Турски / Индиски / Шпански и останати „Ш“ серии - тема само за хејтери!

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Секој си гледа тоа што му се допаѓа. Е сега и јас можам да зборувам се и сешто за овие серии, што и навистина го мислам, али ич не ме интересира, ТВ гледам само за спорт, а инаку си гледам корејски серии, кои немаат споредба со овие нискобуџетниве во глума, разновидност на жанрови, продукција, реализација и сл. Али можда некој па може за мене да зборува оти гледам корејски серии и така...;) Решение: не гледајте ТВ, додека може да тераме пиратерија кај нас уживајте си ;)
Ок а да речеме одиш на викенд некаде и сакаш да се релаксираш, да погледаш филм навечер. Да не ќе треба да се заакуваш лаптоп да носиш? :)

Не е до пиратеријата, за гревови сме со ова што го има по телевизииве. На што личи тоа 24/7 да има турски серии? :ROFLMAO: За тебе и твоите корејски серии би зборувале само ако тие се емитуваат по цели денови, од сабајле до вечер. Се што е претерано не чини, не е проблемот за тоа што се емитувала една серија. СЕ ЕМИТУВААТ 100. Нека има една телевизија една турска серија и толку. Вака само ја слушам баба ми дека искочиле некои серии нови, ни јас не знам како можат да памтат толку ликови.

И ај што ги има од понеделник до петок, туку и за викенд кога очекуваш накај 4 PM да дадат некој филм, тие ти вртат репризи од понеделникот до петокот, за во случај некој ако ја испуштил третата реприза што оди во 4 сабајле во среда. :eek:

Еве и за љубителите на овие серии што ја читаат темава, ја памтите сигурно Incantesimo што одеше на А1, италијанската серија со клиниката. И таа беше серија ама не видов еден да ја руга јавно, напротив. Има разлика од квалитет и шунд. Има разлика од глумци со школо што се вели и луѓе собрани од улица.
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.884
Поени од реакции
6.950
За носењето лаптоп негде би ти одговорил: ДА :D Во денешно време шо се вели попрво би пошол негде со лаптоп отколку со кола. Па ако таму кај што ќе одиш има ЛЦД ТВ можда доволно ќе ти биде усб или екстерен диск :pos:. А накратко ако можеш да ме заопознаш колку и какви серии моментално одат на Сител и Канал 5?
 
Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959

Индиско-турски....Колку, искрено одамна прекинав да бројам ама wild guess околу 6-7 ќе се соберат на двете телевизии заедно.
Јас стварно незнам како стариве успеаваат да ги запамтат ликовите.....абе преку 100 ликови се тоа да памтиш, коој што направил, како и зошто. Алал нека им е, треба GOT да им ја дадам да ја гледаат ликовите уште во прва епизода сите ќе ги знаат (иако се милион ликови), нема да мора да ја гледаат одново за да не пропуштиле нешто.
Моментално само Телма вреди....незнам дали даваат некоај турска или индиска (и да даваат најмногу една нека е таква), а во меѓувреме даваат Хаус, Закон и ред, Батлстар Галактика, Монк.
 
Член од
29 јануари 2012
Мислења
2.172
Поени од реакции
3.719
Само едно ме нервира кога и да го вклучам телевизорот на Сител и Канал 5 мора да има некоја турска серија и тогаш страшно се нервирам дури ми доваѓа и да си запалам цигара пред моите(иако не пушам). :)
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Само 9 страни бе хејтери :свиркам:
Очекував повеќе :icon_mrgr:
Некои од хејтерите кои ги следат серииве (нема да прашуваме под какви околности ;) ) не е лошо повремено да ни доловат некоја топ сцена од овие врвни актеришта, сценаристи, режисери...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.155
Поени од реакции
23.299
Секоја сцена кај нив е топ сцена, а особено топ се тие кај што има повеќе дијалози.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Ужас се серииве,каква музика има во позадина никаква одбивна одвратна ми иде нагон на повракање кога ја слушам тоа синхронизацијата цело време плачат нешто секоја серија им се семејни проблеми до јаја и како верата не им дозволува некоја љубов абе мизерии,ужаси мора некако да куртулиме од серииве.

Можам да кажам само долина на волците беше добра серија поради тоа што реално го прикажува криминалот во турција и имаше добра приказна.
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.155
Поени од реакции
23.299
Е да, моментот кога умре Саваш ( 10 мин се думам за да ми текни името ), уствари не беше умрен ама едно колективно синхронизирано плачење ко удрија.
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Ужас се серииве,каква музика има во позадина никаква одбивна одвратна ми иде нагон на повракање кога ја слушам тоа синхронизацијата цело време плачат нешто секоја серија им се семејни проблеми до јаја и како верата не им дозволува некоја љубов абе мизерии,ужаси мора некако да куртулиме од серииве.

Можам да кажам само долина на волците беше добра серија поради тоа што реално го прикажува криминалот во турција и имаше добра приказна.
Ако реално го прикажуваше криминалот тогаш и Чак Норис би бил смртоносен :icon_mrgr:
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Некои од хејтерите кои ги следат серииве (нема да прашуваме под какви околности ;) ) не е лошо повремено да ни доловат некоја топ сцена од овие врвни актеришта, сценаристи, режисери...
Sulejman se ozeniiiiiiiiiiiiiiiiiiii so taa crvenata!

него, вчера ми се деси „интересна“ случка со серииве...

ме праќа татко ми да му однесам нешто на комшијата синоќа, и идам ја, ѕвонам на врата, излага комшијата (триесет и кусур години, фамилијарен човек) му давам то шо требаше, и он стандард нели од љубезност вика...

комшијата: еј, па ај влези на едно пиво/сок/кафе...
јас: (срамежливо) Абе... да не ви сметам...
комшијата: не бе не, ајде ( и полека ја тргнувам натаму )
комшијата: немам ништо работа, гледам Езел...
јас: (веќе поднаведнат да си ги соблечам патиките) Еееееј абе.... не, еј, неможам многу имам за учење за утре...
комшијата: Абе на 15 минути само...
јас: (веќе 10 метри заминат излагам од дворот) Не, не, не.... друг пат, друг пат....

:гик:
 
Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Е да, моментот кога умре Саваш ( 10 мин се думам за да ми текни името ), уствари не беше умрен ама едно колективно синхронизирано плачење ко удрија.
И најдобрата реченица некогаш изговорена:
Господинот Саваш е убиен во Ирак.....изгледа е мртов :(.......
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
И најдобрата реченица некогаш изговорена:
Господинот Саваш е убиен во Ирак.....изгледа е мртов :(.......
:pos:
Што ги знаеш, Ранду дишеше длабоко на сопствениот погреб... не може човек да е сигурен...
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.392
Поени од реакции
25.200
комшијата: немам ништо работа, гледам Езел...
јас: (веќе поднаведнат да си ги соблечам патиките) Еееееј абе.... не, еј, неможам многу имам за учење за утре...
комшијата: Абе на 15 минути само...
јас: (веќе 10 метри заминат излагам од дворот) Не, не, не.... друг пат, друг пат....
На оваа "сцена" ми текна на мемево

И така како си одиш покерфејснат со солзи во очите. :pos:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom