Турција

  • Креатор на темата macgowan
  • Време на започнување
M

macgowan

Гостин
Ве молам некој да предложи место за ноќевање после Чанакале. Сепак ќе одам во Кушадаси со колата. Ќе одев во Саримсакли ама ме премислија доста луѓе па еве одам таму каде ми е проверено.
Дали баш во Чанакале е подобро за ноќевање или понатаму има подобри места. Јас гледав нешто ама не ми се јасни тие места после Чанакале.
Фала однапред!
Можиш преноќиште да правиш во Чанаккале, зависи кога си тргнал и како стоиш со возењето т.е. дали си одморен оти после Чанаккале према местата кои први излегуваат на море(Кучукују, Алтинолук и.сл)има една планинка за врвење која е малку терсене за навечер+ако си уморен+фреквенција на движење охохо...е лоша комбинација ако не мислиш да ја силиш работата па да стигниш шо подалеку па другиот ден да имаш помалку пат. Нема врска, истото ти е, поарно остани Чанаккале ако не брзаш, прошетај, не е мал град башка со големо значење за Турција и музеи и знаменитости за битките на Дарданелите во WW1.
А местата после Чанаккале(ако мислиш тие покрај море што ти ги спомнав) се со еден куп хотелчиња каде на лице место можеш да најдиш смештај без проблем, ок се на се.

Значи - мој совет, премини со траектот, најди хотелче и rest...+ совет бр.2, седни покрај море со бирата в рака+ражњичот да се сонча до тебе, гледај ги бродовите и танкерите кои врват низ теснецот дури не ти се смачи од сонцето или подуе ветрот, правец слаткарница на баклава па rest...
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.627
Поени од реакции
14.403
macgowan, милина ми е кога читам за Турција од тебе
 
Член од
30 октомври 2008
Мислења
56
Поени од реакции
5
Според тоа шо читав до сега има искусни турски туристи тука :) мислам дека некој ќе помогне. Планирам да одам со некоја агенција ( се мислам помеѓу 2/3 ) во Кушадаси со превоз од агенција. Треба само да направам избор во кој хотел и со која агенција, опциите се :
хотели со 10 ноќевања и појадок

Атлантик - Munchen ; Topalan ; Lal ;
Фалкон - Sunny Hill до сега за овој сум ; Tecimen (во овие два климата е вклучена во цената)
Савана - Germen ; Ozcam (овој нема сопствено купатило)

Ако некој знае нешто плус нека сподели.
Фала.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846

Е тука обрати се кај Macgowan, типот има големо познавање за Турција. ;)
 
M

macgowan

Гостин
Според тоа шо читав до сега има искусни турски туристи тука :) мислам дека некој ќе помогне. Планирам да одам со некоја агенција ( се мислам помеѓу 2/3 ) во Кушадаси со превоз од агенција. Треба само да направам избор во кој хотел и со која агенција, опциите се :
хотели со 10 ноќевања и појадок

Атлантик - Munchen ; Topalan ; Lal ;
Фалкон - Sunny Hill до сега за овој сум ; Tecimen (во овие два климата е вклучена во цената)
Савана - Germen ; Ozcam (овој нема сопствено купатило)

Ако некој знае нешто плус нека сподели.
Фала.
Kаде се наоѓаат хотелите, во градот или во околината?
 
M

macgowan

Гостин
Ко така ти е сеедно...секако таа `градската` плажа не чини, мислам ок е за да се изладиш в море ама да врвиш време на неа... не верувам. Ќе фаќаш долмуши кои се доста ефтини и има за секаде. Добра во градот ти е Ladies beach а обавезно да го посетиш националниот парк до Кушадаси(плажата е супер и мирно е, на Лејдис е гунгула). Имаш и еден куп плаживо околината, за секаде имаш комбиња, што знам - Лонг Бич, Куштур... не ги памтам повеќе...:)
Накратко - Must see кога си веќе таму - Ефес и посета на Adaland или Aquafantasy аквапарковите. Сум бил во повеќе такви и можам слободно да констатирам дека овие во Кушадаси се едни од поголемите и поубавите, поготово Adaland.
 
Член од
24 декември 2010
Мислења
66
Поени од реакции
13

Можеш да ни кажеш какви се плажите поточно, некако од сликиве на Google немам јасна претстава, пример дали е плитко по 100 метри во далечина или има можности за пливање и колку е чиста водата зашто колку што можам да забележам има пристаниште.
 
M

macgowan

Гостин
Водата е чиста нема проблем, плажите се песочни претежно, плитки(Куштур мислам е подлабоко одма и во нац.парк колку паметам, а таму се и каменити плажите).
http://www.youtube.com/watch?v=i__56YjxaM4&feature=related Ladies beach
http://www.youtube.com/watch?v=ahwDvR4LTls Long beach
http://www.youtube.com/watch?v=WHZB0Zog4ww Kustur beach
http://www.youtube.com/watch?v=ZSNCNRXZWi0&feature=related Нац.парк Кушадаси/Дилек
http://www.youtube.com/watch?v=u18DZLNY3ys Ozdere(има доста хотели кои се во тој дел, не ме бендисува морето таму)
http://www.youtube.com/watch?v=sayD_XbYt_s&feature=related Градската плажа...
друго не ми текнува.
Плажите си се ок, но немој да очекуваш нешто екстра...најубавите плажи и море во Турција се во потегот од Мармарис до(заедно со)Анталискиот залив.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
704
Поени од реакции
260
Планирам годинава Кушадаси,нешто повеќе околу ноќниот живот таму?
 
M

macgowan

Гостин
Планирам годинава Кушадаси,нешто повеќе околу ноќниот живот таму?
Имаш barstreet - пабови и барови, забава до сабајле, без гајле!
Јас одев за пустење со друштво пред повеќе години(koga efesot beše vo barstritot 5marki a edna ulica podolu 1marka), последните пати бев примеренfamily guy...
 
Dzings

Premium
Член од
31 март 2007
Мислења
1.804
Поени од реакции
52
Битола-Истанбул(низ Грција,преку Кожани/Верија) има 2 патарини,една пред тунелите кај Верија и една пред Солун,двете по 2,80 еур.За низ Турција на граница купив картичка за патарини со кредит од 25 лири(10еур) и ми заврши работа за цела ТР(за низ Истанбул и потоа секаде каде имаше автопат).За низ Истанбул, мислам само за да преминиш преку Bogazici мостот требаат 3 лири на картичката,повеќе нема кеш плаќање. Инаку,со понекоја кафе пауза и 15мин чекање на ГР-ТР граница,до Стамбол стигнав за 9 сати отприлика.Возење `активно` па,7 и пол сати.

Цени за сместување...се имав резервирано со време,нешто преку booking,нешто директно и тоа доста поволно.Ќе ти кажам само дека во Фетије,конкретно на Calis beach,изнајмив преку hollidaylettings.co.uk супер апартмани за 6+2 лица,два спрата,две купатила 3 спални,со базен пред тебе,луксузно наместен за 330еур неделно.
Ги прочитав скоро сите постови на темава ама не најдов одговор како е најефтино и најдобро за патување од Бодрум за Измир и Кушадаси
 
M

macgowan

Гостин
Ги прочитав скоро сите постови на темава ама не најдов одговор како е најефтино и најдобро за патување од Бодрум за Измир и Кушадаси
Вака, на 100 км од Измир е Кушадаси а на 250км е Бодрум. Значи од Бодрум до Кушадаси има 150 км.
Најдобро и најефтино патување низ Турција, ако не си со сопствен превоз е автобускиот превоз. Тоа важи за цела Турција. Поради високата цена на горивата во ТР, автобускиот превоз се практикува `наголемо` и има неколку компании чии феноменални автобуси, со сите нишани крстарат низ земјата. Буквално насекаде.
Имаш агенции кои продаваат карти за секаде. Не можеш да ги промашиш никаде.
 
Dzings

Premium
Член од
31 март 2007
Мислења
1.804
Поени од реакции
52
Вака, на 100 км од Измир е Кушадаси а на 250км е Бодрум. Значи од Бодрум до Кушадаси има 150 км.
Најдобро и најефтино патување низ Турција, ако не си со сопствен превоз е автобускиот превоз. Тоа важи за цела Турција. Поради високата цена на горивата во ТР, автобускиот превоз се практикува `наголемо` и има неколку компании чии феноменални автобуси, со сите нишани крстарат низ земјата. Буквално насекаде.
Имаш агенции кои продаваат карти за секаде. Не можеш да ги промашиш никаде.
Ај сега уште нешто да те прашам, кога веќе почнав. За Дијарбекир шо ќе ми кажеш? Имам едно другарче таму, сакам да го посетам. Ми се оди а и некако не ми се оди, малце е далеку мора авион од измир да фаќам..
 
Член од
7 август 2012
Мислења
12
Поени од реакции
0
Некој да ми каже дали некој од вас бил во областа Кападокија во Турција? Ме интересира, како се стигнува до таму и дали некоја од агенцииве наши има туристички тури до таму. На пример јас би скала да го шетнам неколку дена Истанбул, и после неколку дена во Кападокија (не знам кои градови се таму). Можеби macgowan може да ми каже или кој и да бил таму. Пред извесен период гледав една репортажа на Ирена Спировска и ептен ме бендисаа карпите и цела таа околина таму. (y)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom