Ултрас движењето во Македонија

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Само мало дополнување на погоре објаснетата разлика ....(btw добро објаснето)...
Кај нас има ултраси ,но во многу мал број...
Зборувам за оние вистинските,кои го разбираат поимот УЛТРАС,не оние другите МЕШАНИТЕ:D(шо сами не знаат шо навивачи се):eek:
А хулигани,ВООПШТО НЕМА....!!!
Посебно не во последните години,порано имало,(почеток на 90итете)сега не.........
Денес грото тн ФАЈТЕРИ:D(со секоја чест на ретките исклучоци)си тепаат филмови,ала ИВАН БОГДАНОВ....:tapp:..
А при првата фрка на трибина бегаат со брзина на светлината....:pipi:
 
Член од
19 мај 2010
Мислења
2.124
Поени од реакции
324
Da baras ultrasi vo Makedonija e isto kako da baras voda vo Sahara !!

Kako prvo kako moze da se narekuva edna "grupa" Navivacka grupa koga pred izborite ke izlezat ke se slikuvat so kandidadi za pratenici ?
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.503
Поени од реакции
33.652
Демек, лошо е да си stand-alone навивач, идеш гледаш, навиваш, се полниш адреналин, среќа, тага и си одиш дома? Мора да се учествува во организација, мора да се водиш по нечиј кодекс на однесување, што боја ќе носиш тој ден, кој факел ти ќе го држиш, колку камења да мавнаш ако изгубите. Демек ако си сам, секој со своето е анархија, а демек сите сте под контрола, демек религија е, демек тајно братство, дека не е само фудбалот, дека ултрас ќе ти плати сметкките ако ти дадат отказ овој месец.

Деца, што се фолирате?
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.330
Поени од реакции
27.874
Демек, лошо е да си stand-alone навивач, идеш гледаш, навиваш, се полниш адреналин, среќа, тага и си одиш дома? Мора да се учествува во организација, мора да се водиш по нечиј кодекс на однесување, што боја ќе носиш тој ден, кој факел ти ќе го држиш, колку камења да мавнаш ако изгубите. Демек ако си сам, секој со своето е анархија, а демек сите сте под контрола, демек религија е, демек тајно братство, дека не е само фудбалот, дека ултрас ќе ти плати сметкките ако ти дадат отказ овој месец.

Деца, што се фолирате?
Првиот пост на темава каде што објаснувам прочитај го делот:
Tие што не сакаат и нема да го разберат овој свет.
Како прво, никој не спомна дека е лошо да си stand-alone навивач. Ама ја тој поим не го сваќам, навиваш. Па 30.000 такви да дојдат на градски сите со различни песни ват д фак ? Вака или така дали во навивачка или дали во друга организација секој учествува негде. И самиот ти се водиш по нечиј кодекс на однесување. Боја која сакам носам или некој друг носи, тоа не е никакво правило, освен секко бојата на клубот доколку имаш дрес и сл. Факел ако нејкеш немора да држиш. Камења, ете ти пак вртиш хулиганство наместо ултрас.
--- надополнето: Aug 22, 2011 9:55 AM ---
И едно надополнување, иако не те знам но во глобала за сите важи. Знаеш како викаат еднаш зимаш дрога или цигара и цел живот си зависник. Те убедувам колку сакаш негирај само 3 пати дојди на стадион(со ултраси)тешко дека ќе го имаш ова мислење сеуште и ако навлезеш во овој свет тешко дека ќе излезеш.
 
Член од
27 август 2009
Мислења
899
Поени од реакции
158
Кој вели дека кај нас има најмалку ултраси на балканот?Очигледно никој од вас не знае колку ултраси има на фејсбук во Охрид,Дојран...(во овие 2 града пола од туристите се ултраси)...ахх тој интернет ни даде многу опции,али ги уништи правите вредности...како на навивањето така и на мн други работи.
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
1.043
Поени од реакции
2.713
Првиот дел од законот тука

Член 10



Кога околностите при спортските натпревари со зголемен ризик укажуваат на можност од појава на насилство и недостојно однесување, организаторот е должен да:
- го извести веднаш, а најдоцна во рок од 48 часа пред почетокот на спортскиот натпревар, Министерството за внатрешни работи и другите надлежни органи, спортските организации, како и спортистите кои учествуваат во спортскиот натпревар;
- одреди одговорно лице кое ќе раководи со спроведувањето на мерките за спречување на насилното и недостојното однесување на гледачите и за соработка со Министерството за внатрешни работи;
- достави до Министерството за внатрешни работи план за превентивно дејствување и организација на спортскиот натпревар и план за евакуација во случај на итност,
- оствари соработка со претставниците на клубовите на навивачите, заради давање помош при одржувањето на редот на спортскиот натпревар;
- оствари соработка со Министерството за внатрешни работи заради постапување по насоките кои се однесуваат на обезбедување на јавниот ред и мир на спортскиот натпревар;
- обезбеди пред спортскиот објект раздвојување и упатување на противничките групи навивачи кон посебните влезови;
- обезбеди одвојување на домашните и гостинските навивачи во гледалиштето;
- пушти во продажба влезници во зависност од капацитетот на спортскиот објект;
- обезбеди на денот на одржувањето на спортскиот натпревар продажбата на влезниците да се врши на посебни продажни места надвор од спортскиот објект;
- обезбеди техничка опрема за следење и снимање на однесувањето на гледачите;
- обезбеди просторија за укажување итна медицинска помош и
- обезбеди простор за безбедно сместување на превозните средства на гостинскиот клуб.
Условите од ставот 1 на овој член е должен да ги исполни и организаторот на другите спортски натпревари, освен условите утврдени во алинеите 6, 7 и 9.
Член 11

Гостинскиот спортски клуб кој учествува на натпревар со зголемен ризик е должен да:
- го извести организаторот на спортскиот натпревар најдоцна три дена пред организираното поаѓање, за сите елементи битни за клубот и неговите навивачи и
- преземе и други потребни мерки клубот и неговите навивачи да не бидат причина за предизвикување на насилство и недостојно да се однесуваат на спортскиот натпревар.
Член 12
Министерството за внатрешни работи за време на одржувањето на спортските натпревари со зголемен ризик ги презема сите потребни мерки за спречување на насилство и недостојно однесување на сите учесници.
Министерството за внатрешни работи најмалку 24 часа пред почетокот на спортскиот натпревар со зголемен ризик врши увид во смисла дали организаторот ги презел потребните мерки кои се однесуваат за спречување насилство и недостојно однесување на учесниците и доколку записнички констатира одредени недостатоци на организаторот му дава насоки за нивно отстранување.
II-а. КАЗНЕНА ОДРЕДБА
Член 12-а
Насилничко однесување на спортски натпревар
Тој којшто со намера да врши насилство влезе на спортскиот терен или со влез на спортскиот терен предизвика насилство, физички ги нападне учесниците на спортскиот натпревар, внесе во спортскиот објект или фрла на спортскиот терен или меѓу гледачите предмети, пиротехнички средства или други експлозивни, запаливи супстанци и предизвика телесни повреди и го загрози животот или здравјето на учесниците на спортскиот натпревар или учествува во тепачка на спортскиот натпревар ќе се казни со затвор од три месеци до една година.
Тој којшто во група ќе го изврши кривичното дело од ставот 1 на овој член ќе се казни со затвор од шест месеци до три години.
Организаторот на групата која ќе го изврши кривичното дело од ставот 1 на овој член ќе се казни со затвор од една до пет години.
III ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ
Член 13
Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на физичко лице, доколку постапи во спротивност со одредбите од членот 3 став 1 алинеи 1 и 2 од овој закон.
Глоба во износ од 550 до 750 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на физичко лице, доколку постапи во спротивност со одредбите од членот 3 став 1 алинеи 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12 и 13 од овој закон.
Глоба во износ од 600 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на физичкото лице од членот 3 став 2 од овој закон, доколку постапи во спротивност со одредбите од членот 3 став 1 од овој закон.
Член 14

Глоба во износ од 1.500 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на организаторот на спортскиот натпревар, ако:
- не преземе мерки за сузбивање и спречување на насилство и недостојно однесување на спортскиот натпревар (член 4 став 1);
- не соработува со надлежните органи и не обезбеди доволен број редари (член 4 став 2);
- не обезбеди доволен број редари, не основа редарска служба и не ги изврши работите (член 5 став 1 и член 7);
- не соработува со Министерството за внатрешни работи и не обезбеди присуство на служба за медицинска помош и на други надлежни органи и организации и јавни служби (член 8 ) и
- не постапи согласно со членот 10 на овој закон.
Глоба во износ од 600 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице на организаторот за прекршокот од ставот 1 на овој член.
Член 14-а
Глоба во износ од 600 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на организаторот на спортскиот натпревар ако не постапи согласно со насоките на Министерството за внатрешни работи и не ги отстрани констатираните недостатоци (член 12 став 2).
Член 15
Глоба во износ од 1.500 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на спортскиот клуб, ако во рок од три дена не го извести организаторот на спортскиот натпревар и не ги преземе потребните мерки согласно со членот 11 на овој закон.
Глоба во износ од 600 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице на спортскиот клуб за прекршокот од ставот 1 на овој член.
Член 15-а
За прекршоците утврдени во членовите 13, 14, 14-а и 15 од овој закон униформираниот полициски службеник е должен на сторителот на прекршокот да му предложи постапка за порамнување пред да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка.
Кога сторителот на прекршокот е согласен за поведување на постапка за порамнување униформираниот полициски службеник составува записник во кој се забележуваат битните елементи на дејствието од кое произлегува правното обележје на прекршокот, времето, местото и начинот на сторување на прекршокот, описот на дејствието и лицата затекнати на самото место.
Униформираниот полициски службеник во постапката за порамнување на сторителот на прекршокот му издава платен налог.
Висината на износот во платниот налог изнесува половина од минимум утврдениот износ на глоба за прекршоците утврдени во членовите 13,14 ,14-а и 15 од овој закон.
Доколку сторителот на прекршокот го прими платниот налог е должен истиот да го потпише. Примањето на платниот налог од сторителот на прекршокот се забележува во записникот.
Кога како сторител на прекршок се јавува правно лице записникот и платниот налог го потпишува службеното, односно одговорното лице кое се нашло на самото место.
Во случај кога сторителот на прекршокот не е согласен за поведување на постапка за порамнување, униформираниот полициски службеник поднесува барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд, односно комисија нa Министерството за внатрешни работи за водење на прекршочна постапка.
Униформираните полициски службеници се должни да водат евиденција за покренатите постапки за порамнување и за нивниот исход.
Во евиденцијата од ставот 8 на овој член се собираат, обработуваат и чуваат следниве лични податоци: име и презиме на сторителот на прекршокот, датум и место на раѓање, живеалиште, односно престојувалиште, вид на прекршокот, број на платниот налог кој му се издава и исходот од постапката.
Униформираните полициски службеници се должни личните податоци од ставот 9 на овој член да ги обработуваат и евиденцијата и да ги водат согласно со прописите за заштита на личните податоци.
Личните податоци од ставот 9 на овој член се чуваат пет години од денот на внесувањето во евиденцијата.
Член 15-б
За прекршоците предвидени со одредбите од членот 3 став 1 алинеи 1 и 2 од овој закон прекршочната постапка ја води комисија нa Министерството за внатрешни работи.
Комисијата од ставот 1 на овој член е составена од претседател на комисијата и два члена.
Претседателот на комисијата е дипломиран правник сo положен правосуден испит и работно искуство од најмалку шест години на предметната материја, а членовите на комисијата имаат завршено високо образование и работно искуство од најмалку четири години на предметната материја.
Член 16
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.

ЗА МНОГУ ГОДИНИ НЕКА НИ Е !
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.650
Поени од реакции
9.855
Затвор за учество во тепачка ?

Па овие не се нормални бе:tapp:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Да погодам, ова селективно ќе важи?
 
П

Паспарту

Гостин
Да погодам, ова селективно ќе важи?
Затвор за тебе! Како смееш вакво прашање да поставиш, дали знаеш дека ќе навредиш цело едно малцинство со овој збор - СЕЛЕКТИВНО?

Иначе вака држава се прави, оние што испраа милијарди и што го ограбија народов се на слобода и водечки места, а децава за тепачка ќе ги праќаат во затвор, ех моја Македонијо...
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.130
Поени од реакции
4.822
Ми се допаѓа овој закон, кога е донесен и зошто не се применува сеуште?
Или како и секогаш законите ги донесуваат , не за да важат за сите , туку за да ги казнат тие што не им се по нивен вкус.
Знаете, кога ќе им затреба некогаш за да покажат заби.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.127
Поени од реакции
35.089
Тој што не е ултрас, неможе да ја свати разликата меѓу ултрас и хулиган, макар му објасниш 100 пати. Ултрас го бодри својот тим 90 минути, и никогаш не престанува. Битката на трибината се состои во тоа, да се посрамоти противничката група со тоа што ќе се извади подобра парола, или појака кореографија.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.330
Поени од реакции
27.874
Ќе го поддржам законов ама најискрено, секако доколку прво се спроведе во Тетово, барем да бидеме рамноправни...
 

B92

Член од
14 октомври 2011
Мислења
331
Поени од реакции
129
Ќе го поддржам законов ама најискрено, секако доколку прво се спроведе во Тетово, барем да бидеме рамноправни...
Дај не блефирај многу! Само еднаш беа нападнати 2 фудбалери на Охрид ! Исто така фрлање на предмети во теренот само со тетекс ( каде судијата не уништи ) ! Потоа утакмиците биле се ОК!

А ти што не спомнеш тие напади кон нашата управа ( вардар-Шкендија ) , на тие на тетекс што сакат да палат албанско знаме ( за да дојде до инцидент , солзавци ) , што не спомнуваш различни тепачки во кошарка , или напад кон судијата во Прилеп КАДЕ ИМАШЕ ПРЕКИН!

Имате комплекси од тетово !
 
Член од
6 септември 2009
Мислења
2.553
Поени од реакции
841
Ауууу што кажа сеа, само еднаш нападнати ? Тоа кажуј на некој друг.

Тепани фудбалери на МЃП пред 3-4 години, после пак фудбалер на Македонија беше нападнат и доби потрес на мозок, неслужбени лица у соблекувални. Имаше казни за тоа ?

на тие на тетекс што сакат да палат албанско знаме
Значи сакале, ама не го запалиле. А симнато државно знаме у Кичево, од ваша страна, чисто за потсетување. Плус, сега на последното дерби, корео за убиен човек ? Што правиме со тоа ?

Иначе, овој закон не веруем да успее, затоа што знаеме како се спроведувале до сега законите ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom