Во секој од тебе синко, живеат бел и црн волк. Белиот е оптимизмот, надежта, вербата, храброста, мирот, радоста, искреноста, љубезноста...
Црниот - злобата, зависта, песимизмот, каењето, тагата, самосожалувањето...
- Кој од нив ќе победи дедо?
Оној што ќе го храниш!
Е така, секое утро имаме избор за нашиот светоглед. Од едната страна на наткасната се розовите, од другата црните очила. Оние што сакаат нешто да сменат во денот кој им претстои, наутро ги ставаат оптимистичките очила. Оние што само сакаат да се „шмугнат“ низ денот, конформистички како и половина свет, не се ниту важни.
Секое утро се будам без мака и со желба да го зграпчам денот и сите позитивни детали од него
.