Убиство во самоодбрана, казниво или не?

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Да ти дојде тебе дома крадец, да ти извади пиштол,нож,палка, ти ќе му речеш сврти се за да те убијам..

Да се надополнам на темава.

НЕМА НИКАКВА ДИСКУСИЈА ЗА ОВА !!

Лице што влегува да ти краде дома, што е спремно да убие човек само за да дојде до пари му нема друго чаре... Да го пуштиш да замине тој пак ќе се врати и ќе го направи истото, во негова позиција не размислува тој е спремен да те убие и да лежи во затвор.

Сега ти ќе бидеш криминалец да си го браниш своето и самиот себе?!?
Кај нас, за жал, ќе бидеш. И ќе си одлежиш во затвор оти си пукал, тепал, некое копиле, кое сакало да те ограби.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: DL5
Член од
25 мај 2012
Мислења
25
Поени од реакции
16
Од каде знаеш дека провалникот е наоружан и од каде знаеш дека провалникот е спремен да убие? На чело му пишува?
Или сите криминалци се ладнокрвни убијци што пукаат кај стигнат како во вестерн филмови?

Ниеден криминалец не извршува криминал со намера да лежи затвор, не знам од каде ти е оваа идиотска идеја.
Ќе знаеш дека провалникот е наоружан кога ќе ти го извади оружјето пред фаца, а ќе знаеш дека е спремен да убие... па најверојатно кога веке ќе те убие ама тогаш касно ќе ти биде. :eek:
Не се сите криминалци ладнокрвни убијци ама дефинитивно не се луге со најдобри намери. :tapp:

А тоа зошто криминалците извршуваат криминал обично е поради нивна лична придобивка а најчесто на штета на некој друг. Овде колку што сфатив се дискутира за тоа до каде може да се оди со самоодбраната и дали се одговара за тоа.
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Од каде знаеш дека провалникот е наоружан и од каде знаеш дека провалникот е спремен да убие? На чело му пишува?
Или сите криминалци се ладнокрвни убијци што пукаат кај стигнат како во вестерн филмови?

Ниеден криминалец не извршува криминал со намера да лежи затвор, не знам од каде ти е оваа идиотска идеја.

Лупај глупости што да ти кажам. Да осетиш на своја кожа па да видиш како ќе реагираш во тој момент дали ќе го браниш или ќе гледаш да му направиш се најлошо пошто повредил некој од твојата фамилија или украл нешто многу вредно кое си го заработувал со твојата капка пот.

Ја не зборам да се убие секој криминалец што ти влага дома. Ама ако е спремен со нож да те нападне тогаш немаш друг излез, ако ти извади пиштол и успееш некако да се спасиш тогаш нема друг излез. Чим он се осудува без 2 грама мозок да те упука нема ќутење тука. Кој сака нека биде и каков сака закон нека има. Али во 50 % од пљачките криминалците носат нешто со себе :) Такада ако не се убие добро ќе биде барем да му се искршат коските за да не му текне уште еднаш да стапне во твоја куќа.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Во Македонија во самоодбрана ти е дозволено да користиш сила еднаква на таа со која те нападнале.
--- надополнето: 18 ноември 2013 во 00:13 ---
Извољте

Нужна одбрана

Член 9
(1) Не е кривично дело она дело што е сторено во нужна одбрана.

(2) Нужна е онаа одбрана што е неопходно потребна сторителот да
одбие од себе или од друг, истовремен противправен напад.

(3) Сторителот кој ги пречекорил границите на нужната одбрана
може да се казни поблаго, а ако пречекорувањето го сторил поради силна
раздразнетост или уплав предизвикан со нападот, може и да се ослободи од
казна.

Крајна нужда

Член 10

(1) Не е кривично дело она дело што е сторено во крајна нужда.

(2) Крајна нужда постои кога делото е сторено со цел сторителот да
отстрани од себе или од друг, истовремена нескриена опасност што на друг
начин не можела да се отстрани, а притоа стореното зло не е поголемо од
злото што се заканувало.

(3) Сторителот кој сам предизвикал опасност од небрежност или ги
пречекорил границите на крајната нужда, може да се казни поблаго, а ако
пречекорувањето е сторено под особено олеснувачки околности - може и да
се ослободи од казна.

(4) Нема крајна нужда ако сторителот бил должен да се изложи на
опасност
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
Во Македонија во самоодбрана ти е дозволено да користиш сила еднаква на таа со која те нападнале.
--- надополнето: 18 ноември 2013 во 00:13 ---
Извољте
Болдираното во цитатот ти е погрешно, односно се однесува на крајна нужда, што е сосема друго од самодобрана (нужна одбрана).
И секако дека не мора да користиш сила еднаква на таа со која те нападнале, туку не треба да ја пречекориш нужната одбрана во смисла на нејзина злоупотреба. Премногу рестриктивно ти е толкувањето на законот.
--- надополнето: 18 ноември 2013 во 23:31 ---
Од каде знаеш дека провалникот е наоружан и од каде знаеш дека провалникот е спремен да убие? На чело му пишува?
Или сите криминалци се ладнокрвни убијци што пукаат кај стигнат како во вестерн филмови?

Ниеден криминалец не извршува криминал со намера да лежи затвор, не знам од каде ти е оваа идиотска идеја.
Да бе, криминалецот, насилно дома ти влегува за фризура да ти направи!
И нормално дека „Ниеден криминалец не извршува криминал со намера да лежи затвор“, намерата му е да ти украде нешто, противправно да одземе туѓи ствари, но и за тоа се лежи затвор, зарем според тебе само ако те убие ќе лежи затвор?
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Доколку крадецот не користел никакво оружје, а сопственикот на станот го убил со некое оружје апсолутно тоа е убиство, немаш самоодбрана, во самоодбрана само користиш тоа што го користи и напаѓачот.. Имаш разни убиства во самоодбрана, како небрежност, нужда и крајна нужда. Во зависност од околностите, обидот за убиство може да се казни а може и да не се казни ..
 
Член од
7 април 2012
Мислења
961
Поени од реакции
703
Кај нас, за жал, ќе бидеш. И ќе си одлежиш во затвор оти си пукал, тепал, некое копиле, кое сакало да те ограби.
Тешко дека ќе лежеш во таков случај ако ја пречекореш нужната одбрана освен ако имаш слаб адвокат :D...е сега ако украл нешто, немал оружје и тргнал да бега а ти го упуцаш ќе си лежеш ...
Доколку крадецот не користел никакво оружје, а сопственикот на станот го убил со некое оружје апсолутно тоа е убиство, немаш самоодбрана, во самоодбрана само користиш тоа што го користи и напаѓачот.. Имаш разни убиства во самоодбрана, како небрежност, нужда и крајна нужда. Во зависност од околностите, обидот за убиство може да се казни а може и да не се казни ..
Не постои убиство во самоодбрана од небрежност :D
Не мораш да користеш исто оружје како напаѓачот,,,треба ад го одбиеш нападот нанесувајќи што е можно помала штета на напаѓачот...не мора сопственикот да чека дали овој ќе извади пиштол па да пука, може одма да му пресуди ако го фати на дело :D
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Тешко дека ќе лежеш во таков случај ако ја пречекореш нужната одбрана освен ако имаш слаб адвокат :D...е сега ако украл нешто, немал оружје и тргнал да бега а ти го упуцаш ќе си лежеш ...

Не постои убиство во самоодбрана од небрежност :D
Не мораш да користеш исто оружје како напаѓачот,,,треба ад го одбиеш нападот нанесувајќи што е можно помала штета на напаѓачот...не мора сопственикот да чека дали овој ќе извади пиштол па да пука, може одма да му пресуди ако го фати на дело :D
Се наоѓаш на зграда, типацот те напаѓа, ти го буткаш и овој паѓа надоле.. Тоа какво убиство е ? Не е од небрежност? Не си имал намера да го убиеш..
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
Се наоѓаш на зграда, типацот те напаѓа, ти го буткаш и овој паѓа надоле.. Тоа какво убиство е ? Не е од небрежност? Не си имал намера да го убиеш..
Toa е несреќен случај, а не убиство. И самиот викаш дека не си имал намера да го убиеш, туку само да се одбраниш од неговиот напад. И точно не постои убиство во само одбрана од небрежност.
 
Член од
7 април 2012
Мислења
961
Поени од реакции
703
Се наоѓаш на зграда, типацот те напаѓа, ти го буткаш и овој паѓа надоле.. Тоа какво убиство е ? Не е од небрежност? Не си имал намера да го убиеш..
Ако те нападне некој на зграда и ти бранејќи се го буташ а си немал друг избор освен ти да бидеш тој што ќе биде бутнат нема пртоивправност од твоја страна...
Инаку да ти кажам што е небрежност... тоа е одредено поведение на едно лице кое знаело дека може да дојде до штета со неговото поведение но лекомислено мислело дека може да ја спречи или дека таа нема да настапи..
значи ако некој те нападне и притоа не ја пречекориш нужната одбрана со бранењето а тој умре...нема убиство
ако ја пречекореш и го затепаш додека е доле на земја....а не сакаш да го убиеш...но сепак умре...тоа не е убиство од небрежност туку убиство со умисла (евентуална) или пак можеда биде прогласено за физички напад квалифициран со убиство...
 
Фала ти на часот по право и дефиницијата за „небрежност“, се чудев што е тоа до сега!
Се чини дека тебе повеќе ти помгна тоа па го промени мислењето ;)
 
Koe мислење...кој час...на сладоледџија беше наменет коментарот
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Доколку крадецот не користел никакво оружје, а сопственикот на станот го убил со некое оружје апсолутно тоа е убиство, немаш самоодбрана, во самоодбрана само користиш тоа што го користи и напаѓачот.. Имаш разни убиства во самоодбрана, како небрежност, нужда и крајна нужда. Во зависност од околностите, обидот за убиство може да се казни а може и да не се казни ..
Го гледаш дека ти влегол дома, му пријдуваш и го прашуваш: "абе, од оружје што носиш да одам да го земам и јас истото за све да биде по закон?"
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Болдираното во цитатот ти е погрешно, односно се однесува на крајна нужда, што е сосема друго од самодобрана (нужна одбрана).
И секако дека не мора да користиш сила еднаква на таа со која те нападнале, туку не треба да ја пречекориш нужната одбрана во смисла на нејзина злоупотреба. Премногу рестриктивно ти е толкувањето на законот.

Не сфаќам што е погрешно.
Болдираното вика притоа стореното зло не е поголемо од злото што се заканувало. Бидејќи не можеме да генерализираме, еве пример. Имаш лице А што се заканува со пиштол и лице Б кое го застрелува во самоодбрана. Злото што се заканувало е смрт, да или не? И дали убивањето како одговор на заканата се смета за поголемо зло?
После,
истовремена нескриена опасност што на друг начин не можела да се отстрани
Може ова да ми го објасниш? Пошто, технички постојат милион начини како може да се отстрани заканата "човек кој се заканува со пиштол".
Можеш да знаеш боречки вештини и да го совладаш. Можеш да го разубедиш. Итн. Ако вака ги поставиме стварите, во кој случај единствено останува убиството како начин за отстранување?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom