Убиство во самоодбрана, казниво или не?

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Прочитав неколку страни на ова тема и мислам дека имаме закон од едно друго време (СФРЈ) кога криминалот беше поредок и кога политиката беше на некакво заедништво, свест.... и да не се допушти да секој тера правда по свое... како и да е, денес се драстично изменети Денес кражбите се се почести подрски поопасни, на времето памтам кај мојата девојка за нова година (кога немало никој дома) влегле во куќета и украле шо нашле, али на пример не гибнале ништо од оружјето (татко и ловџија имаше снајпер, полуавтоматска сачмара и два пиштоли) обично прателе и влегувале кога нема никој, немаше толку насилства убиства.... криминалците обично беа поознати и ако се десеше нешто лесно ги пронаоѓаа..... едноставно немаше ни потреба ни оа аларми ни од безбол палки и пиштоли по дома. Се сменија ввремињата се сменија условите, треба да се смени и законот да се даде можност секој да си го брани домот и семејството од една страна, а и да се замислат малце арамиите и насилниците околу последиците ако влезе на туѓ имот и посегне по туѓи работи или живот. Да не смеам да фатам врзам или удрам некој кој го затекнувам во спална или детска соба а во рацете мои работи ?!?! Јас да се кријам и бегам од соба во соба од крадецот??!! Не е то во ред.
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
719
Поени од реакции
537
само американски закон: мојот дом е МОЈ,влезеш ли непоканет куршум во чело,па објаснувај после зошто си бил кај мене!!! а тоа дека некој ќе влезе да краде/убие или не знам што,а јас ќе го чекам со кафе во рака...ќе си го прашам :mad:
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Многу гледате филмови. Не е баш така во Америка. Да, смееш да поседуваш пиштол и смееш да го употребиш доколку си нападнат, но си има детална истрага, со реконструкција на настанот и пак можно е да добиеш казна (секако поблага), зависи од околностите.
Пошто да е така, некој тип, ако сака да убие некого, треба само да го повика да му дојде дома, да го испука и да рече ми влезе без дозвола, самоодбрана беше. Не е тоа така едноставно.
Затоа има реконструкции, истраги и слично.
Секако дека ќе реагираш кога твојот живот или животот на блиските е загрозен, ама не е исто реакција од типот на пукање ЕДНАШ во нога, стомак и слично и празнење цел шаржер во грб. Поентата на законите е да се избегне прекумерна употреба на сила и одмаздувања.
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Прочитав неколку страни на ова тема и мислам дека имаме закон од едно друго време (СФРЈ) кога криминалот беше поредок и кога политиката беше на некакво заедништво, свест.... и да не се допушти да секој тера правда по свое... како и да е, денес се драстично изменети Денес кражбите се се почести подрски поопасни, на времето памтам кај мојата девојка за нова година (кога немало никој дома) влегле во куќета и украле шо нашле, али на пример не гибнале ништо од оружјето (татко и ловџија имаше снајпер, полуавтоматска сачмара и два пиштоли) обично прателе и влегувале кога нема никој, немаше толку насилства убиства.... криминалците обично беа поознати и ако се десеше нешто лесно ги пронаоѓаа..... едноставно немаше ни потреба ни оа аларми ни од безбол палки и пиштоли по дома. Се сменија ввремињата се сменија условите, треба да се смени и законот да се даде можност секој да си го брани домот и семејството од една страна, а и да се замислат малце арамиите и насилниците околу последиците ако влезе на туѓ имот и посегне по туѓи работи или живот. Да не смеам да фатам врзам или удрам некој кој го затекнувам во спална или детска соба а во рацете мои работи ?!?! Јас да се кријам и бегам од соба во соба од крадецот??!! Не е то во ред.
Времињата не се сменија , луѓето се сменија .
 
Hiryu

H+
Член од
5 мај 2013
Мислења
674
Поени од реакции
848
Ме интересира, дозволува ли законот пасивна одбрана бидејќи јас користев едно време кога бакарот имаше највисока цена и тоа канистри СО2(значи не огнено) придвижуваат цврсти гумени тешки ѓулиња нагоре директно кон копиљот кој ќе настапи(и тоа ако клечи и муда и гз се ќе му ги "измасира" и тоа покрива круг од 40-45 СМ сите ѓуленца а се разбира и пукаат канистрите и обавезно те буди-па и соседите.

Имав опција и анестетик кој ќе го успие ама неќев така.

Значи оваа несмртоносна пасивна заштита е дозволена???
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704

каква е таа „пасивна заштита“?
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Па глупо е да добиеш казна од многу години затвор, зошто најпрво дали си ти или е твојот дом, не смеете да бидете нападнати....... ко второ ако ти не си се одбранел, тогаш можеби ќе си бил убиен, а вака си си го спасил животот........ така да не гледам зошто би се добивале казни :)
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
719
Поени од реакции
537
Па и минско поле е "пасивна" заштита. Ако не стапнеш, нема да се активира нели?
Никој не гледа американски филмови, туку токму така е. Што мајка бараш во 3 сабајле кај мене во двор или дома, ако не сум те викнал? Плус, ако има знак No trespassing или нешто слично...без прашување може да нападнам и да не одговарам. Евентуално условна би била казната
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.786
Поени од реакции
8.349
Ако живееш во куќа е полесно.
Го пребиваш со шипка/палица/што и да е, НЕ ВИКАШ ПОЛИЦИЈА и го фрлаш на улица. Мора да му ги скршиш рацете за да не се врати.

Што било? Не знам.

Во стан од бучавата комшиите ке викна т полиција.
 
Член од
17 октомври 2013
Мислења
4
Поени од реакции
0
Da kaznivo e ubistvo vo samoodbrana no so se racuna kako ubistvo od nebreznost i se kaznuva so minimalna kazna radi nanesenite povredi na liceto koe e vejke mrtvo ili tesko povredeno
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.797
Поени од реакции
15.708
абе у голден 50 и 60 се сеќавам идеа деца од малото да крадат пќенки у Аеродром, сега би дошло некаде кај тениските игралишта, чуварите пукаа со пипер и сол или ситни сачми...еден го погодија па после со пинцети му ги вадеа сачмите... е некаде во 60-те се случи еден чувар да усмрти 10-11г дете што крадело грозје и после се забрани изгледа ова работа...
.. б.т.в., неодамна пред година - две имаше случај, мислам во зградата на ИбниПајко, настрада провалникот, незнам како испадна правната разврска ???
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Треба да го убиеш од напред, не позади грб и да докажеш дека се обидел да те убие со некакво оружје

Да ти дојде тебе дома крадец, да ти извади пиштол,нож,палка, ти ќе му речеш сврти се за да те убијам..

Да се надополнам на темава.

НЕМА НИКАКВА ДИСКУСИЈА ЗА ОВА !!

Лице што влегува да ти краде дома, што е спремно да убие човек само за да дојде до пари му нема друго чаре... Да го пуштиш да замине тој пак ќе се врати и ќе го направи истото, во негова позиција не размислува тој е спремен да те убие и да лежи во затвор.

Сега ти ќе бидеш криминалец да си го браниш своето и самиот себе?!?
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Да ти дојде тебе дома крадец, да ти извади пиштол,нож,палка, ти ќе му речеш сврти се за да те убијам..

Да се надополнам на темава.

НЕМА НИКАКВА ДИСКУСИЈА ЗА ОВА !!

Лице што влегува да ти краде дома, што е спремно да убие човек само за да дојде до пари му нема друго чаре... Да го пуштиш да замине тој пак ќе се врати и ќе го направи истото, во негова позиција не размислува тој е спремен да те убие и да лежи во затвор.

Сега ти ќе бидеш криминалец да си го браниш своето и самиот себе?!?
Од каде знаеш дека провалникот е наоружан и од каде знаеш дека провалникот е спремен да убие? На чело му пишува?
Или сите криминалци се ладнокрвни убијци што пукаат кај стигнат како во вестерн филмови?

Ниеден криминалец не извршува криминал со намера да лежи затвор, не знам од каде ти е оваа идиотска идеја.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom