- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Сведоци сме на интензивното рекламирање на нашата држава како атрактивна туристичка дестинација особено за алтернативниот туризам.
Тоа е добро.
Добро е и тоа што забрзано се работи на археолошко ископување и реставрација што секако ќе го зголеми нашиот туристички потенцијал.
За поздравување е и обидот да се заживее планинскиот туризам.
Сепак проблемите со инфраструктурата и организацијата остануваат рак рана.
Во очи ми паднаа два текста во дневник кои на најдобар начин ја опишуват состојбата во државата:
Велкам ту Табановце
Македонија е прекрасна мала земја, со убави езера, планини, градови, со питоми и гостопримливи луѓе... Тоа е сликата што самите ја имаме за нашата земја. Но, која е сликата за нас и за нашата земја што ја добиваат странците при првиот контакт со Македонија?
Со намера да добиеме едeн објективен одговор за тоа прашање поминавме неколку часа на граничниот премин Табановце, преку кој во летниот период влегуваат најголем број странци во земјава, главно туристички патници за Грција и за Турција. За жал, првата слика која ја добиваат странците при самиот влез во државата тешко се поправа со скапите реклами за вечноста на Македонија.
http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=2597059E778C1B469EC5FD9618AFC54C&arc=1
Александар Велики со дупки велики
Центарот на Балканот и крстосницата на овој дел од Европа е овде во Македонија... Така зборуваат нашите политичари и геостратези. Ако е така, дали ние тоа доволно го искористуваме и дали со нашата патна инфраструктура одговараме на тој предизвик? Со еднодневно возење по ударниот наш коридор со кој се гордееме, а сега има и ново име, автопат Александар Македонски, побаравме одговор на ова прашање.
Само што излеговме од Скопје веднаш грда слика: на кратко растојание неколку животни лежат на патот буквално распарчени. Заштитната мрежа што треба да нуди безбедно возење е испокината. Потоа и на сите патарини наидовме на кучиња-скитници. Веднаш по одминување на Куманово налетав на човек што го претрчуваше автопатот. За малку ќе излетав од патот обидувајќи се да го избегнам. Возев 130 километри на час - вели белграѓанец.Втората покрупна грда слика беше веќе кај Катланово. Убаво осмислениот ресторан „Македонија“ сместен на самиот раб од патот не само што не работи туку е уништен и обраснат со високи треви. Нем сведок за состојбата во државата, која засилено се рекламира како туристичка дестинација.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=D797ACF4E9CCE843A16A947A6A40D58E
Овие два текста на најдобар можен начин ги опишуват „траумите„ со кои се соочуваат странските туристи...После сите авантури што ги преживуват барајќи ги УБАВНИТЕ претставени на промотивните спотови и билборди мислам дека тешко можат да уживат во нив...
Одтука се поставува прашањето како да се решат овие и многу други поситни проблеми кои се јавуват на патот кон афирмирање на нашиот туризам?
Дали треба да се изгради една државна стратегија која ќе биде насока која ќе не води кон успешен туризам?
И како би изгледала таа стратегија?
Патем излезе новиот спот на Милчо Манчевски:
Нов спот на Манчевски за Македонија
Деновиве се најавува премиерно прикажување на Си-Ен-Ен на четвртиот во низата спотови за туристичко рекламирање на Македонија. Автор на сценариото и на режијата е Милчо Манчевски. Ова е прв спот специјализиран за одреден сегмент на туризмот, односно за сакрален туризам (цркви, манастири и џамии). Спотот е насловен Македонски храмови (Macedonian temples).
АЛСАТ-М
Видео од спотот:
http://digitalmedia.org.mk/miso/temples/webverzii/Macedonia timeless 3_website_small.mov