Кој авантури ги имам после станување...барањето на едната чорапа , кога го барам мобилниот кој сум го фрлил при станување (оти ме нервирал алармот) , одењето до ВЦ по ладните плочки (кој пополека ме расонуваат) , глетката која ме нервира (кога брат ми безгрижно си спие и нема никакви обврски) , и мочањето .
Бидејќи сум во период на распуст можам без проблем да си поспијам до покасно, а инаку секој ден се разбудувам различно. Некогаш со насмевка на лице а некои утра намуртена и нерасположена како со некој да сум се “тепала“ во сонот :pos2: Ако денот ми почне со кавга тогаш така и ќе си продолжи се додека не легнам пак да спијам.
Ретко нешто да не поднесувам повеќе од станување на сабајле. И после толку години школо, факултет и работа не можам да се навикнам. Претпоставувам ради клаберскиот живот и слично има некој неврон што не ми дава да заспијам пред 1 сабајле колку и да не сум спиен. За мене денот почнува од 10. А сум приметил на пример и дека ако малку сум отспал претходната вечер на пример 3 саата понаспан сум ако тие 3 саата сум ги спиел од 7 до 10 него ли од 4 до 7 на пример.
А практикувам и еден трик што ми го кажаа. Навиј го саатот еден час унапред. Пример ако треба да се стане во 7 се навива саатот во 6 да те разбуди па после се пренавива за до 7 да отспиеш уште еден саат. Или има некој плацебо ефект или стварно функционира барем за мене, по онаа некоја ваљда логика дека покрај количински колку саати си спиел, битно е и во која фаза на спиењето си се разбудил па врз база на тоа ќе се осеќаш понаспан или поненаспан. Гледам обавезно пред да легнам да мочам макар и на сила оти едно од погадните чувства е на сред сон итно бешиката да ти прати СМС. Гледам собата да е мрачна со идеална ни претопла ни преладна температура и без никаков извор на светло и звук.
Па после сите ритуали и рецепти што ги правам за ублажување на ѕвонењето на мобилниот од сабајле, самите заклучете си какво ми е утринското расположение.
Стануваш сабајле и сфаќаш дека немаш кафе дома. Молиш саат време некој да оди да купи, на крај се убедуваш уше саат време ти да одиш до продавница и тек по три саати денот ти почнал.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.