ФАКУЛТЕТ или КУРС за ДОБАР ПРОГРАМЕР?

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.125
Поени од реакции
17.913
Би сакал и јас да добијам мислење,совет на оваа тема...
Имам 34 години,наставник по македонски јазик,заглавен во основно(со можност да бидат намалени паралелките или целосно затворено),плата 18к,итн,итн.

Да не навлегувам многу во лични мотиви,меѓутоа сериозно размислувам за прекфалификација на стари години.
Веќе имам двајца другари кои го поминаа тој пат,почнаа со јава,на пракса со поголема плата од мојата!
Го терам удеми и “Хед фирст инто јава” од книгите.Претходно познавање од програмирање нула.Сега за сега мислам дека ми оди логиката и учењето,ама сеуште рано да се каже со сигурност.
За разлика од тоа што го чув од другар мој дека му даваат 400€ да “учи” андроид со базични претходни знаења на јава... И ова што го читам на темава,а ја прочитав цела! Прилично обесхрабрувачки и мрачно ми делува како го опишавте влегувањето во тој свет.
Грешка сум за ова или не?
Многу зависи од тоа колку ти е делено за програмирање, можи да ти биде песна, а може да ти биде сизифов труд ...

Инаку еве бајги детално истражување на темава за ИТ секторот во државава, што се бара, што е платено, итн

https://www.it.mk/mapiranje-na-it-industrijata-vo-mk-en/
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557

Од твое гледиште реални се бројките или како и со многу работи има многу фалење и подлажнување?
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.125
Поени од реакции
17.913
Од твое гледиште реални се бројките или како и со многу работи има многу фалење и подлажнување?
Што знам да ти кажам, слушам некој цени вака од луѓе што работат ми изгледа реално.

Инаку јас сум фреленсер целосно и сум си сам свој газда.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Што знам да ти кажам, слушам некој цени вака од луѓе што работат ми изгледа реално.

Инаку јас сум фреленсер целосно и сум си сам свој газда.
Не знам, јас имам слушнато вакви цифри, ама не баш во сите фирми, особено не фирми што имаат македонски газди, а познавам и такви што се во тој највисокиот ранг ама со по 10тина години искуство и прилично интелигентни дечки кои не верувам дека се толку многу распространети за вакви просеци.
Искрено јас малку се сомневам дека сите реално си пишале, ми изгледа како малку на фалење и тресење од ракав на одредени цифри, а ако е ваква работата испаѓа дека просечнава плата се дига од пратениците, директорите, програмерите и докторите во приватните клиники, па уште троа од јавната администрација и се останато трпи за леб.
Во нормално општество овие бројки треба да ги објавува државата секое тромесечие за сите области, ама во вакво ненормално како нашето сите резултати се сведени на штимање и секој да си ги толкува како му одговара.
 
Да ти кажам 2000 еур за lead developer и 1500еур за senior, се дури и ниски по мое мислење и најверојатно просекот потекнува од фирмите со македонски газди.

Ама од друга страна кога ќе видам кој се е senior и lead девелопер-и, се си мислам дури и многу му се :)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516

Ги објавува.[DOUBLEPOST=1560807042][/DOUBLEPOST]

Фирмите со македонски газди имаат толку намален pool за влечење вработени што во последно време почнаа да нудат за 10-20% повисоки плати од странските.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Да ти кажам 2000 еур за lead developer и 1500еур за senior, се дури и ниски по мое мислење и најверојатно просекот потекнува од фирмите со македонски газди.

Ама од друга страна кога ќе видам кој се е senior и lead девелопер-и, се си мислам дури и многу му се :)
Како беше она, прв на село, последен во град :) во фирмички каде има слаба конкуренција сите со по 3 години се чукаат по гради и се кажуваат како сениори. Се е во однос на референтната точка по која се врши класификацијата.[DOUBLEPOST=1560807852][/DOUBLEPOST]
Ги објавува.[DOUBLEPOST=1560807042][/DOUBLEPOST]
Фирмите со македонски газди имаат толку намален pool за влечење вработени што во последно време почнаа да нудат за 10-20% повисоки плати од странските.
Демек реални? Или по барање на владата и министрите :)
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.125
Поени од реакции
17.913
Како беше она, прв на село, последен во град :) во фирмички каде има слаба конкуренција сите со по 3 години се чукаат по гради и се кажуваат како сениори. Се е во однос на референтната точка по која се врши класификацијата.[DOUBLEPOST=1560807852][/DOUBLEPOST]
Демек реални? Или по барање на владата и министрите :)
Море тој тренд го гледам во поголемиве фирми, во помаливе и мора да бидат поарни девелоперите оти се двајца без тројца и најчесто се типови на луѓе кои не трпат многу авторитет, па поарно му е и со помала плата ама сакаат голема слобода.

Во големиве фирми гледам како се расфрлаат со титули па туку се префрлаат од една во друга фирма, а реално му треба уште сомуни да изедат.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Како беше она, прв на село, последен во град :) во фирмички каде има слаба конкуренција сите со по 3 години се чукаат по гради и се кажуваат како сениори. Се е во однос на референтната точка по која се врши класификацијата.[DOUBLEPOST=1560807852][/DOUBLEPOST]
Демек реални? Или по барање на владата и министрите :)
Реални се, да, од мое и искуство на мојата околина дури и малце ниски. Зборам и за наши, и за странски фирми. Три години за “сениор“ (ако те бива) е стандард и во наши и во странски фирми, таков е пазарот.
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
602
Поени од реакции
487
Ме интересира, ако може некој да го пренесе личното искуството од курсевите за програмирање, првенствено во Семос, Сивус и Бреинстер. Колку сте биле во група, колку се откажале од курсот. Дали успеавте нешто да научите? Општо, колку сте задоволни?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.366
Поени од реакции
38.343

не можеш да ги споредиш првите две со бреинстер, семос и сивус ти се исто ко факултет да учиш у скратена постапка со предавања испити ово оно, а бреинстер од ова што сум видел има некои предавања и сите среќни се сликаат со дипломите.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Ме интересира, ако може некој да го пренесе личното искуството од курсевите за програмирање, првенствено во Семос, Сивус и Бреинстер. Колку сте биле во група, колку се откажале од курсот. Дали успеавте нешто да научите? Општо, колку сте задоволни?
Програмирање не се учи за 6 месеци ни во Семос, Сивус, Бреинстер ни пак на ФИНКИ во тие 4 години само од предавањата. За да бидеш добар програмер си бара многу саати пред компјутер, фокусиран на тоа што го правиш и буквално да почнеш да го живееш тој свет, ниеден факултет ниту академија нема да те научи се што треба да знаеш ниту пак комплетна синтакса и финти во било кој програмски јазик.

Од мене насоки, земи седни прво научи ги основите на некој од сајтовите на нет, имаш готови курсеви за пари (udemy.com, coursera.com, edx...истиве се наоѓаат по торенти особено на руските сајтови) или за без пари (freecodecamp.org, theodinproject.com, w3schools, codeacademy), плус објектно ориентирано програмирање ќе си ѕирнеш некое книжуле, имаш милион за без пари и по торенти.

После тоа лека полека ќе си почнеш да копираш сајтови, т.е види некој сајт кој ќе ти се допадне и пробај да го изработиш самиот, или пак твоја идеја пробај да ја изработиш до перфекција во тоа што си го научил.

Ако веќе одиш со веб моја препорака да одиш со javascript, или да одиш со .NET, барем од огласи најмногу ги бараат, евентуално иднина има и во пајтон и е доста лесен за почетници, a python + django бркаат работа и за веб.
Бази задолжително да усовршиш SQL синтакса, а за која база ќе ја користиш ќе си видиш според потребите (MSSQL, MySQL, PostgreSQL (моето омилено), Oracle), плус гратис NoSQL бази - MongoDB.

Ако сакаш да развиваш мобилни апликации, опција еден која е поретка и за нијанса мислам дека потешка за почетник Swift и да се насочиш на IOS, или Јава и Котлин за на Андроид. И со javascript или xamarin може да дотераш некоја мобилна да си работи ок на телефон, али за похардкор апликации тешко да функционираш со нив.

Трета опција што е актуелно сега ти се работа со big data и cloud, имам другар што работеше со ова во мкд и беше солидно платен.

Е сега колку ќе научиш со академииве зависи најмногу од тебе, колку ќе поминиш време да го вежбаш тоа што го учиш дома, колку ти фаќа главата и кои ќе ти бидат очекувањата, ако очекуваш дека ќе завршиш академија и ќе најдеш одма работа со 500-600 евра плата малку потешко, да не речам невозможно. Најчесто и после факултет и после тие академиите се почнува со пракса (платена до кај 200евра макс, или за без пари, 3-6 месеци), па после ти даваат некоја си апла почетничка џуниор плата просек 300-400 евра и како ќе се покажуваш и ќе учиш ќе одиш нагоре. Кај програмерите од искуство ти кажувам тешки се првите 2 години, ако во нив се посветиш 10000% и стекнеш знаење, веќе после тоа ќе може да преговараш за тие суми што ги слушаш меѓу народот.
 
мора да идеш на академија некоја или на финки, ако немаш папир ко партал те глеа у фирма. Дури и да те земе некој најглупите ствари ќе ги работиш.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
мора да идеш на академија некоја или на финки, ако немаш папир ко партал те глеа у фирма. Дури и да те земе некој најглупите ствари ќе ги работиш.
Ако немаш знаење и три факултети да имаш пак ќе работиш глупи работи, еден од најдобрите програмери што ги знам никогаш не го дозаврши финки, па еве го сега до Холандија догура и е сениор за 6то цифрена бројка на годишно ниво.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.366
Поени од реакции
38.343
Ако немаш знаење и три факултети да имаш пак ќе работиш глупи работи, еден од најдобрите програмери што ги знам никогаш не го дозаврши финки, па еве го сега до Холандија догура и е сениор за 6то цифрена бројка на годишно ниво.
пробај знај ќе те видам што ќе направиш :pos: папирот ти е клуч до интервју, ако немаш папир или индекс од финки си ништо. Секој има по некој таков другар што матер ебава без ништо успева, а како успеал само он знае. Со ова сакам да ти кажам дека со други очи те гледаат кога имаш тоа што пишав, иако не си некој компетитивен, ти пружаат шанса/пракса, а ако доаѓаш од друга струка си како натрапник некој и ништо више = имаат предрасуди кон тебе и твоето знаење. Некој бот од финки што не знае што е ХТМЛ има предност пред тебе, иако ти си навел милион технологии и проекти у сиви и си го создал новиот фејзбук, ботот е секогаш пред тебе.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom