Туризмот и натаму останува неискористен потенцијал

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
А што е искористено во нашата мала Македонија?
Располагаме со убавини невидени и недопрени од никој жив.Имаме толку многу да покажеме ама финтата е што немаме добар адвертајзинг.Точно сега почнаа да се фрлаат интересни сум на пари за Македоија вечна и слично што е добра реклама, но сепак треба повеќе да се поработи на таа тема.
Друга битна работа-Секој сака да отиде на убаво средено место.За да се допрат недостижните и недофатени убавини на нашата земја треба да се направат услови да се стигне до истите.А депониите што владеат насекаде да не ни ги спомнуваме.
Трета работа-македонски менталитет.Еднаш дојдоа шкотите и никад више.Таксисти ги крадеа,шанкери, келнери секаде каде што беа пречекувани од нашите имаа едно на мисла.Да се опарат дур можат.
И ние ќе развиваме туризам?Дур не се средат основни работи ние нема ни Т од туризам да видиме.
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
А што е искористено во нашата мала Македонија?
.
Красулке во нашава македонија не треба ништо да искористуваме, туку да презентираме, да понудиме, а најбитно од се е да се потрудиме малку повеке да поработиме на темата туризам, да привлечеме повеке гости како домашни така и сртани гости, имаме капацитет и простор за 12 месеци во годината да не посетуваат гости,:toe: навистина имаме што да понудиме од езера, бањи, планински, селски туризам, но некој треба да се потруди за тоа, дали владата или задолжените за развој на таа гранка.........
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Красулке во нашава македонија не треба ништо да искористуваме, туку да презентираме, да понудиме, а најбитно од се е да се потрудиме малку повеке да поработиме на темата туризам, да привлечеме повеке гости како домашни така и сртани гости, имаме капацитет и простор за 12 месеци во годината да не посетуваат гости,:toe: навистина имаме што да понудиме од езера, бањи, планински, селски туризам, но некој треба да се потруди за тоа, дали владата или задолжените за развој на таа гранка.........
Темата гласи " Туризмот и натаму останува неикористен потенцијал", на што следеше моето реторско прашање "А што е искористено во нашата мала Македонија?":smir:
Инаку апсолутно се согласувам и можеше да се забележи од мојот првичен пост дека посебен акцент треба да се стави на презентирање т.е.адвертајзингот како што реков, што сега полека започнува помалку да се активира со спотовите од "Македонија вечна", но сепак туризмот како гранка треба да се развие со оглед на болдираното и многу други работи со кој изобилува нашата мала Македонија.И во поглед на развивањето точно треба да помогне владата и тоа во голема мера, но сепак треба да се развие и свеста кај граѓаните...Доста беше Балкан смер работа...:smir:
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.017
Поени од реакции
598
Од Градби и некој големи случувања ништо неаме,сем некоја природа за релаксација на некоја планина.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Од Градби и некој големи случувања ништо неаме,сем некоја природа за релаксација на некоја планина.

Треба да го нудиме тоа што го имаме...
Повеќето туристи кои доаѓат од индустриски развиени земји не се палат на „градби„ туку на култура, недопрена природа, вкусна храна од домашно производство, добро вино, ракија, прекрасна музика, љубезни и пријатни домаќини...
Тоа е тоа што треба да го нудиме...
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
Треба да го нудиме тоа што го имаме...
Повеќето туристи кои доаѓат од индустриски развиени земји не се палат на „градби„ туку на култура, недопрена природа, вкусна храна од домашно производство, добро вино, ракија, прекрасна музика, љубезни и пријатни домаќини...
Тоа е тоа што треба да го нудиме...
Токму така kultuzin, за да привлечеме гости од странство треба да се понуди тоа што располагаме најмногу, и тоа што природата го нуди кај нас чисто природно, за монолитни градби, сивило од бетон, светот е преполн од тие работи секој сака да виде, нешто несекој дневно нешто што би рекол во стилот на ретро старинско што времето тоес модерниот свет го заборавил, од трката по модерни нешта го исфрлил едноставно, а тоа е недопрената природа убавини кои кај нас ги има доволно, и на крајот како што спомна, лубезни и пријатни домакини, кои треба да се потрудат да бидат навистина такви како што ги наведовме, навистина лубезни .................
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
553
МА КАКОВ СВИНСКИ ГРИП - ПОЛОВИНА МИЛИОН МАКЕДОНЦИ НА ЛЕТУВАЊЕ КАЈ НАШИОТ ЈУЖЕН СОСЕД

Македонките кинисаа на летување во Грција!
Во Грција има 290 случаи на заразени со вирусот А (Х1Н1), а секој ден бројот на заболени се зголемува, што предизвикува вознемиреност, објавуваат грчките медиуми.Вчера, грчкото Министерство за здравство потврдило нови 32 случаи на лица заболени со новиот грип

Иако нашиот јужен сосед Грција, викендов, прогласи епидемија на свински грип, поради забрзаното ширење на новиот вирус А (Х1Н1) меѓу населението, но и туристите главно од Америка, македонските граѓани, сепак, не се премислуваат па и понатаму се упатуваат на летување на грчкото море. Изминатиот викенд 10.684 македонски граѓани ја преминале границата со соседна Грција. Бројот на македонските туристи е зголемен дури за десет отсто во споредба со првата недела од јули, кога немаше најави за пандемија на грип во јужното соседство. Дневно македонско-грчката граница ја преминуваат 14-16.000 патници, а за време на викендите од 20 до 22.000. На релација Македонија-Грција дневно преминуваат 10 до 15 автобуси, а за време на викендите на еднодневни тури и над 20 македонски автобуси.
- Со ваквото темпо на промет очекуваме месечниот биланс на патници во текот на јули да достигне рекордни половина милион, истакна Никола Стамнов, командир на Полициската станица на ГП "Богородица".
Туристичките работници потврдуваат дека откажувањата на аранжманите се минимални, речиси незначителни.
Според Стеван Пешевски од туристичката агенција Савана ако лани Турција беше топ дестинација, годинава тоа со сигурност е Грција.
- Многу е мал бројот на граѓаните кои дојдоа да ги откажат патувањата за Грција, вели Пешевски. Тој појаснува дека очигледно нема паника меѓу населението поради грипот. За Пешевски многу поголемо влијание на туризмот изврши светската криза отколку грипот.
- Кризата ни го намали прометот годинава од 20 до 30 проценти, споредено со истиот период лани - нагласува Пешевски. Тој додава дека почнувајќи од почетокот на јуни, па се досега, сите туристи што преку нивната агенција патувале во Грција, ниту еден од нив не заболел од новиот грип.
Со истиот став е и Туристичката агенција Орфеј. Тие велат дека граѓаните знаат за грипот, но сепак патуваат и досега немало никакви проблеми, ниту еден од нив не се вратил со знаци дека има грип. Во Грција има 290 случаи на заразени со вирусот А (Х1Н1), а секој ден бројот на заболени се зголемува, што предизвикува вознемиреност, објавуваат грчките медиуми.
Вчера, грчкото Министерство за здравство потврдило нови 32 случаи на лица заболени со новиот грип.
Во земјава за последниве три дена се регистрирани уште три нови сомнителни случаи од новиот грип А (Х1Н1). Првиот пациент допатувал викендов од Црна Гора, а вториот вчера од Лондон. По прегледот извршен од лекарската екипа на скопскиот аеродром, вториот пациент е донесен на Клиниката за инфективни болести со покачена температура, кашлање, треска и изнемоштеност. Третиот пациент, пак, е по потекло и живее во Соединетите Американски Држави. Тој неколку дена по пристигнување во Македонија е примен на Клиниката за инфективни болести со болка во грлото, главоболка, изнемоштеност.
Како што информираат од Министерството за здравство, во моментот на Клиниката се хоспитализирани вкупно 7 пациенти. За двајца од нив се добиени негативни лабораториски резултати, а за двајца се уште се во тек лабораториските анализи. Здравствената состојба на сите хоспитализирани лица е стабилна и покажува прогресивно подобрување.
Досега во земјава се потврдени четири случаи на заболени од свински грип. Од Министерството за здравство информираат дека момчето од Македонија кое претстојувало во Нови Сад на музичката манифестација Егзит, а од неделата е хоспитализирано на инфективната болница во Белград се чувствува добро. Тој веднаш е ставен под терапија со тамифлу и најмалку пет дена ќе биде сместен на белградската клиника.Здравствените власти информираат дека момчето е со позитивен наод на новиот тип на вирус А(Х1Н1).








Само некако не ми се верува дека отишле 500 000.
 
Член од
2 септември 2008
Мислења
997
Поени од реакции
22
За вакви девојчета ко на сликата и аз бив отишол :)
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Сите што ги имам прашано каде на одмор сите до еден ми рекоа Грција па ти прави калкулација со веројатноста :toe:.

Леле мамето нивно мазохисти неписмени,да ти ебам народот мазохистички,во Greece ќе оделе,сортата нивна погана.

Инаку има одамна еден проект за стаза на Пелистер ама не овие ѓупските од 1600 метри надморска височина,туку вистинска,зад големо езеро на негде 2200 надморска височина,то е стаза за скиање.
Какво Маврово какви бакрачи има да биди лудило,то е огромен неискористен простор.(И нема да мора да увезваме снег).
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Пробуваат луѓево нешто пештерски туризам ова она ама сето е на аматерска основа . Еден дечко на татко ми му има дадено флаер со мапа од пештерите од селата и околината од кај што потекнува татко ми.
Му рекол ќе ги носам кај Дуовата вода (пештера е). Па татко ми му одговорил: Ти дете знаеш каде е Дуовата вода? Горе на врв Козјак, треба со хелихоптер да ги носиш.
 

alek34

Многу искусен форумџија
Член од
23 јуни 2009
Мислења
451
Поени од реакции
25
абе каков туризам во македонија??? тоа ти е исто како да развиваш раногрдинарски производи на монт еверест.

дај да видиме за што сме добри --- туризмот е само мало делче, не е стратегиски приоритет.
 
Член од
31 јули 2007
Мислења
1.580
Поени од реакции
39
абе каков туризам во македонија??? тоа ти е исто како да развиваш раногрдинарски производи на монт еверест.

дај да видиме за што сме добри --- туризмот е само мало делче, не е стратегиски приоритет.
Не заебавај, историски и културен пред се, нешто различно од она што го нудат егзотичните места... не знаеш колку ги привлекува европејците тоа...
 

alek34

Многу искусен форумџија
Член од
23 јуни 2009
Мислења
451
Поени од реакции
25
Не заебавај, историски и културен пред се, нешто различно од она што го нудат егзотичните места... не знаеш колку ги привлекува европејците тоа...

лол --- која бе историја ги привлекува. ги привлекуваат базени и секс, а не историја.... 99% многу им е гајле за историја... нив историјата им почнува од кога се родиле, па и малку потоа...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom