Турција

  • Креатор на темата macgowan
  • Време на започнување
M

macgowan

Гостин
Со оглед дека не најдов веќе постоечка тема решив да ја отворам заради фреквентната посетеност на оваа земја од страна на нашите луѓе,која многу нуди не само од класичен туристички аспект и сепак потребата за размена на искуства.
Годинава бев на едно малку поинакво патување низ Турција,поминав 5000км со колата низ внатрешноста и по медитеранот и егејот и видов многу нешта и ситуации вредни да се спомнат кои би им послужиле на некој друг и ме натера да ја отворам темата за оваа наша блиска и пријателска земја.
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.223
Поени од реакции
1.862
Уште уништуваат Православни цркви во внатрешноста?​
 
M

macgowan

Гостин
Jaс за уништени цркви имам за кај нас повеќе слушнато отколку во Турција.Баш сега се реставрираат тие што се навистина битни за христијанството,во Кападокија,Ликија и сл.За туризам се работи,за пари.Огромно богатство од минатото е таму,сеуште доста стои неоткриено,па се копа наголемо.Турците наследиле/добиле нешто што можат дебело да го уновчат и ти мислиш дека на некој му е до тоа што го наведе?
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.234
Поени од реакции
4.102
Со оглед дека не најдов веќе постоечка тема решив да ја отворам заради фреквентната посетеност на оваа земја од страна на нашите луѓе,која многу нуди не само од класичен туристички аспект и сепак потребата за размена на искуства.
Годинава бев на едно малку поинакво патување низ Турција,поминав 5000км со колата низ внатрешноста и по медитеранот и егејот и видов многу нешта и ситуации вредни да се спомнат кои би им послужиле на некој друг и ме натера да ја отворам темата за оваа наша блиска и пријателска земја.
Една од животните желби ми е таа, Македонија-Истанбул-Анкара-Анталиски залив-Егејски брег-Дарданели-Македонија... таа тура да ја поминам, се’ до Сирија... да знаеш колку ти завидувам само :P
 
M

macgowan

Гостин
Јас години се `токмев` да ја направам оваа тура(додуше сакав и Трабзон,Ерзурум,Карс-до Арарат па Ван,Шанлиурфа,Адана...ама пуста желба,тешко ќе беше финансиски...здравје можеби друг пат,тоа се уште скоро толку km)иако бев на некои од местата претходно,но Кападокија немав одено,фантастично е,со неверојатните форми на природата,градовите/селата вѕидани во вулканските карпи,подземните градови(посебно впечатливи!) и др.
Оваа тура е многу изводлива,со добро планирање на финансиите и етапите/местата за врвење.
Сместувањето беше доста поволно,резервиравме предвреме-плаќавме на лице место.Во хостелчиња и апартмани.Евтино и квалитетно-секаде каде бевме,без никаков проблем.
Најскапото нешто е горивото,кое е скоро 2евра за литар бензин во ТР.(Напомена-пред да влезиш во ТР,ќе полниш во Грција,но да нема изненадувања ,на местата пред границата курназите го даваат горивото поскапо од да речиме на пумпите кај Солун од внатрешноста каде е 1,5 да речиме(овде е1,7 до 1,8 еур!).
Патарината се плаќа со KGS картичка(нема кеш плаќање повеќе)која може да се купи на самиот граничен премин Ипсала и ме кошташе за користење на мостовите низ Истанбул,автопатот Истанбул - Анкара и после Анкара,автопатот Ајдин-Измир вкупно 25лири,скоро 10евра(1 еур = 2,4 лири).Ако се оди за пократка релација се купува КГС со помалку кредите(фактички се купува картичката со одреден кредит-припејд картичка,ако сакаш може да се дополни,на патарините ти кажува колку ти влечи а колку ти останува на неа).Единствено каде платив екстра од КГС картичката беше на влезот ид еден тунел на патот Фетије-Даламан и беа 3 лири во еден правец.
Траектите на Чанаккале се нови,брзи(за 10мин за разлика од 2009 кога бев последно одеа старите за 30мин),портот е среден а коштаат исто како порано,23 лири за возило.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
11.472
Поени од реакции
7.764
Kaкви се патиштата низ Турција..во внатрешноста,имам чуено дека се бетер од нашите или не ?
 
M

macgowan

Гостин
Патиштата се посебна приказна.Генерално се добри и се вози мноогу брзо.Ако класифицирам поединечно-некои се фантазија,некои се `само` ок,некои се заради изградба на нови во хаос,за некои вистина немам објаснување.
Патот до Истанбул од Гр-Тр граница е ок,две ленти во правец со ограничување 90 ама се вози доста побрзо.Се реновира доста,се пренасочува многу често и се наидува на многу чудни ситуации.Ова важи за цела Турција.Пред Истанбул се вклучува во автопатот Едрене-Истанбул.Истанбул како Истанбул,кој бил знае,кој не бил нека си носи GPS за да ја најде посакуваната дестинација обавезно!За транзит ајде некако,ама ако сакаш да најдиш адреса во некој дел од градот...само GPS или такси пред тебе евентуално.
Истанбул-Анкара е супер автопат!Анкара е слична приказна со Стамбол.
Од Анкара према Аксарај,Невшехор добар пат,со исклучок кај соленото езеро(Tuz golu) кое е must see! каде е патот пак во две ленти во правец но е во `припрема за изградба`-читај чакал некои 10км па,дикат!Инаку таму по патот видов за прв пат табли со предупредување да не се застанува и обрнува внимание на сигнализација на други возила освен на полицијата и жандармеријата и да си ги чуваш вредните работи во тебе ако паркираш!
Низ Кападокија добри двосмерни патишта.
Истото тоа важо и за патот према Конја,старата селџучка престолнина со милион и кусур жители сега,градот на Мевлана,на дервишите.Патот низ Анадолија е пушка,стандард 2 ленти во правец,со пустелија околу тебе,се вози 130 комотно.
Од Конја према Анталија почнуваат ипланините(широк,добар пат со големи,не многу нагли кривини),патот во изградба и треба мноигу внимание,иакоп е се обележено,се вози лудо и треба многу Дикат!Планините се големо освежување после пустелијата во Анадолија.Алпски пејсажи а одиш на Медитеран!
Анталискиот регион е поврзан со дбар пат,нешто како автопат-otoyolu на Турски.
Анталија-Фетије стандардниот пат со 2ленти во правец преку планини пак.
Фетије-Памуккале-одев по најневозможниот пат-сам сум крив а и ГПС-от-Гармин не можи да ги ажурира мапите доволно колку што Турците прават измени во патната инфраструктура.Возев 200км Галичица дел по чакал,дел по свеж асфалт дел комбинација,па кози,овци,100тина камиони,2 Тофаши картали о Мурати и ние!Гадно се зезнав но по 5сати се приклучивме на патот за Денизли кој е феноменален и се лета и така низ Денизли до Памуккале.
Памуккале-Кушадаси е дел 2 ленти во правец дел суперавтопат.
Кушадаси према Измир до Алиага автопат,потоа пак градење на патот,де две ленти,де пренасочување,па чакал,пак асфалт...тоа е Турција,нонстоп се гради патишта и се вози лудо.
 
M

macgowan

Гостин

Кападокија,Зелве
--- надополнето: Aug 21, 2011 3:48 PM ---

--- надополнето: Aug 21, 2011 3:49 PM ---

Кападокија,Pasabaglari(Fairy Chimneys)
--- надополнето: Aug 21, 2011 3:51 PM ---

Учхисар
--- надополнето: Aug 21, 2011 3:53 PM ---

Кападокија,Rose valley,од балон.
--- надополнето: Aug 21, 2011 3:55 PM ---

од 1100 м со балонот...
--- надополнето: Aug 21, 2011 4:04 PM ---

Патара,Ликија...18км фантастична песочна,`океанска` плажа без инфраструктура,со само еден бар и 200м лежалки.Останатото е прави што сакаш...бујрум,ама само до 8 навечер бидејќи на плажата се наоѓаат гнезда на Caretta caretta и е заштитена со закон!.Родното место на Дедо Мраз(СВети Никола).Се копа нагоолемо,се реставрира древниот град,изгледа огромен.Алехандро нашиот тука дојавал 4 век пне,градот бил значајно пристаниште за тоа време.
--- надополнето: Aug 21, 2011 4:06 PM ---

Капуташ,меѓу Калкан и Каш.
--- надополнето: Aug 21, 2011 4:10 PM ---

Далјан,Изтузу...фантастична песочна плажа со езеро во позадина...слегуваш од планина меѓу борови на тиркизно море.Истата ситуација со желките.Кај езерото има резерват и институт за заштита и проучување.На плажата беа бележами гнездата за разлика од кај Патара.Изгледа таму беа повеќе...
--- надополнето: Aug 21, 2011 4:12 PM ---

Олудениз,страната према Babadag...
--- надополнето: Aug 21, 2011 4:13 PM ---

Фетије,Ликијските гробници.
--- надополнето: Aug 21, 2011 4:14 PM ---

Сакликент,во близина на Фетије
--- надополнето: Aug 21, 2011 4:58 PM ---

Олудениз
--- надополнето: Aug 21, 2011 5:00 PM ---

Goreme
--- надополнето: Aug 21, 2011 5:00 PM ---

Tuz golu,централна Анадолија
--- надополнето: Aug 21, 2011 5:02 PM ---

Пред соленото езеро,пустелиите низ Анадолија
--- надополнето: Aug 21, 2011 5:04 PM ---

Патот од Конја према Анталискиот регион...
--- надополнето: Aug 21, 2011 5:06 PM ---

Konya,Mevlana teke
--- надополнето: Aug 21, 2011 5:07 PM ---

Pamukkale
--- надополнето: Aug 21, 2011 7:07 PM ---

Еден од најзачуваните каравансараи во ТР од 13ти век,во Султанхани,Анадолија...на патот на свилата.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.728
Поени од реакции
985
Kaкви се патиштата низ Турција..во внатрешноста,имам чуено дека се бетер од нашите или не ?
Патиштата во Турција се супер, исти се како во Хрватска, едноставно немам збор за патиштата..
 
M

macgowan

Гостин


Од патиштата во ТР,еве worst case scenario.Сите други патишта се поубави од кај нас.Ова може да се начека ако се оди `прекутрупа`,шпарта отпојќе или залута.




...инаку,GPS-от ме донесе на овај пат,кратеше...и куртули...

 
M

macgowan

Гостин


Немам мои фотографии,за жал(го заборавивме апаратот в кола,ни текна кога веќе влеговме долу)но едно од местата повеќе од вредни за споменување,едно од најфасцинантните места во Кападокија па и општо во Турција,се подземните градови во Кападокија.Ги има повеќе,има еден куп теории за тоа кога,како,кој,зошто ги градел...од Хититите,Фригијците се до теории за вонземјани...па ранохристијански период и пак криење....Ние бевме во Деринкују.
Се оди 55м под земја,доста е незгодно(додуше пишува на влезот дека не е за лица со здравствени тегоби),ама е нешто посебно.
Како и да е,надвор(горе) е како во наше Канатларци,чајот е пола евро,кафето едно,пивото две,има еден трговец со теписи кој морам да го спомнам оти кога ја виде колата викаше `Руманиа!`.И е 40 степени(долу е барем 15)
 
M

macgowan

Гостин

Ефес

А ова го имаше на неколку места на патот Анкара-Аксарај
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.602
Истанбул

Istanbul, Konstantinopolis или Vizantion, е град на два континента. Престолнината на стара Византија е нарекуван " кралица на градовите ". Богатата кујна која нуди вкусови кои се паметат, трагите од разни цивилизации, незаборавниот ноќен живот, трговските центри по светски стандарди кои повикуваат на шопинг се само дел од причините за посета на Истанбул...





 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
474
Со оглед дека не најдов веќе постоечка тема решив да ја отворам заради фреквентната посетеност на оваа земја од страна на нашите луѓе,која многу нуди не само од класичен туристички аспект и сепак потребата за размена на искуства.
Годинава бев на едно малку поинакво патување низ Турција,поминав 5000км со колата низ внатрешноста и по медитеранот и егејот и видов многу нешта и ситуации вредни да се спомнат кои би им послужиле на некој друг и ме натера да ја отворам темата за оваа наша блиска и пријателска земја.
Колку и дали има патарини од СКОПЈЕ >ГРЦИЈА > ТУРЦИЈА > Истанбул ,колку саати возеше или вкупно колку саати помина зад волан.

Истото важи и за медитеранот кај шо си бил цени за сместување и време денови.
 
M

macgowan

Гостин
Битола-Истанбул(низ Грција,преку Кожани/Верија) има 2 патарини,една пред тунелите кај Верија и една пред Солун,двете по 2,80 еур.За низ Турција на граница купив картичка за патарини со кредит од 25 лири(10еур) и ми заврши работа за цела ТР(за низ Истанбул и потоа секаде каде имаше автопат).За низ Истанбул, мислам само за да преминиш преку Bogazici мостот требаат 3 лири на картичката,повеќе нема кеш плаќање. Инаку,со понекоја кафе пауза и 15мин чекање на ГР-ТР граница,до Стамбол стигнав за 9 сати отприлика.Возење `активно` па,7 и пол сати.

Цени за сместување...се имав резервирано со време,нешто преку booking,нешто директно и тоа доста поволно.Ќе ти кажам само дека во Фетије,конкретно на Calis beach,изнајмив преку hollidaylettings.co.uk супер апартмани за 6+2 лица,два спрата,две купатила 3 спални,со базен пред тебе,луксузно наместен за 330еур неделно.
 
На врв Bottom