Убаво е да си убав... така полесно општеството ќе те рекламира, ама ако физичката убавина не ти е појака страна, е тогаш ќе добиеш едно тапкање по рамо дека внатрешната убавина е тоа вистинското... и пак по старо на сите страни повторно рекламирање на физичката убавина. Во што е вистината? Во рекламирањето или тапкањето? Вистината е во брзиот развој на општеството и неговиот интерес, времето и парите. Во тој интерес, физичката убавина полесно се продава, додека пак онаа т.н. внатрешна убавина не е во зоната на интерес на општеството, бидејќи бара време да се открие и покаже на површина. Така општеството си прави алиби и покритие за безмерното форсирање на физичката убавина, додека на останатите им остава една дилема или можност за сопствена утеха да се занимаваат со сопственото исфрлаље на внатрешната убавина на површината... патем додека со ококорени очи се насладуваат гледајќи како физичката убавина им ги замајува очите и им го пополнува сонот.