Туристички информации

Член од
24 декември 2011
Мислења
150
Поени од реакции
24
Дали некој бил во Лондон туристички онака да прошета ? Кои документи ми се потребни за виза ако сум студент и планирам таму да спијам во хотел ?
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.848

Да дојдеш до англиска виза е исто ко да одиш до Месечината. :ROFLMAO:
 
Член од
24 декември 2011
Мислења
150
Поени од реакции
24
Да дојдеш до англиска виза е исто ко да одиш до Месечината. :ROFLMAO:
Познато ми е дека е тешко да се добие виза ама твојов коментар не ми помогна воопшто. Така да, има ли некој што може да ми помогне ?
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.848
Познато ми е дека е тешко да се добие виза ама твојов коментар не ми помогна воопшто. Така да, има ли некој што може да ми помогне ?
90/100 Фунти е визата иначе.

Ова е барањето http://www.macedonianembassy.org.uk/MNRVisaForm.pdf

Овде аплицираш http://www.visa4uk.fco.gov.uk/ApplyNow.aspx

Оригиналните документи треба да им ги дадеш. И нормално, ќе ти ги вратат. Или ако не сакаш да им ги даваш оригиналните, оди на нотар и нека ти ги заверат копиите.
Ќе требаат и две фотографии во боја со бела позадина. Нивните димензии треба да бидат 45 на 35мм.

Кога веќе спомнав за помош, барем да ти бидам од корист. ;)
 
Како е подобро да аплицирам, онлајн или директно да одам во амбасада ? На нивната страна на едно место пишува дека би било од помош доколку приложам резервација од авионска карта и смештај, а па во други информации исто на нивната страна пишува дека советуваат да не се букираат хотели и летови пред да се добие визата и незнам што да правам ?
 
Оди ако не дирекно во амбасада па ќе ти кажат што треба а што не.
 
Член од
24 декември 2011
Мислења
150
Поени од реакции
24
Звонев во амбасада и не ни стигнав да зборувам со вистинска личност, самата програма ми кажа дека за какви било прашања дека треба да ги консултирам Worldbridge кои биле задолжени за издавање на визите, а да вртам на некој англиски број за да се слушнам со нив немам намера. Исто така на страната на амбасадата пишува дека нема да ти помогнат со ниедно прашање во врска со визите затоа што пишувало на страната. Не ми е јасно како да резервирам и авионска карта и смештај без да платам како што они викаат на страната... Многу би ми помогнало ако некој бил (а да не бил кај пријател со гарантно писмо).

Инаку како што кажа за да извадиш виза потешко е него да се качиш на месечината. Не ми се јасни ич, толку пакистанци и индијци и што се' не имаат, а ние од Европа треба и крв да дадеме за една виза.
 
Чекај уште си на почеток. :D Не даваат така лесно виза. Али пробај. Може да имаш среќа.
 
Член од
21 октомври 2007
Мислења
99
Поени од реакции
58
Звонев во амбасада и не ни стигнав да зборувам со вистинска личност, самата програма ми кажа дека за какви било прашања дека треба да ги консултирам Worldbridge кои биле задолжени за издавање на визите, а да вртам на некој англиски број за да се слушнам со нив немам намера. Исто така на страната на амбасадата пишува дека нема да ти помогнат со ниедно прашање во врска со визите затоа што пишувало на страната. Не ми е јасно како да резервирам и авионска карта и смештај без да платам како што они викаат на страната... Многу би ми помогнало ако некој бил (а да не бил кај пријател со гарантно писмо).

Инаку како што кажа за да извадиш виза потешко е него да се качиш на месечината. Не ми се јасни ич, толку пакистанци и индијци и што се' не имаат, а ние од Европа треба и крв да дадеме за една виза.
Оди во туристичка агенција и резервирај карта за периодот во кој што сакаш да одиш, тоа не се наплаќа, тие ќе ти ја испечатат резервацијата, исто така на booking.com најди било кој хотел за кој што е бесплатно откажувањето на резервацијата. Тие две работи би требало да се доволни, така што и да не ти дадат виза нема да си во зијан, освен мислам што не ги враќаат парите уплатени за виза.
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.177
Поени од реакции
4.133
Ме интересира колку кошта со автобус Скопје-Загреб??И дали некој бил во Загреб да каже впечатоци,препорака за хостели и сл.???
 
Член од
29 октомври 2012
Мислења
55
Поени од реакции
10
Ве моалм понуди за Н.Г.или за Истанбул или Будипешта..претежно Истанбул :P
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Ме интересира колку кошта со автобус Скопје-Загреб??И дали некој бил во Загреб да каже впечатоци,препорака за хостели и сл.???
Карта е 90 евра повратна или 50 евра во еден правец со Хисар Туризам...Хостел би ти го препорачал Ноктурно кој се најдува во самиот центар веднаш зад Бан Јелачиќ, односно пазарот Долац.
Мислам дека е некаде околу 20 евра од вечер во зависност од сезоната и датумот.
Сега брзо јас бев сместен во Вила Антуновац која се најдува на некој пола сат пеш од центарот, исто така имаш и трамвај кој застанува многу блиску до истата.
Таа чини малку поскапо 45 евра од вечер за две особи и е малку подалеку, но имаш далеку поголема комфорност и приватност со сопствен туш во собата.
Имам престојувано во уште еден апартмент кој е малку поскап плус локацијата е малку подалеку и освен ако не све некоја група од 4ца не би ви го препорачал.
Мене ми е многу убав град за поминување на еден викенд посебно пред божиќниве празници кога има многу улични свирачи, бесплатни концерти на плоштадите и се пие варено вино од тие малите трафики.
Останатото е како во типичен европски град, преовладува готика од страна на архитектура во централниот дел, би ти го препорачал и Јарун ако имаш време за една релаксирачка прошетка.
Го имаш музеј Мимара, музеј на скршени срца, ако одиш сега брзо ќе ја фатиш и изложбата на Меккари фоторепортерот на Нејшинал Џеографик каде има прекрасни слики во галеријата на Зрињевац, архитектонски музеј...
Лонли планет го препорачува Мирагој гробницата, ама јас воопшто не бев импресиониран од неа.
Прашај ако те интересира нешто друго.
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
617
Поени од реакции
63
Ме интересира колку кошта автобуска и авионска карта до Германија т.е. Штудгард и колку време однапред треба да ја резервирам ?
 
Член од
29 октомври 2012
Мислења
55
Поени од реакции
10
Ме интересира колку кошта автобуска и авионска карта до Германија т.е. Штудгард и колку време однапред треба да ја резервирам ?
До Франкфурт јас бев лани со бус и чини 200 евра повратна, ако одиш со бус подготви се психички, 29 х пат :P
 
Tranquilis

Putting Macedonia on the map.
Член од
10 август 2011
Мислења
526
Поени од реакции
657
Ме интересира колку кошта автобуска и авионска карта до Германија т.е. Штудгард и колку време однапред треба да ја резервирам ?
Ти препорачувам да патуваш Скопје-Меминген со Wizz Air, а од таму со воз / автобус до крајната дестинација.
Цени ќе најдеш на wizzair.com.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom