Ти благодарам за споделеното искуство.
Се надевам дека за изминативе две години Турците ги подобриле патиштата.
Патиштата од Чанаккале према Измир се обновени*единствено еден дел после Чанаккале ама и тој го правеа). Пишував поназад на темава подетално за патиштата.
Траектите на дарданелите се нови и сега одат за 10 мин.
--- надополнето: 18 април 2012 во 23:01 ---
Ако некој бил со кола од Скопје до Калкан во близина на Анталија, дајте информации каков е патот,од каде е најдобро да се оди зошто има неколку варијанти.
Јас бев во Калкан летово, само на врвење(на пат од Фетије до Каш), местенцето е феноменално, морето исто така. Не е баш во близина на Анталија. Јас одев од Анталија до Фетије не по патот покрај море зошто е доста повеќе возење а го шетав тој дел кога се стационирав во Фетије. Би ти препорачал да одиш преку Чанаккале, Измир па према Мугла и Фетије. Добри се патиштата немаш проблем. Јас залутав од Фетије према Денизли преку пат шо на мапата беше бележан со најтенката можна линија
оти ем GPSот ме зезна ем као ќе одевме off beaten track и тоа многу ме кошташе...мислам возев 5-6 сати низ најголемите можни волкопрцачини, така да...само по автопатиштата или сл.
Еве го најрамниот дел од таа делница(некои 500м од вкупно 200км), ми е жал дека не направив појќе фотографии со козите по патот и оставените багери насред пат.