Битно ми е како јас си се осеќам и кое мислење го имам за себе. Никогаш не ми било битно каква слика ќе оставам кај другите и многу пати кога некој ќе добиел погрешен впечаток за мене поради грешна проценка или не знам што, не сум се трудел да објаснувам ништо. Кој како ќе ја свати сликата што ја добива за мене е негов проблем. А, со тек на време сите маски паѓаат и сите оние кои што не ценеле такви работи, или оние кои што немале вредности за ценење самите ќе се дистанцираат. Успехот е, ако до тебе остане бар некој. Освен моето семејство, до мене (бар така мислам дека е) останати се уште 5 личности, за кои би направил се што е потребно.