Абе во ред тоа сфаќам. Еве и Македонија да биде во иста ситуација нормално би ја одобрил ваквата игра ама донекаде. Ама нели со НАПАД се игра фудбалот? Нели целта на фудбалот е да ДАДЕШ ГОЛ. Пеналите не се најдобро мерило за тоа кој е подобар. Затоа јас си ја сакам Холандија. Филозофијата е да дадеш гол повеќе од противникот. Не може многу погрешно да е ова. Среќата ги следи храбрите. Сигурно нема да дадеш 2-3 гола ако дремиш во твојот 16-ник.
Да, за гледачите поубав фудбал е да гледаат многу голови, ама за тимовите и тренерите, НЕ. Поготово тренерите повеќе сакаат коа е рез 1-0 него ли да е 3-2 или повеќе.
И овие сакаат да дадат гол, кој вика дека нејќат? ама они чекаат грешка, некој слободен, пенал, контра, нема туку така да играат отворен фудбал, поготово кога се работи како сеа за влез во 1/2 финале.