Убиство во самоодбрана, казниво или не?

Дискусија во форумот 'Право и закони' започната од RedStarFan, 28 мај 2013.

  1. Хајсенберг

    Хајсенберг Компјутерски Инжињер

    Член од:
    15 ноември 2013
    Мислења:
    347
    Допаѓања:
    365
    Не треба да одговара според мое мислење,затоа што тоа претставува убиство во самоодбрана,не сум сигурен,ама мислам дека не е казниво...
     
    На DL5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Max Legend

    Max Legend The black swordsman

    Член од:
    27 септември 2010
    Мислења:
    4.340
    Допаѓања:
    6.473
    Убиството во самоодбрана да не се казнува. Некој ти го загрозува телото и животот, имаш целосно право да го уцвикаш, а да не одговараш за последиците.
     
    На DL5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Why?

    Why? Самострел да зеам, да истепам тоа племе

    Член од:
    3 мај 2009
    Мислења:
    2.726
    Допаѓања:
    2.938
    Ова со големината на злото ми е јака работа. Па има ли поголемо зло од тоа некој да ти влезе во куќа и да ти ги загрозува семејството, животот и имотот бре...
     
    На DL5, Beric Dondarrion и blue ladybug им се допаѓа ова.
  4. Sase_Ohrid

    Sase_Ohrid

    Член од:
    4 март 2011
    Мислења:
    564
    Допаѓања:
    409
    Тоа што го кажуваш овде со болдирано се обележјата на крајна нужда која постои „кога делото е сторено со цел сторителот да отстрани од себе или од друг, истовремена нескриена опасност што на друг
    начин не можела да се отстрани, а притоа стореното зло не е поголемо од
    злото што се заканувало.“
    Крајна нужда не е исто што и нужна одбрана. Тоа се два слични, но сепак различни институти.
    А примерот што го кажуваш (со заканата за убиство со пиштол) е класичен пример на нужна одбрана, па затоа врз тој случај не можат да се применат одредбите од членот на кој се повикуваш, а кој се однесува на крајна нужда. Само за илустрација ќе ти наведам еден пример за крајна нужда, па можда ќе ја увидш разликата меѓу нужната одбрана и крајната нужда: се работи за тнр Карнеадесова штица - двајца морнари по бродолом пливаат кон една штица која плута на отворено море. За несреќа, штицата може да ја издржи тежината само на еден од морнарите без да пропадне. Морнарот А пристигнува прв до неа, а морнарот Б заостанува и стигнува втор, знае дека ако тој не се најде на штицата ќе умре, па затоа го истуркува морнарот А од штицата и го завзема неговото место на штицата. Како последица на тоа морнарот А се удавува. Подоцна морнарот Б го спасува тимот на спасители, но нема да му се суди за убиство на морнарот А бидејќи делото го сторил во крајна нужда.
     
    На Фокси му/ѝ се допаѓа ова.
  5. NinaMiranda

    NinaMiranda

    Член од:
    14 октомври 2013
    Мислења:
    75
    Допаѓања:
    104
    Ова со штицата е многу драматичен пример, се ми се чини дека ова е голема нужда, не крајна.
     
  6. Beric Dondarrion

    Beric Dondarrion Lord of Blackhaven

    Член од:
    14 август 2006
    Мислења:
    26.507
    Допаѓања:
    31.223
    Обично во ваков контекст се користи зборот институција, а не институт.
    На пример, на Истра рестораните не ја познаваат институцијата хартиена салвета. Таму само платнени се користат.
     
  7. Sase_Ohrid

    Sase_Ohrid

    Член од:
    4 март 2011
    Мислења:
    564
    Допаѓања:
    409
    Пред да критикуваш нешто погрижи се добро да размислиш и да го испиташ тоа што го тврдиш. Зборот институт во правото се користи за означување на правен пропис, односно законско начело (можеш да провериш во правен, па дури и во обичен речник).
    Погоди со која „институција“ се нарекуваат таквите како тебе на Истра?
     
  8. kokoskar

    kokoskar

    Член од:
    7 април 2012
    Мислења:
    918
    Допаѓања:
    612
    Во овој случај ако го турнал....ќе лежи за убиство :D
    При крајна нужда услов е повреденото туѓо добро да е помалку вредно од своето добро кое било во опасност..во случајот сеработи за исто вредни добра и во таков случај нема крајна нужда...крајна нужда пример има кога некој мора да го однесе синот во болница па го скрши прозорот на колата на комшијата за да го однесе (комшијата го немало) со колата...
    Каква институција :pos: институти се тоа
     
    На Sase_Ohrid му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Beric Dondarrion

    Beric Dondarrion Lord of Blackhaven

    Член од:
    14 август 2006
    Мислења:
    26.507
    Допаѓања:
    31.223
    Би требало да кажеш: Погоди каква институција претставуваат таквите како тебе на Истра?

    Смири се бре. Не те критикував, само кажав како сметам дека би требало да биде и во право сум, кога би биле други зборови. Но не и во случајов, каде што баш станува збор токму за правни изрази, кои навистина така се именуваат. Моја грешка.
     
  10. Sase_Ohrid

    Sase_Ohrid

    Член од:
    4 март 2011
    Мислења:
    564
    Допаѓања:
    409
    Намрено го потенцирав овај пример со крајна нужда, дури и споменав дека се вика „Карнеадесова штица“. Типичен школски пример за крајна нужда, кој го има низ скоро сите релевантни учебници по кривично право низ светот. Крајна нужда постои кога делото е сторено со цел сторителот да отстрани од себе или од друг, истовремена нескриена опасност што на друг
    начин не можела да се отстрани (нескриената опасност е смртта која со сигурност ќе настапела за морнарот Б доколку не се фател за штицата), а притоа стореното зло не е поголемо од
    злото што се заканувало (стореното зло-туркањето на морнарот А во смрт е еднакво со злото кое ќе настапело - смрт на морнарот Б, нели секој живот исто вреди и ни еден не е повреден од другиот, така да со сигурност тука не постои убиство, односно кривично дело, а друго прашање е моралниот аспект на истото).
     
  11. kokoskar

    kokoskar

    Член од:
    7 април 2012
    Мислења:
    918
    Допаѓања:
    612
    Не знам како е по светот но за Македонското кривично право знам дека при повреда на исто вредно добро нема крајна нужда... Овој пример не го знам и во ваков случај се гледат околностите... Инаку најчесто среќаван пример е ситуација каде 3 морнари се изгубиле и после неколку дена поради глад биле на раб на смртта, па решаваат еден да биде убиен а другите да јадат од него...многу сложен пример за кој се дикутира со векови :D
     
  12. Sase_Ohrid

    Sase_Ohrid

    Член од:
    4 март 2011
    Мислења:
    564
    Допаѓања:
    409
    За жал морам да констатирам дека ама баш воопшто не го познаваш македонското казнено право!
     
    На Gjoksi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Gjoksi

    Gjoksi

    Член од:
    24 февруари 2013
    Мислења:
    408
    Допаѓања:
    218
    Колега, морам да те корегирам: не е НЕСКРИЕНА опасност (забележлива, видлива), туку НЕСКРИВЕНА опасност (сторителот да не е крив за опасноста)!
    Инаку, во се' друго (и како законски одредби и како теорија, посебно делот со „Карнеадесова штица“) се согласувам со тебе.
     
    На Sase_Ohrid му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kokoskar

    kokoskar

    Член од:
    7 април 2012
    Мислења:
    918
    Допаѓања:
    612
    Момче, пред да констатираш било што прво прочитај си убаво примерот со штицата и се надевам ќе видиш колкава глупост си пишал...си напишал дека ако едно лице се наоѓа на штицата , а другото во водата, (штицата може да издржи само еден), дозволено е тој од водата да го турне оној кој ВЕЌЕ Е БЕЗБЕДЕН за да се спаси самиот...ако навистина мислиш дека овде може да се примени институтот крајна нужда тогаш нема што веќе да дискутирам на оваа тема...
     
  15. Sase_Ohrid

    Sase_Ohrid

    Член од:
    4 март 2011
    Мислења:
    564
    Допаѓања:
    409
    Колега, сепак е нескриена (онаа опасност која е очигледна, а не скриена), барем во Кривичниот законик така стои :)

    Крајна нужда
    Член 10
    (1) Не е кривично дело она дело што е сторено во крајна нужда.
    (2) Крајна нужда постои кога делото е сторено со цел сторителот да отстрани од себе или од друг, истовремена нескриена опасност што на друг начин не можела да се отстрани, а притоа стореното зло не е поголемо од злото што се заканувало.
    (3) Сторителот кој сам предизвикал опасност од небрежност или ги пречекорил границите на крајната нужда, може да се казни поблаго, а ако пречекорувањето е сторено под особено олеснувачки околности - може и да се ослободи од казна.
    (4) Нема крајна нужда ако сторителот бил должен да се изложи на опасност.
    --- надополнето: 24 ноември 2013 во 01:43 ---
    Фала ти за ова „момче“, одамна така не ме нарекле :)
    А ако сметаш дека примерот со штицата е глупост, тогаш само да те известам дека таа „глупост“ не сум ја напишал јас, туку Карнеадес (Carneades) и тоа пред повеќе од 2000 години, иако тоа на еден правник би требало веќе да му е познато. И подобро повеќе да не дискутираш на оваа тема, а ако сепак сакаш да продолжиш, би те посоветувал повеќе да читаш. Како иден правник и тоа како би ти помогнало тоа!
     

Сподели преку: