Ilumious
Патник, педер, поет, администратор, масон
Секој си гледа тоа што му се допаѓа. Е сега и јас можам да зборувам се и сешто за овие серии, што и навистина го мислам, али ич не ме интересира, ТВ гледам само за спорт, а инаку си гледам корејски серии, кои немаат споредба со овие нискобуџетниве во глума, разновидност на жанрови, продукција, реализација и сл. Али можда некој па може за мене да зборува оти гледам корејски серии и така...Решение: не гледајте ТВ, додека може да тераме пиратерија кај нас уживајте си
![]()
Ок а да речеме одиш на викенд некаде и сакаш да се релаксираш, да погледаш филм навечер. Да не ќе треба да се заакуваш лаптоп да носиш?

Не е до пиратеријата, за гревови сме со ова што го има по телевизииве. На што личи тоа 24/7 да има турски серии?

И ај што ги има од понеделник до петок, туку и за викенд кога очекуваш накај 4 PM да дадат некој филм, тие ти вртат репризи од понеделникот до петокот, за во случај некој ако ја испуштил третата реприза што оди во 4 сабајле во среда.

Еве и за љубителите на овие серии што ја читаат темава, ја памтите сигурно Incantesimo што одеше на А1, италијанската серија со клиниката. И таа беше серија ама не видов еден да ја руга јавно, напротив. Има разлика од квалитет и шунд. Има разлика од глумци со школо што се вели и луѓе собрани од улица.