M
macgowan
Гостин
Јас бев минатата година неколкку дена. Има поназад на темава напишано. Гледај на мапата а јас ќе ти објаснам каде да одиш. Додуша кога ќе одиш таму ќе ти дадат мапи и ќе ти објаснат ако одиш преку агенција а и ако одиш на своја рака било каде прашај ќеф им е да објаснуваат на локалците.Некој да ми каже дали некој од вас бил во областа Кападокија во Турција? Ме интересира, како се стигнува до таму и дали некоја од агенцииве наши има туристички тури до таму. На пример јас би скала да го шетнам неколку дена Истанбул, и после неколку дена во Кападокија (не знам кои градови се таму). Можеби macgowan може да ми каже или кој и да бил таму. Пред извесен период гледав една репортажа на Ирена Спировска и ептен ме бендисаа карпите и цела таа околина таму.
Јас бев сместен во Goreme, кое како гледаш има централна позиција и ти е супер база за шетање низ Кападокија бидејќи `најбитните` работи се во неговата околина-Зелве, Учхисар, долината на гулабите, секаде наоколу имаш fairy chimneys, прастари цркви и населби од ранохристијанскиот период и од прастари времиња. Се меѓу Гореме, Аванос и Ургуп ти е вредно за гледање, достапно на било кој начин и во близина. Кога ќе одиш зами си мапа таму и се ќе ти објаснат. Единствено не бев во Ихлара долината и ми е мака ама немав време.
Покрај се горенаведено, под must see да ти бидат подземните градови! Тоа е нешто фасцинантно! Јас бев во Деринкују(имам пишано поназад во темата да не се повторувам, прочитај) а пред него уз пат го имаш Кајмакли ама мислам овај првоспоменатиот ти е позачуван.
Кападокија е нешто посебно, како да си на друга планета, со пејсажи од Star Wars.
Оди обавезно ако си во можност незаборавно е. Само да знаеш дека е многу далеку од Стамбол. Јас возев 10 и кусур сати до таму.