ФАКУЛТЕТ или КУРС за ДОБАР ПРОГРАМЕР?

Член од
29 ноември 2014
Мислења
33
Поени од реакции
1
Здраво. Ме интересира дали е потребно факултет за да се биде добра програмер или е доволно и само 6 месечен курс со 3 месеци пракса и веднаш работа? Зошто 4 години да се оди на факултет?
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Здраво. Ме интересира дали е потребно факултет за да се биде добра програмер или е доволно и само 6 месечен курс со 3 месеци пракса и веднаш работа? Зошто 4 години да се оди на факултет?
Секако дека не е потребно факултет за да бидеш добар програмер, и со курс можеш да го совладаш програмирањето. Но, разликата во однос на плата е многу различна, факултетската диплома е далеку повеќе платена, ако истата работа ја работиш. Сигурно и многу фирми го практикуваат овој начин..
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.041
Поени од реакции
7.062
Не ти треба факултет барем засега за ИТ секторот во С.Македонија (но, голем дел од фирмите бараат статус студент или диплома од ИТ), ама препорачливо ти е високото образование за да те изгради во подобра и поодговорна личност. Ако се гледаш во странска држава во иднина, таму поголема е веројатноста да ти бараат диплома од факултет.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.487
Ако сакаш да работиш networking, ти ги препорачувам курсевите на Cisco. Во странство тие ми ги вреднуваат, за факултетот само ќе се поднасмеат. Да напоменам дека зборам за мрежи, во тој сектор навлегов, за другиве не сум стручна толку да зборам.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Но, разликата во однос на плата е многу различна, факултетската диплома е далеку повеќе платена, ако истата работа ја работиш.
Кој ти го кажа ова?

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Кој ти го кажа ова?

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
Предложи му на некој со високо образование од оваа област да работи за 25,28 000 плата, да видиш каков одговор ќе добиеш..
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Предложи му на некој со високо образование од оваа област да работи за 25,28 000 плата, да видиш каков одговор ќе добиеш..
А некој веднаш ќе му даде 1000 евра?

Што толку се преценуваат? Денес секој може да заврши и дипломата нема никаква вредност откако отворија факултет во секое село.
Мислат дека ако имаат диплома и готово вредат дупло повеќе од некој со завршен курс и со средно образование или со несоодветен факултет.
Попрво ќе земам некој кој ќе ми докаже дека си ја знае работата, отколку некој со 10 просек кој мисли дека знае се и сака веднаш голема плата, а уствари ништо не знае.

Па сигурно ако имаш несоодветно знаење, и не си компетентен нема да гледаш иднина во оваа област. Не се ова коефиценти од билтен за сметање, па денес згреши утре ќе научиш. Зборуваме за квалитет, ни еден газда нема да те држи ако не вредиш за областа за која си ангажиран.
А оној со 10.00 просек, не се прави дека знае се, едноставно си го цени трудот вложен во изминатите 4-5 ГОДИНИ..
 
The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Во поглед на знаењето што ќе го стекнеш, одлучуваш ти и само ти. Нема врска дали ќе завршиш 4 годишен факултет или курс на некоја академија. Факултетот ти ја нуди дипломата, неслучајно ти дава титула инженер поради стекнатите знаења од најразлични области во ИТ секторот, за разлика од курсевите, тука задржано повеќе и на теоретско и научно ниво. Од друга страна, факултетот и нејзината диплома, не ти гарантира дека ќе си способен да работиш или да земаш плата еднаква или поголема во споредба со некој што завршил курс.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.456
Поени од реакции
34.423
Предложи му на некој со високо образование од оваа област да работи за 25,28 000 плата, да видиш каков одговор ќе добиеш..
Кај програмерите е тешко додека да почнат со работа, во моментов е апла тешко да се најде и пракса (најчесто неплатена, или пак од 100-200 евра максимум). После 3-6 месеци пракса ако те видат дека ти фаќа црпката ќе ти дадат договор, вообичаено првите договори им се од 250-400 евра сепак зависи и која технологија ја работи. За интересните суми кои ги слушате од тие кои се во ИТ може да се разговара дури после 1 година работно искуство (без разлика дали си со факултет или курс), а апла интересните цифри дури после 3-4 години стаж. А и реално гледано ти си добар програмер/инженер дури после 3-4 години работно искуство, ако имаш желба да учиш и да работиш за толку време веќе ќе го живееш тој свет и во сон да те разбудат ќе се снајдеш.
Најдобро е за учење со почеток во помали фирми каде за кратко те фрлаат во огнот, обично таквите те земаат за практикант за ситни пари, ти даваат договор после 3 месеци и те форсираат на веќе посериозни проекти, можеби ќе ти биде напорно, ама се учи многу, а во некои големи фирми од типот на Мусала ако ти се погоди да има клиент кој бара профил како твојот ќе работиш, денот кога ќе снема работа може многу лесно да те поздрават (е сеа затоа и даваат солидни суми, ама пак ќе си под стрес да се најде проект постојано).[DOUBLEPOST=1551918720][/DOUBLEPOST]
Здраво. Ме интересира дали е потребно факултет за да се биде добра програмер или е доволно и само 6 месечен курс со 3 месеци пракса и веднаш работа? Зошто 4 години да се оди на факултет?
Зависи од твојата желба и посветеност, не е работата само ајде ќе станам програмер оти има пари во тоа, прашањето е дали навистина имаш желба да работиш со тоа и дали си спремен да се вложиш 100% во тоа за да научиш.
Најмногу мразам луѓе од било која област што се запишале на факултет колку да имаат пусулче во џеб. Треба да осетите љубов и пасија кон она што сте го одбрале како професија, рачунај дека она што ќе го одбериш како професија ќе треба да го работиш во следните 40 години се додека не се пензионираш, толку време здосадува да се живее ако не си најдеш цел, а не пак да работиш.
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.105
Поени од реакции
17.898
Предложи му на некој со високо образование од оваа област да работи за 25,28 000 плата, да видиш каков одговор ќе добиеш..
:pos:

Колку души со факултет работат за 300 еур оти врска немаат од програмирање ...
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
:pos:

Колку души со факултет работат за 300 еур оти врска немаат од програмирање ...
Правам муабет за квалитет, човек што ја разбира суштината и знае што сака да биди. Не правам муабет за тезгерина што завршуваат колку да имаат диплома, без тронка вложен труд.
Факт е дека факултетот те гради како човек, стекнуваш навики за целиот живот, имаш пошироки погледи кон светот, и башка учиш различни области од ИТ, што може многу да ти помогнат во иднина. Не е залудно 4 годишно студирање.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.105
Поени од реакции
17.898
Правам муабет за квалитет, човек што ја разбира суштината и знае што сака да биди. Не правам муабет за тезгерина што завршуваат колку да имаат диплома, без тронка вложен труд.
Факт е дека факултетот те гради како човек, стекнуваш навики за целиот живот, имаш пошироки погледи кон светот, и башка учиш различни области од ИТ, што може многу да ти помогнат во иднина. Не е залудно 4 годишно студирање.
Слушај батка, го кажав ова во една друга тема, ај пак да го кажам, програмирањето е талент исто како музика и сликање, ако ја имаш дарбата тогаш не ти треба ни факултет ни бутур.

Најдобрите програмери што ги познавам не завршија факултет.

Факултет ти треба ако не те бива за програмирање, па ќе мора некаде да се вработиш каде бараат диплома.

Еве ја темата
https://forum.kajgana.com/threads/Мала-помош-за-влез-во-програмирање.90314/

Се што кажав тогаш уште држи вода, и ако детево ме послуша тогаш, сега веќе заработува.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
153
Поени од реакции
33
Слушај батка, го кажав ова во една друга тема, ај пак да го кажам, програмирањето е талент исто како музика и сликање, ако ја имаш дарбата тогаш не ти треба ни факултет ни бутур.
Потполно се согласувам, ако имаш доволно дарба за програмирање можиш да почниш со основни онлајн курсеви за програмирање(Јава на пример ако сакаш бекенд програмирање) или HTML и CSS ако сакаш фронтенд програмирање.

Јас бев на курс за програмирање со претходно стекнато основно познавање од програмирање на факултет и од онлајн туторијали. Во мојата група имаше уште 7 дечки кои немаа никаква допирна точка со програмирање претходно. Резултатот, 4 години подоцна само јас имам редовна работа како програмер.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom