Уругвај-Гана 1/4 финале 2 јули

  • Креатор на темата Креатор на темата *phoenix*
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е вашиот фаворит?

  • Вкупно гласачи
    44
  • Гласањето е завршено на .
Ќе навивам за Гана денес. Скоро секогаш навивам за послабите, а причина плус ми е и што Уругвај делумног го елиминираше мексико, па мора да навивам против нив, иако ако се пласираат понатаму би сакал да стигнат што подалеку. Сепак посакувам конечно и една Африканска селекција да настапува во едно полуфинале, па стискам палци за гана. Реално, Уругвај е подобар и лесно може да стигне до победа, но ништо не се знае.
 
Ќе навивам за Гана вечерва. Мило ми е тоа што (барем) една екипа од Африка стигна до 1/4, ааа уште подобро би било ако истата влезе и во 1/2 и игра за првите 4 места :) . Милован со левата фаца ми е посебно симпа .. Само + повеќе за Гана ххххх
 
Ќе се пее за Уругвај.
 
Гана со четири или пет повредени играчи

„Имаме четири или пет повредени фудбалери. По дуелот со САД главен проблем е да ги пронајдеме здравите фудбалери. Ќе чекам до самиот крај за да го определам почетниот состав.“ - изјави српскиот стратег на клупата на Гана.

Ќе биде тешко штом е така против Уругвај, но мислам дека храбро ќе се борат до крај, ништо не се знае.
 
Уругвај ќе победи минимално со 1-0 или 2-1 :)
 
Најцрниот од црните.:pos:
Браво, супер гол.
 
Форлан 1:1.

Ќе биде јако до крај...може и до пенали да се иде...
 
Да ти ебам глупата утакмица и глупите екипи. Па овие на заслужуваат ни вечерен термин да им дадеш да играат. Се само да се тактизирало, да се праело фаули, ако може да се даде гол од некој прекин арно ако не ќе чекаме да си дадат другите автогол. Ако ме прашувате мене ни една од двете екипи не заслужува да игра во полуфинале. Нека ги избркаат овие и нека играат пак Бразил-Холандија ама во 1/2. И сега на пенали Гана ќе се пласира. И капак на се 2-ка ја имав, водеа ама си примија гол.....еее....така остана 1-от од Холандија (3.20) неискористен.
 
Штета што не ги сваќаш или се правиш наудрен?! Вакво нешто маливе репрезентации неможат да си дозволат на секое Светско како Аргентина, Бразил, Германија, Италија итн...така да ова им е шанса сеа во полуфинале да влезат, поготово на Гана за прв пат во историја ќе им биде да играат во полуфинале, + многу убави суми се во прашање. Епа сеа види ти колку ќе ризикуваат и двете репрезентации со напаѓачки фудбал:tv:

--- надополнето ---

Уште 15 мин, кај и да е ќе се прцаат:tv:
 
--- надополнето --

Уште 15 мин, кај и да е ќе се прцаат:tv:

Абе во ред тоа сфаќам. Еве и Македонија да биде во иста ситуација нормално би ја одобрил ваквата игра ама донекаде. Ама нели со НАПАД се игра фудбалот? Нели целта на фудбалот е да ДАДЕШ ГОЛ. Пеналите не се најдобро мерило за тоа кој е подобар. Затоа јас си ја сакам Холандија. Филозофијата е да дадеш гол повеќе од противникот. Не може многу погрешно да е ова. Среќата ги следи храбрите. Сигурно нема да дадеш 2-3 гола ако дремиш во твојот 16-ник.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom