Ултрас движењето во Македонија

Дискусија во форумот 'Навивачки групи' започната од Комита Ултрас, 16 август 2011.

  1. Комита Ултрас

    Комита Ултрас Ултрас Модератор

    Член од:
    4 јуни 2009
    Мислења:
    8.310
    Допаѓања:
    12.535
    Ултрас нема име, само добрите пријатели го познаваат. Ултрас нема лице, многу пати капата му ја покрива главата, шалот устата. Ултрас не се облака како останатите, не прати мода, не сака новитети. Кога шета по улица, нема обележја од својата екипа, он е препознатлив. Ултрас напаѓа ако е нападнат, помага кога е тоа потребно, не престанува да биде ултрас кога ке го симне шалот и ке се врати дома, туку се бори 7 дена неделно.

    Искусниот ултрас дава пример на помладиот, младиот има респект према постариот. Младиот ултрас е горд додека стои покрај поискусниот, учи од критиките на постариот и поцрвенува кога овој ке му пружи рака. Кога обичните луѓе го гледаат ултрасот, не го разбираат, а он нејке да биде разбирлив, не сака да ги објаснува своите идеали. Секој ултрас е различен: постојат некои кои носат обележја на групата или клубот и некои кои никогаш во животот немале такво нешто; постојат некои кои одат само со својата група и други кои се индивидуалци и кои самите се своја група.

    Ултрасите се различни, но ги спојува љубовта према својот клуб, упорноста во стоењето 90мин на нозе на дожд или ладно, го спојува топлината која ги грее додека пеат со цел глас, додека спијат во полу-пијана состојба во воз кој ги носи на гостување, ги спојува еден сендвич кој ке го поделат четворица после многу саати гладување, ги спојува една поделена цигара, ги спојува нервозата околу резервниот напаѓач кој промашил пенал, ги спојува еден поглед, еден идеал, еден единствен менталитет.

    Сите ствари кои нас меѓусебно не спојуваат, во исто време нас не двојат од останатиот свет: од загризени родители, од запрепастени роднини, од уплашени школски или колеги од работа, и од нетолерантни професори или шефови. Ултрас е излез, изненадување кое ти ја краде насмевката кога сваќаш дека си се извлекол за педа. Ултрас е рака која те внесува во возот кој веќе трга. Ултрас не е вандализам или насилство без причина, туку упорна одбрана, еден начин на живот, кој паднал во криза од социјални проблеми, поради глупата телевизија, поради дискотеката која привлекува се повеќе млади, а највеќе поради НЕОПРАВДАНА РЕПРЕСИЈА.

    Да бидеш ултрас е се ова и многу повеќе, емоција и страст која неможе да се објасни со зборови на луѓе кои не сакаат тоа да го сватат, и кои секако попрво едноставно би ја свртеле главата и би продужиле да живеат позади едно стакло, луѓе кои никогаш немале муда да скршат стакло и влезат во нашиот свет.

    Ултрас движењето е име дадено за организираните навивачки групи на спортските екипи (претежно европските) и фудбалските тимови. Се појавува во Италија во текот на доцните шеесети.

    Ултрас групите се доста бројни и доаѓаат од сите краеви, т.е. на нашки кажано се делат на подгрупи, според политичкото размислување, локацијата т.е. населбата или пак на пријателска база. Материјалите што Ултрасите ги користат се скоро исти почнувајќи од транспаренти, бајраци, мотки, застави, шалови, капи, дуксери и слично со симболи од навивачката група на која што Ултрасот припаѓа.
    Ултрас култура сепак постој, постојат и правила кои многу од навивачките групи кај нас не ги почитуваат.
    Срцевината на ултрас менталитетот ја сочинуваат четири елементи:
    • Никогаш не престануваме да пееме во текот на целиот натпревар без оглед на резултатот
    • Никогаш не седиме за време на натпреварот
    • Следиме што е можно повеќе натпревари без оглед на цената и далечината
    • Лојалност на трибината каде што сме лоцирани.

    Можеби најзначајниот дел е т.н. звучна поддршка. Секоја група има поголем број на скандирања за својот клуб, за играчите, за разни настани и нормално за противничките групи. Мелодијата често се зема од некоја популарна музика, а некои песни или скандирања се копираат од другите групи со менување на имињата.
    Пред големите натпревари, секако се спремаат кореографии кои ќе бидат прикажани кога екипата ќе влезе на теренот или кога ќе започне натпреварот. Во зависност од финансиските можности, кореографијата може да биде на трибината на која што се наоѓа групата или пак на целиот стадион. За оваа цел групите користат најразлични материјали како: картони, најлони, бабулина, мали знаменца, хартиени ролни и сл. во боите на клубот распоредени според седиштата така што формираат некоја порака или форма.

    Овие кореографии се одлична можност да се прикаже љубовта кон својот тим иако некогаш може да биде планирана со месеци и да биде неуспешна. Многу убав ефект се добива на стадионот со убава кореографија, но за жал навивачкиве групи кај нас не слушнале за поимот Кореографија да не зборам пак за креативност.
    Се почеста е појавата на непријателство на ултрасите кон т.н. модерен фудбал. Тие се противат на стадиони кои што мораат да имаат седишта, натпревари во петок, сабота и понеделник во доцните часови наместо традиционалните неделни натпревари во 3 часот, екстремно скапи билети, играчите се продаваат како “стока на пазар”, се носат играчи кои не го сакаат дресот на својот тим и фудбалот се повеќе и повеќе се комерцијализира.

    Против модерниот фудбал (Contro il Calcio Moderno, Against modern football) е се почеста фраза која верувам многу од вас ја слушнале.
    Фанзините исто така играат значајна улога во целото ова движење. Се почесто се печатат во А5 професионален печатарски формат со добар квалитет и во боја намести црно-бели списанија пишувани на печатарска машина и потоа само пресликувани. Обично секоја група уредува ваков фанзин со информации за наредните натпревари, репортажи, вести и слики. Во Европа најпознат фанзин е италијанскиот SuperTifo, додека во Македонија моментално има само еден Фанзин од Комити кој излага секој 6 месеци (при крај е новиот број) иако порано се печатеа МакТифо и Хаос.
    Ултра групите обично имаат претставници кои зборуваат со газдите на клубовите околу влезните билети, местоположбата и употребата на придружни материјали. Некои клубови им обезбедуваат на групите поефтини билети, место за чување на транспарентите и другите материјали, пристап во стадионот пред натпреварот за подготвување на кореографија и сл.

    Некои од овие односи со клубот се критикувани од обичните фанови кои ги гледаат Ултрасите како создавачи на проблеми кои само им создаваат проблеми на клубовите а тие немааат никаква корист од тоа. Доколку клубот има повеќе ултра групи тогаш некои од нив не се согласуваат со фаворизирањето на една група во однос на друга.

    Многу ултра групи се поврзуваат со политичките движења што доведува до ривалство и соединување меѓу групите само врз политичка основа. Додека некои групи како на пример на Лацио и Реал Мадрид, Irriducibili односно Ultras Sur се познати по честото истакнување на келтскиот крст и свастиката, други групи не се плашат да ги истакнат црвената ѕвезда, чеканот и српот или анархистичките симболи. Сепак постојат и такви групи кои не дозволуваат истакнување на политички симболи на нивните материјали.

    Најголемите ривалства се скоро сите во Италија. Некои од нив настануваат помеѓу клубовите од ист град (Рома – Лацио, Интер – Милан, Сампдорија – Ѓенова, Јувентус – Торино), а некои како резултат на политичка основа како што е Аталанта – Лацио, каде ултра групите на Аталанта се познати како лево ориентирани додека Irriducibili е десно ориентирана. Некои ривалства можат да произлезат и помеѓу групите од истиот клуб, како резултат на борбата за место на трибината и водење на навивањето. Сигурно знаете за што зборувам нешто што го гледаме често на балканот(пр. Партизан – Шкендија тепачка на трибината на Гробари помеѓу подгрупи ( Јанг Бојс и Јужни Фронт против Алкатраз) едноставно се водат битки за превласт на трибините.))
    Ривалството значи офанзивни скандирања, фрази, транспаренти или пораки кон противничките групи кои често знаат да почнат или да завршат со физичка пресметка и крадење на “непријателски” транспаренти. Групата која ќе го изгуби главниот транспарент е понижена и најчесто доаѓа до нејзино расформирање.

    Се надевам дека после толку изнапишано и изџвакано нешто ќе сфатите и дека ќе ви се разбистрат некои мисли за навивачите.

    Секој навивач се дели според културата - Ултрас и Кежуал. Во некоја наредна прилика и за Кежуал културата.
     
    На pixa, qazwsxedc, Pillow Queen и уште 14 други им се допаѓа ова.
  2. old_School_mk

    old_School_mk Информатичар, гејмер, psy-trance слушател

    Член од:
    11 август 2009
    Мислења:
    5.245
    Допаѓања:
    3.412
    Ултрас, кежуал, вакви, онакви, све се тоа едно те исто - ХУЛИГАНИ. И никој не може да ми каже поинаку.
    Прва прилика за провокации, тепачки и фрки - одма ја искористуваат.
     
  3. Комита Ултрас

    Комита Ултрас Ултрас Модератор

    Член од:
    4 јуни 2009
    Мислења:
    8.310
    Допаѓања:
    12.535
    Кога твоето свето нешто некој го навредува како реагираш? Пцуења, адреналин алкохол кога се мешаат биднува и тепачка. Ултрасот битно му е бодрењето. Кежуалецот се преорентирал повеќа на облакањето т.е. модата и договорените тепачки. Провери соседни Србија, Грција, Турција, Хрватска да видиш што е хулиган, а не тука кај нас скршил стакло у автобус и готово на бесилка човекот да иде...
     
    На • Tαммι • му/ѝ се допаѓа ова.
  4. old_School_mk

    old_School_mk Информатичар, гејмер, psy-trance слушател

    Член од:
    11 август 2009
    Мислења:
    5.245
    Допаѓања:
    3.412
    А ти на некој начин "навиваш" за хулиганството од другите земји да се пренесе и кај нас? Ко малку фрки да имало со навивачки групи, па уште и тоа не било хулиганство...
    И далеку од тоа дека кршење стакло е најголемиот проблем. Ми текнува пред години или две, кога на плоштад имаше лизгалиште, и комити ко што се враќале нервозни од утакмица пошто вардар изгубил, земале ги размавале луѓето што се лизгале со камења. Имаше крв насекаде... Зошто? Ти дај ми одговор...
     
    На Beck's му/ѝ се допаѓа ова.
  5. galaxy

    galaxy Гостин

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Јас би се срамел од мојот интелект ако овие слики ме опишуваа и се пронаоѓав во тоа што е напишано во првиот пост.
     
    На wot и Dark King им се допаѓа ова.
  6. Дамјан_Amstaff

    Дамјан_Amstaff Гостин

    Овие се дечки од град кои што не знаат како до го потрошат вишокот енергија па се паламудат....
     
  7. Комита Ултрас

    Комита Ултрас Ултрас Модератор

    Член од:
    4 јуни 2009
    Мислења:
    8.310
    Допаѓања:
    12.535
    А, сепак да прочиташ првиот пост уште 2-3 пати а? Како може дам е убедиш нешто што знам дека не е така каде што сум присуствувал и знам што се дешаваше. Како бе на новинар му верувате ? Кога тој пишува се и сешто за да привлече некој да го купи весникот. Сигурно нема да пише На плоштадот дојде до пресметка помеѓу Комитите и Шверцерите туку уште 300 глупости ќе изнапише за да привлече внимание. Па утре на кајгана ако пишат Александар Македонски споменикот се урна ти ќе поверуваш ? Прво провери дали е точно па после коментирај. Додека не отидеш на плоштад и да го видиш урнат не треба да веруваш исто како и на новинарските лаги.

    Мајка кога ти пцуе некој како реагираш, или нешто што во светот ти значи повеќе од се ? Едно е Ултрас друго е Кежуал трето е Хулиган, ама ретко кој го сфаќа овој свет.
     
    На legend, • Tαммι • и Kire Inter им се допаѓа ова.
  8. ТетексФан

    ТетексФан

    Член од:
    8 април 2007
    Мислења:
    16.034
    Допаѓања:
    9.122
    Толку се разбирате и вие. Има една реченица, ќе ја копирам од постот на Комита Ултрас:
    „Да бидеш ултрас е се ова и многу повеќе, емоција и страст која неможе да се објасни со зборови на луѓе кои не сакаат тоа да го сватат.“

    Или по мое кажано: Кој не осетил како е да бидеш навивач, радоста што ти ја носи секоја утакмица и секој момент додека пееш и го бодриш клубот, никогаш нема да сфати какво е чувството.

    И нема потреба да им (ни) судите за ваквиот начин на живот, ако не ви прае ќејф тргните се настрана и терајте си го својот филм.
     
    На Hell Angel Ghost, pixa, nadez и уште 3 други им се допаѓа ова.
  9. TheTrooper

    TheTrooper Психијатриски случај

    Член од:
    27 април 2009
    Мислења:
    5.754
    Допаѓања:
    4.483
    Лол........бар да беше вистина.
    А и таков инцидент е обична нула во однос на тоа што се случува во другите земји.Кај имаме една од најбедните навивачки сцени имаме и дефинитивно најмалку инциденти,само кај нас се драматизира и се прават паники ко да е тоа најголемиот проблем во државата.Во Сан Марино и Малта има повеќе насилство на трибините од кај нас........
     
  10. RedStarFan

    RedStarFan

    Член од:
    12 декември 2010
    Мислења:
    4.342
    Допаѓања:
    3.748
    Освен во втората, каде што единката е во контакт со полиција, и не знаеме од сликата кој е крив, зошто би се срамел ако си во слика 1 и 3 ?
    --- надополнето: Aug 16, 2011 2:51 PM ---
    Сериозно веруваш во ова ? Аман.
     
    На ТетексФан му/ѝ се допаѓа ова.
  11. old_School_mk

    old_School_mk Информатичар, гејмер, psy-trance слушател

    Член од:
    11 август 2009
    Мислења:
    5.245
    Допаѓања:
    3.412
    Убедете ме дека било другачие.
     
  12. RedStarFan

    RedStarFan

    Член од:
    12 декември 2010
    Мислења:
    4.342
    Допаѓања:
    3.748
    Убеди ме дека не било.
     
  13. Комита Ултрас

    Комита Ултрас Ултрас Модератор

    Член од:
    4 јуни 2009
    Мислења:
    8.310
    Допаѓања:
    12.535
    Убеди ме ти дека така било, ама со докази дека сме ги нападнале онака чисто ради реда, и дека биле обични граѓани а не Шверцери. Еве јас имам веб портал сеа на него ке пишам дека Албанци ја запалија соборна ти ќе веруваш. Свака ти част, капа ти симнувам. Ама убаво ти пишува кој не сака да го сфати овој свет и нема да го сфати...
     
    На nadez и RedStarFan им се допаѓа ова.
  14. CurvaSudMilano

    CurvaSudMilano

    Член од:
    27 јуни 2008
    Мислења:
    9.024
    Допаѓања:
    5.946
    Нема што да се срамиш ....
    Слика 1: Ништо срамно не гледам....кај нас за такво нешто повеќето сонуваат ....
    Слика 2: Испотен под мишка е дечкото што го влечат џандарите :icon_lol:
    Слика 3: Нешто за кое што секоја навивачка група од Македонија може да сонува ...

    Различни сваќања има кај нас за ова тие што го живеат тој живот и што имаат познавања од таа област ќе ти кажат дека ова е сосема нормално,тие што никогаш не биле на утакмица да навиваат ќе ти кажат дека ова се глупости,дека таму горе на трибината се сите наркомани,пијаници,рекетари избркани од дома итн.
     
    На • Tαммι •, RedStarFan и Комита Ултрас им се допаѓа ова.
  15. MrzaRules

    MrzaRules Гостин

    а јас ви се чудам на кого му објаснувате за Ултрас движењето...
     
    На Dimitar171, legend, • Tαммι • и уште 3 други им се допаѓа ова.

Сподели преку: