Кај мене во Ѓорче, барем во мое маало до Ѓорче 2 е безбедно. За натака не гарантирам. Улиците се потемни, има дофрлувачи, навечер и љубители на брза вожња - мотори, коли.. Затоа избегнувам движење во тој реон.
Во мое маало порано имаше глутници кучиња, но веќе одамна е решен тој проблем. Исто така, сега е многу поорганизирано, особено со полицијата. Водат евиденција за состојбата на уличкиве. Проаѓаат и преку ден и преку ноќ.
Едино, има мангупи од мое маало кои ќе се поднапивнат некогаш и ги превртуваат и палат локалните контејнери, но никаков особен екцес.
Она што ме изненадува е што има 5-то одделенци вклучени во тие хулигански дејствија.
Како им дозволуваат родителите до толку доцна навечер (2.30) да не се приберат дома?
Мене лично ми се нема десено да ме следи некој, ниту пак сум видела некој особено опасен педофил/педер, уатевр.
Излегувам со такси и се враќам со такси, со проверени non-maniac такси компании.
Еднаш со бившиот дечко се враќавме од излегување од кај Дал Фуфо, сите се враќаа впрочем и некаде околу 3:30 еден дечко извика толку силно што сите се разбегаа. Некој човек фати магла од местото, очигледно виновникот.. мислам дека дечкото беше прободен со нож. До него дотрчаа другарите и им велеше да се јават кај некој негов другар, некој извика да повикаат брза помош..
Ние стоевме и чекавме да се расчисти ситуацијата за да си одиме дома.
И да, во Италија за малку избегнав грабеж. Во Милано во пределот пред катедралата стојат продавачи. И ние со водичот одиме кон катедралата кога нигеров ми приоѓа со плетени алки и ми нуди, воедно ми става на рака да ја пробам додека го држам апаратот за фотографирање. Тогаш водичот ме забележа и дотрча кај мене.. "No, no,no!" и нигеров се тргна. Не им е дозволено да продаваат нелегално и полицијата ги брка постојано. А сигурно и за влакно ќе останев без апаратот.