Турција

  • Креатор на темата macgowan
  • Време на започнување
M

macgowan

Гостин
Некој да ми каже дали некој од вас бил во областа Кападокија во Турција? Ме интересира, како се стигнува до таму и дали некоја од агенцииве наши има туристички тури до таму. На пример јас би скала да го шетнам неколку дена Истанбул, и после неколку дена во Кападокија (не знам кои градови се таму). Можеби macgowan може да ми каже или кој и да бил таму. Пред извесен период гледав една репортажа на Ирена Спировска и ептен ме бендисаа карпите и цела таа околина таму. (y)
Јас бев минатата година неколкку дена. Има поназад на темава напишано. Гледај на мапата а јас ќе ти објаснам каде да одиш. Додуша кога ќе одиш таму ќе ти дадат мапи и ќе ти објаснат ако одиш преку агенција а и ако одиш на своја рака било каде прашај ќеф им е да објаснуваат на локалците:).

Јас бев сместен во Goreme, кое како гледаш има централна позиција и ти е супер база за шетање низ Кападокија бидејќи `најбитните` работи се во неговата околина-Зелве, Учхисар, долината на гулабите, секаде наоколу имаш fairy chimneys, прастари цркви и населби од ранохристијанскиот период и од прастари времиња. Се меѓу Гореме, Аванос и Ургуп ти е вредно за гледање, достапно на било кој начин и во близина. Кога ќе одиш зами си мапа таму и се ќе ти објаснат. Единствено не бев во Ихлара долината и ми е мака ама немав време.
Покрај се горенаведено, под must see да ти бидат подземните градови! Тоа е нешто фасцинантно! Јас бев во Деринкују(имам пишано поназад во темата да не се повторувам, прочитај) а пред него уз пат го имаш Кајмакли ама мислам овај првоспоменатиот ти е позачуван.
Кападокија е нешто посебно, како да си на друга планета, со пејсажи од Star Wars.
Оди обавезно ако си во можност незаборавно е. Само да знаеш дека е многу далеку од Стамбол. Јас возев 10 и кусур сати до таму.
 
Член од
7 август 2012
Мислења
12
Поени од реакции
0
леле Macgowan фала ти највише за брзиов одговор. Ај па ќе ги прочитам и тие поранешни постови. Не знаев дека веќе си пишувал на оваа тема. Јас имам огромна желба да одам и се надевам дека еден ден ќе ми се исполни желбата. Во моментов тоа ми е најголемата желба :) Фала ти што ми објасни, и се надевам дека ќе можам да ја искусам таа убавина таму. Само јас немав претстава дека е толку далеку од Истанбул. Ама јас ти сум авантурист така да не би ми било проблем. Уште мм да го натерам да се впушти во оваа авантура и се ќе биде добро :coffee::)
 
Само напред! Ако одите со колата ќе гледате низ Анадолија и пејсажи од филмовите со Џон Вејн(не само Џорџ Лукас фрејмови). Од Анкара према Аксарај а потоа накај Невшехир е посебна приказна и филинг!
 
Член од
9 август 2012
Мислења
2
Поени од реакции
1
Пред 8-9 години бев во Фетије, немам зборови ...
Чалаш плажата кај што бевме сместени - ништо посебно, ама затоа си изнајмивме скутери и се изнашетавме наоколу, олудениз, сакликент, па со бродче по островчињата ... no comment.

Е сега оваа година пошто буџетот за одмор ми е ептен мал сакам да одам во Кушадаси. Таму не сум била. Ќе одиме на почетокот на септември па ме интересираат неколку работи.
- Дали е подобро да најдам сместување во некое хотелче блиску до Ladies beach за потоа навечер да одам пешки до центарот, пошто воопшто немам проблем со пешачење - напротив сакам?
- Друго, ќе одиме со сопругот (без деца сме) па ме интересира дали е скапа храната низ градот - односно дали да си уплатиме во хотелот плус за вечера? - Колку чини кафе, сокче, пивце ...гиро, пица...?
Тука некаде мислам дека прочитав дека лежалка е околу 2-3 евра. Дали е е тоа од човек ..?
 
Јас бев минатата година последно, за оваа година цените не верувам да се нешто дигнати.
Храната во Турција по ресторани не е баш ефтина за разлика од кога си била порано, но не е и нешто посебно скапо, на пример како во Грција доколку си била скоро, можеби за нијанса поефтино. Твој избор е дали ќе одиш со полупансион-според мене види ја разликата со и без вечера која е оти пак ќе излегуваш и пак ќе трошиш надвор понешто. За лежалките лани Кушадаси не знам колку беа, знам дека во Олудениз, баш во лагуната од внатрешната страна 2 лежалки и чадор беа 18 лири(7-8 евра) а Далјан и Чалиш беа на пример нешто поевтини, ама Кушадаси ќе да се како Олудениз.
На ladies beach ти е најдобро да се сместиш, ем тии е моррето пред тебе, ем имаш се што сакаш друго во околината.
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Тешко дека Турција ќе биде омилена дестинација далеку е и многу е топло до август.

Сум го рекол тоа и порано нашиот народ уште сака кратки рецепти кога оди на одмор никој не сака да патува долго за да се бања во море.

А Турците си сфатиле конечно тоа дека квалитетна услуга и ефтина цена нема едноставно нема логика.
 
За жешко е жешко, и тоа и Јули...и тоа посебно во Анталискиот регион не е толку проблем висината на температурата туку влагата која е огромна.
Но тоа не го спречува `истоварањето` на 11 милиони туристи во 2011 год. само во регионот на Анталија.
Најубаво е вон сезона, мај, јуни и септември и октомври, кога времето е прекрасно и морето топло.
 
Член од
9 август 2012
Мислења
2
Поени од реакции
1
а да се зима ли нешто по долги ракави ?:)
 
Член од
9 февруари 2012
Мислења
14
Поени од реакции
11
Ајде да ја живнеме малку темава за Турција :)
Минатата година во август бев во Дидим и Калкан.Си поминавме убаво и можам слободно да ви кажам дека воопшто не е неподносливо жешко,туку напротив постојано дуваше ветре кое не ни даваше да се "испотиме".
Macgowan, добро ми дојдоа твоите совети околу патувањето, уште еднаш, голема благодарност до тебе.
Оваа година ја планирам турата Станбол-Анкара-Кападокија-Сиде-Олудениз-Чанаккале.
Бидејки по се изгледа одиме соло,малку ми прави шубе патот покрај Tuz Golu, пред Кападокија, со оние табли со предупредувањата.Колку според тебе(и сите оние кои ја возеле рутава) тој пат е безбеден?
Ако не ти е проблем пиши ми ги хотелите во кои си престојувал во Истанбул и Гореме.
Би сакал да ми се јават сите оние кои би ја возеле оваа рута годинава,за евентуално заедничко патување.
 
Нема никаков проблем за безбедноста, ние застанувавме барем петпати на таа делница кај соленото езеро, де за сликање, де се `шлакавме` во него, па ај диња да купиме...па ај бадеми(има по патот нонстоп продавачи на се и сешто) па пуштање вода...и не фати црна темница. Фреквентно е доста по патот, како и секаде низ ТР. За тие таблите мора да имало причина чим се ставени нормално ама `џандарма` има секаде така да без гајле. Локалец во Гореме ми спомна на бед `туркиш инглиш` оти имаат крадено од коли паркирани покрај езерото, оти многу луѓе застануваат и оставаат отклучено, глетката е фасцинантна па кардашите имат користено прилика демек...
Совет - не губи време за Анкара, во интерес на времето- еден куп време ќе изгубиш за влез/излез туку ако правиш пауза застани во еден огромен мол покрај ринг роудот. Ќе го видиш на гугл.
Во Гореме или каде што ќе бидеш сместен да земиш/ќе ти дадат мапа во хотелот обавезно и ќе видиш каква тура да направиш. Обавезно посета на еден од подземните градови-Кајмакли или Деринкују(јас бев таму)!
Ако сакаш да се возиш со балон обавезно ценкање и никако да ти ја крева цената над 110 евра(оти нудат и од 120 нагоре, а нема врска се е исто). Јас се возев со Urgup Baloons.
Ако кинисаш за Сиде, патот те води покрај Коња, вреди да се види Мевлана теќе, во центарот. Коња е центарот на суфизмот вo TR.
Хотелите и апартманите ти ги пишам на пп.
 
Фала ти многу за советите и информациите(посебно тие за патот),навистина ми ги се избришаа сите сомнежи што ги имав предходно.:)
Што мислиш за Сиде,дали е добро место за одмор,или има и поубави места во тој предел?
 
Сиде е супер. Местоположбата му е добра за шетање низ Анталискиот залив, на пола пат си и до Анталија и до Алања(на сат и пол возење). Исто ми се допаѓа во Анталискиот залив Кемер.
 
А

Атомската мравка

Гостин
Сум бил само во Инстанбул и слободно можам да кажам дека е еден од најживите градови што сум ги посетил до сега, најинтересно што ми остави впечаток е тоа што 80% од оние што работат низ продавниците се претежно млади лица до кај 20-25 години а не е ни чудно тоа оти мислам во Турција значително помлади се пензионираат. Сладоледот им е ептен добар, првпат пробав таму и сендвич со риба близу Галата мостот.. обавезно да се посети и Галата кулата која дава прекрасен поглед на градот и морето малце поскапа е картата а има и различни цени за туристи и турци, затоа ако знаете некој збор на турски преставете се како такви нека не ви зимаат дупло повеќе пари. Народот исто така дружељубив посебно кога ќе дознаат дека си од Македонија, јас имав прилика и да отидам до пензионрски клуб на турци кои имаат потекло од Македонија и луѓево какво гостопримство ми направија како да сум нивни внук па кога почнаа слики да вадат од џебовите во Македонија.. плаќање на чај и вода никако се налутија кога извадив пари да платам :D инаку интересно кај нив е што приметив еден иде во тоа клубот и за цела маса пушта тура чај, додека бев саат време таму 5-6 луѓе дојдоа како пијат толку чај не ми е јасно. Градскиот сообраќај им е многу добро организиран и имаат 10/10 за тоа, климатизирано се добро и на секоја станица обезбедено од страна на полицааец..

А и аеродромот им е ептен активен, посебно навечер тоа добро се приметува ако седиш покрај брегот и во секој момент гледаш минимум 5-6 авиони како се упатуваат кон аеродромот.. како го регулираат тоа алал нека им е. Единствено негативно е тоа што морето во делот кај галата мостот близу и општо кај што мине низ градот ептен смрди водата сигурно поради малата протечност, а има и премногу џамии кои не те оставаат на раат и цело време нешто пеат од нив па не е згодно за ушите баш.
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
1.691
Поени од реакции
2.276
Некој да сподели искуство како е со цените во Кушадаси, јадење, пиење, за ноќен живот по дискотеки и слично...фала :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom