Тончи зумот намерно го активирав на сите слики што ги ставив тука...Мојов апарат има 5 оптички и 4 мислам дигитален зум...Целта ми е кога ќе го зумирам објектот што сакам да го доловам на сликата, да дојде поизразен и да се види што ми била поентата на сликата да прикажам, а ако фатам широк кадар ќе се гледаат и други објекти...
Иначе вчера бев излезена со еден другар, кој исто како вас многу добро се разбира од фотографија (само него му е хоби тоа)..И ги виде сликиве мои и ми кажа дека треба да разграничам некои работи...На пример ако се ориентирам кон уметнички аспект тогаш е најважна содржината на сликата ( ако сум сакала убави фотки требало да сликам нешто несекојдневно и необично, што ќе биде интересно за тие што ќе ги гледаат...) Ми вика за сликата со црквата као убава е али можда уште 300 души ја фотографирале истата црква и тоа не е оригинално...Ако обрнувам внимание на перформанси на апарат (зумови, пикселажи, објективи итн...) тогаш навлегувам во наука, а не уметност...
Не се сложувам со него за ова затоа што мислам дека овие два аспекти се нераскинливи меѓу себе за да се направи квалитетна фотка...А тоа што јас имам обичен дигиталец, можда и подобро како за почеток дури се научам убаво да сликам и да знам да дадам добар критички осврт на една фотка (било каква)..И на овој ми е тешко да му го проучам опциите, а камоли на некој професионален апарат со 3000 перфоманси на него...Постепено ако ми иде добро, ќе си земам појак апарат...
Иначе многу сакам апарат со статив или трипод (поима немам тоа како се вика точно) за ризикот он ноис на сликата да се сведе на минимум...