праќа мејл во негово име.

    Се познава кој го бива и ако остави впечаток и да е јуниор, а бараат сениор пак може да го земат и да го пратат на обука. Не се сите како неговиот брат кој со препорака на човек влегол таму.
     
    На Емкаа му/ѝ се допаѓа ова.
  7. HoT _iCe

    HoT _iCe Extraordinary

    Член од:
    31 јануари 2018
    Мислења:
    365
    Допаѓања:
    644
    И ја се беше распрашуваја за Сивус и ми неколко потврдива дека после обуку ако се покажеш, они ти наваѓав праксу и на основу на тој и работу евентуално. Пуно ги препоручива, дипломе какви и да им су, прифаќав се и фирме ги важив, е сга, како се учи, што се учи, не знам, знам дека е огањ скупо.
     
  8. Кеплер

    Кеплер

    Член од:
    14 јануари 2015
    Мислења:
    5.473
    Допаѓања:
    7.459
    Абе гледам на сеир ја терате работата, не е муабетот за многу пари од старт, особено не ако имаш некој кој ќе ти покажува во првите неколку месеци, само од ова што го гледам низ мкд во голем дел од фирмите ги нема ни парите ни менторството.
    Еве напрајте се луди и пробајте испратете CV како да сте апсолутни почетници и ќе видите колку и какви одговори ќе добиете.
     
  9. Ron Burgundy

    Ron Burgundy

    Член од:
    29 јуни 2014
    Мислења:
    9.178
    Допаѓања:
    9.188
    Како прво фирмиве ако не прочита FINKI или FEIT, одма си вика хехе еве некој од оние. Ко да тие на финки се нешто научници, една колешка моја му пишуваше цв и мотивациско на еден неписмен, не знаеше два збора на англиски да напише и сеа типот е програмер, што даље од тоа:icon_lol: Тешко е многу додека не се пробиеш, тие што го направиле тоа сеир тераат ко да е најлесна работа прва работа да фатиш.
     
  10. zmej gorjanin

    zmej gorjanin

    Член од:
    26 јануари 2009
    Мислења:
    7.969
    Допаѓања:
    8.949
    Не ми е јасно што очекувате дека на пракса ќе се случува? Ќе ти дадат таскови и за све што ти е нејасно тука ти е гугл. Ако си апсолутен почетник не ни требало да аплицираш. Друго, тоа со ФИНКИ везе нема пошто се случило доста кандидати со формално образование да се слаби кандидати па сигурно нема под дифолт да бидат примени. А не ретко е да некој од сениорите што ќе те интервјуира воопшто да нема никаков факултет особено кога станува збор за фронт-енд. Е сега другото е до тебе како ќе се покажеш на интервјуто/тестирањето. Јас на пракса не сум бил и не можам да споделам искуство, кога почнував со ова во еден момент ми се понудија две опции платена пракса но во друг програмски јазик него ли за тоа што аплицирав и работа во јазикот за кој аплицирав и нормално дека работата ја одбрав. Од моменталнава фирма ко што гледам ниту еден од практикантиве не примија (до душа последен пат практиканти имавме лани), али и по кажувања на колеги се работело за слаби кандидати, има и кандидати кои во фирмава се вработени и поминале пракса, се покажале и ги примиле.
     
  11. Петар12345

    Петар12345

    Член од:
    21 октомври 2009
    Мислења:
    1.382
    Допаѓања:
    1.870
    ако си средно сеа завршен-обавезно факултет, а ако имаш бош факултет завршено и сеа ти се префрла во поплатена стука тогаш курсеви, макар да со курс тешко дека ќе стасаш до некоја посолидна плата во фирма. Предпоставените кои се над тебе кои се со завршен факс/мастер гледаат поинаку на тебе ако си само со курс и си од бош факултет, немаш толку простор за напредок Со курс најверојатно ќе те обучат за одреден таск што треба да го правиш и тоа е тоа. Работите како R&D во проектот ќе му се дадат на тој што е пообразуван од тој само со курс - што е и нормално. Од друга страна пак не дека финкашите/електрашите се МИТ/Хардвард тип на студенти :pos:

    Се сејкавам колку некадарни деца се запишуваа на финки и електро оти така им рекле од дома, колку незаинтересирани беа за предметите тоа просто неверојатно, па поминување со 6ки, па со семинарски, па со бубици по сите предмети со теорија :tapp: колку да се положи. Потоа поради ситуацијата на пазарот на труд одма си наоѓаат работа. И на работа потоа си продолжуваат тој стил на поминување на работните задачи - ни рокови запазени ни оптимално решение, ни коментари ни документација ни ништо и најчест муабет - ај де бе гледаш работи, остај го не го чепкај :tapp:
     
  12. Dimitar171

    Dimitar171

    Член од:
    17 август 2011
    Мислења:
    3.810
    Допаѓања:
    4.120
    Не се сите, ама за негово добро е да биде од тие. Не знам колкав ризик презима за да си проба среќа во ИТ преку пракса, може има кредити,деца и тн. Бар некоја минимална гаранција да има дека има нешто пред него, коа веќе остава добра работа.
     
  13. zurich

    zurich

    Член од:
    18 јули 2018
    Мислења:
    314
    Допаѓања:
    1.197
    И апсолутно треба цело време да си го полниш гитхаб/гитлеб/гитштоидае профилот со проекти, без разлика дали си студент на финки/феит, самоук (со следење на онлајн курсеви) или пак одиш на некаков формален курс. Ќе си наоѓаш идеи за проекти на нет ако не ти текнува сам и ќе работиш. Тоа е и делумно стекнување со искуство. Прво ќе куцаш паралелно со курсот, а после обавезно ќе земеш и ќе направиш сличен проект од нула, а во случај ако заглавиш на нешто, тука ти е Stack Overflow. И уште една многу важна работа пред интервју е спремањето за техничкиот дел, што мислам дека огромен дел го забораваат или пак учат некои концепти само преку фрејмворк. На ова последново посебно акцент треба да си стават самоуките, односно тие како мене. Еве јас од искуство можам да кажам дека добив интервју за пракса, ама потфрлив баш заради тоа што недоволно добро се спремив за техничкиот дел. Ама па и самото тоа што бев на интервјуто ми е искуство плус за следното. А покрај ова, според мене најголемата грешка што ја прават почетници е токму ова неработење на проекти паралелно со учење на факс, курс или што и да е.
     
  14. teneke

    teneke

    Член од:
    13 јули 2006
    Мислења:
    5.938
    Допаѓања:
    3.061
    Луѓе неможам да ве разберам стварно.

    Значи за тој што не може да си дозволи финански да смени професија, затоа што ако е почетник мора да биде практикант, тогаш нека стегни заби и кога ќе си дојде од работа нека седни да учи и да се зафати со некој проект сам дури да напредни доволно.

    За млади кои сега почнуваат нив не им е проблем да започнат со пракса, мислам кај мене иделе на пракса деца што студирале информатика во странство и тоа за безпари (тоа кога имав сопствена фирма). Одма се гледа кој го бива, за неколку месеци му најдував работа.

    Абе во моментов буквално можеш за безпари да се обучиш за програмер, ама се разбира тоа што го викам цело време ако си талент за тоа. Нит факултет, нит курс, нит бутур.
     
  15. PticaSelica

    PticaSelica

    Член од:
    14 август 2018
    Мислења:
    127
    Допаѓања:
    216
    Би сакал и јас да добијам мислење,совет на оваа тема...
    Имам 34 години,наставник по македонски јазик,заглавен во основно(со можност да бидат намалени паралелките или целосно затворено),плата 18к,итн,итн.

    Да не навлегувам многу во лични мотиви,меѓутоа сериозно размислувам за прекфалификација на стари години.
    Веќе имам двајца другари кои го поминаа тој пат,почнаа со јава,на пракса со поголема плата од мојата!
    Го терам удеми и “Хед фирст инто јава” од книгите.Претходно познавање од програмирање нула.Сега за сега мислам дека ми оди логиката и учењето,ама сеуште рано да се каже со сигурност.
    За разлика од тоа што го чув од другар мој дека му даваат 400€ да “учи” андроид со базични претходни знаења на јава... И ова што го читам на темава,а ја прочитав цела! Прилично обесхрабрувачки и мрачно ми делува како го опишавте влегувањето во тој свет.
    Грешка сум за ова или не?
     

Сподели преку: