Тоа што го кажуваш овде со болдирано се обележјата на крајна нужда која постои „кога делото е сторено со цел сторителот да отстрани од себе или од друг, истовремена нескриена опасност што на друг
начин не можела да се отстрани, а притоа стореното зло не е поголемо од
злото што се заканувало.“
Крајна нужда не е исто што и нужна одбрана. Тоа се два слични, но сепак различни институти.
А примерот што го кажуваш (со заканата за убиство со пиштол) е класичен пример на нужна одбрана, па затоа врз тој случај не можат да се применат одредбите од членот на кој се повикуваш, а кој се однесува на крајна нужда. Само за илустрација ќе ти наведам еден пример за крајна нужда, па можда ќе ја увидш разликата меѓу нужната одбрана и крајната нужда: се работи за тнр Карнеадесова штица - двајца морнари по бродолом пливаат кон една штица која плута на отворено море. За несреќа, штицата може да ја издржи тежината само на еден од морнарите без да пропадне. Морнарот А пристигнува прв до неа, а морнарот Б заостанува и стигнува втор, знае дека ако тој не се најде на штицата ќе умре, па затоа го истуркува морнарот А од штицата и го завзема неговото место на штицата. Како последица на тоа морнарот А се удавува. Подоцна морнарот Б го спасува тимот на спасители, но нема да му се суди за убиство на морнарот А бидејќи делото го сторил во крајна нужда.