Туризмот и натаму останува неискористен потенцијал

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Сведоци сме на интензивното рекламирање на нашата држава како атрактивна туристичка дестинација особено за алтернативниот туризам.
Тоа е добро.
Добро е и тоа што забрзано се работи на археолошко ископување и реставрација што секако ќе го зголеми нашиот туристички потенцијал.
За поздравување е и обидот да се заживее планинскиот туризам.
Сепак проблемите со инфраструктурата и организацијата остануваат рак рана.
Во очи ми паднаа два текста во дневник кои на најдобар начин ја опишуват состојбата во државата:

Велкам ту Табановце

Македонија е прекрасна мала земја, со убави езера, планини, градови, со питоми и гостопримливи луѓе... Тоа е сликата што самите ја имаме за нашата земја. Но, која е сликата за нас и за нашата земја што ја добиваат странците при првиот контакт со Македонија?

Со намера да добиеме едeн објективен одговор за тоа прашање поминавме неколку часа на граничниот премин Табановце, преку кој во летниот период влегуваат најголем број странци во земјава, главно туристички патници за Грција и за Турција. За жал, првата слика која ја добиваат странците при самиот влез во државата тешко се поправа со скапите реклами за вечноста на Македонија.

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=2597059E778C1B469EC5FD9618AFC54C&arc=1

Александар Велики со дупки велики

Центарот на Балканот и крстосницата на овој дел од Европа е овде во Македонија... Така зборуваат нашите политичари и геостратези. Ако е така, дали ние тоа доволно го искористуваме и дали со нашата патна инфраструктура одговараме на тој предизвик? Со еднодневно возење по ударниот наш коридор со кој се гордееме, а сега има и ново име, автопат Александар Македонски, побаравме одговор на ова прашање.

Само што излеговме од Скопје веднаш грда слика: на кратко растојание неколку животни лежат на патот буквално распарчени. Заштитната мрежа што треба да нуди безбедно возење е испокината. Потоа и на сите патарини наидовме на кучиња-скитници. Веднаш по одминување на Куманово налетав на човек што го претрчуваше автопатот. За малку ќе излетав од патот обидувајќи се да го избегнам. Возев 130 километри на час - вели белграѓанец.Втората покрупна грда слика беше веќе кај Катланово. Убаво осмислениот ресторан „Македонија“ сместен на самиот раб од патот не само што не работи туку е уништен и обраснат со високи треви. Нем сведок за состојбата во државата, која засилено се рекламира како туристичка дестинација.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=D797ACF4E9CCE843A16A947A6A40D58E

Овие два текста на најдобар можен начин ги опишуват „траумите„ со кои се соочуваат странските туристи...После сите авантури што ги преживуват барајќи ги УБАВНИТЕ претставени на промотивните спотови и билборди мислам дека тешко можат да уживат во нив...

Одтука се поставува прашањето како да се решат овие и многу други поситни проблеми кои се јавуват на патот кон афирмирање на нашиот туризам?

Дали треба да се изгради една државна стратегија која ќе биде насока која ќе не води кон успешен туризам?

И како би изгледала таа стратегија?

Патем излезе новиот спот на Милчо Манчевски:

Нов спот на Манчевски за Македонија

Деновиве се најавува премиерно прикажување на Си-Ен-Ен на четвртиот во низата спотови за туристичко рекламирање на Македонија. Автор на сценариото и на режијата е Милчо Манчевски. Ова е прв спот специјализиран за одреден сегмент на туризмот, односно за сакрален туризам (цркви, манастири и џамии). Спотот е насловен Македонски храмови (Macedonian temples).
АЛСАТ-М
Видео од спотот:
http://digitalmedia.org.mk/miso/temples/webverzii/Macedonia timeless 3_website_small.mov
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Треба да се смени концепцијата на рекламите за туризмот бе,во тоа е проблемот.Би било убаво доколку се снимат спотчиња како можеш да прегазиш коњ,куче или човек на пример,пропратено со реклама дека тоа го зголемува многукратно адреналинот кај туристите желни за авантура.Исто би било убаво кога на реклама би се појавиле туристи како уринираат по Охридските плажи(ако така можат да се наречат ќуповите ѓубришта крај Охридското езеро) оти нема јавни клозети.Ефтино пиење до бесвест,доколку се снабдите со алкохол до 19 часот,со истакнати цени на алкохолот во позадина како за Бренди или Мастика кој се по 5-6 евра од литар.Ефтини цигари од по 1 евро,сендвичи и кафе исто така за по 1 евро,пиво поефтино од вода,скара на кило за 5-6 евра,млади женчиња и ергенчиња спремни со “аргументи“ во секој момент да ви станат животен сопатник доколку ги избавите од оваа туристичка вукојебина.
Ете тоа би привлекло туристи,а не тимелес,мимелес,темпелс или мемпелс,демек ќе им продаваме мадиња за бубрези на странциве,очекувајќи некои од побогатите да ја посетат земјава и да остават некоја пара.Потполно промашена стратегија за рекламирање на Македонија како туристичка дестинација,што во реалноста воопшто не кореспондира со вистината.Ете тогаш ќе нагрвалат туристи колку ви душа сака,па Бугарија не можеше да дише од Финци едно време додека беше ефтино,спиеа “мртви пијани“ по плажите,и забораваа во кој хотел се одседнати,сега бегаат како од пекол оти стана скапо.:toe:
 
А треба ли некако да дојдат во оваа „вукојебина„ туристите...
Кој е луд да даде 500 евра само за пат, кога за тие пари добива „all inklusive" во Турција или во Шпанија со се лет се разбира...
Тие Финци што ги спомнуваш сигурно не ги давале тие пари за превоз...
Значи прво и основно за една туристичка дестинација е да стигнеш до нејзе...Во спротивно џабе ти се авантурите со казење на кучиња , мачиња, џабе ти се дури и евтините цигари и алкохол...кога само за пат треба да платиш дупло повеќе одколку ќе потрошиш...
Значи основно е воздушно поврзување...што се надевам дека ќе се реши со најавеното осовремување на аеродромите...

Лично мене многу привлечно ми делува и т.н.стоматолошки туризам каде пациентите ќе можат за време на престојот да си ги поправат забите...
Исто така не е лоша и промоција за оние кои сакаат да се тетовират на пример, бидејки кај нас тетоважите се и до 5 пати поевтини...

Во секој случај потенцијал има, потребна е само малку поголема креативост и поголема грижа и посветеност особено на хигиената...
Се чудам како може до толку да сме немарни...
Особено надлежните на пример Македонија Пат, која не ги одржава патиштата...
Знае ли некој што работат овие луге всушност , колку вработени има, и со каква механизација располагат...И дали косењето на тревите покрај патиштата е во нивна надлежност исто како и патните знакови...
Мислам за работа на секоја институција треба да има контрола која би ги повикала на одговорност...
 
Е сега за авионите си во право,ама тука треба да дејствува владава и да им ги укине монополите на неколку превозници со тоа што ќе ги вметне нискубуџетните авио компании како алтернатива и оп за 100-200 евра си во Охрид или Скопје но и назад,а не да дркаат оти не му чинело колцето на МАТ.:toe:
 
Нај нај основниот проблем е тоа...
Еден куп студенти , што се мераклии за алтернативен туризам ме прашуват како да стигнат до Македонија...
Мојот одговор најчесто е „Е КАКО ДЕ„...
Туку ај се надевам дека со визната либерализација , ќе се зголеми движението и исплатливоста за летање со пониски цени, а како што викаш на некој во меѓувреме ќе му текне да го симне монополот...
Зошто додека во светот летањето претставува најевтина варијанта , кај нас сеуште се смета за луксуз...
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Јас лани имав „стоматолошки туризам“ во Охрид. Од 15 дена 10 дена ме болеше забот и пцуев се по ред... И не е добра алтернатива чак и за екстремисти-мазохисти. :toe:
Дај од нормалниов туризам да видиме нешто... Па и ако треба да се оди по земјен пат...
Јасно е дека би било фино кога условите би биле поинакви, ама дајте да искористиме тоа што имаме.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Привршува гласањето за Светско чудо на природата
Ирина Гелевска Коментари (2)

22.06.2009 14:07

Уште две седмици до крајот на гласањето за пласман во полуфиналето на светскиот избор за нови седум чуда на природата.

Охридското Езеро како македонски кандидат за ново светско чудо е меѓу 10 природни убавини од Европа, кое на 5-то место во својата конкуренција влегува во полуфиналето со 77 кандидати на светскиот избор www.n7w.com.

Вториот македонски претставник, пештерите Врело кај Матка, се на 13-то место во својата група и потребно е да се искачат за две места на 11-та позиција за да влезат во полуфиналето.

„Гласањето за првопласираните 77 кандидати ќе заврши на 7-ми јули 2009-та година. Затоа гласајте за да изберете кои ќе бидат во групата 77 природни убавини од кои ќе се изберат 21 финалист“, изјави Тиа Виеринг, портпарол на светскиот избори.

Охридското Езеро и пештерите Врело досега имаат добиено повеќе гласови од странство отколку од Македонија.

Поради огромната конкуренција, Србија чиј претставник Ѓавола Варош е на првото место во својата конкуренција на природни убавини, денеска организираше промоција на плоштадот во Белград, за собирање на што повеќе гласови.

Кои ќе бидат 21 финалист што ќе го избере жири од експерти и поранешниот генерален секретар на УНЕСКО Фредерико Мајор, ќе зависи и од бројот на добиените гласови и националната промоција.

Затоа во земјава е потребна поголема поддршка за да Македонија влезе во полуфиналето со дури два кандидати што ги зголемува и шансите барем еден од нив да влезе во финалето.

Потоа за 21 финалист повторно ќе се гласа до 2011 година кога ќе бидат објавени новите 7 светски чуда на природата. Изборот носи и голема туристичка промоција на нашите природни убавини.

А1

Мислам дека влегувањето на Охридско езеро и пештерите Врело во финалниот избор ќе бидат добра реклама и афирмација на нашата земја како туристичка дестинација...
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.172
Поени од реакции
4.132
Џабе е рекламата на ЦНН,џабе се сите оние цркви и манастири,џабе се археолоишките наоѓалишта,џабе се природните убавини,џабе е се ако немаме развиена инфраструктура,средени паркови,средени плажи,гостољубиви угостители...Го имаме Кокино.И шо???Нити пат има до таму нити го има на некоја карта.
Па не е само охридско-струшкиот регион туристички регион.Колку само села со зачувана арихитектура има МК,па паркови,планински места,природа нечепната.
Туризмот учествувал со 2 % во БДП.Па толку се вложвит во него.Да се вложвит повеќе ќе учествува со 5,10,15 %...Е сега страшно е што се собираат по телевизии на дебати и констатираат дека туризмот не бил доволно развиен.Е ја откриле Америка.И наредниот ден се по старо.Тука е проблемот.:toe:
Една Словенија има 2 милиони посетители годишно.Ама си имаат стратегија за развој на туризмот.
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Додека на некого не му текне дека туристите треба прво на лесен и евтин начин да дојдат до Македонија сите вакви акции ќе останат со половичен успех. Зашто турист да дојде во Македонија кога и престојот а и патот му се поевтини за Шпанија на пример.

Евтини летови требаат и не ми е јасно како никој не се поместува да го реши тој проблем? Ќе не згази времето!

Македонија многу ме потсеќа на човек со многу таленти а од мрза не користи ниту еден!
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Џаро на времето рече.....

....да ја прајме Македонија втор Лас Вегас.....
..ама никој не го слушаше:kesa:
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Џаро на времето рече.....

....да ја прајме Македонија втор Лас Вегас.....
..ама никој не го слушаше:kesa:

Абе и Холандија да ја праиме нема да е лошо...
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Со секој паднат дожд..се поблиску сме да станеме Холандија:toe::helou:

Мислев на „либерален„ туризам...
Јас мислам дека Холандија никој не ја посетува поради убавините , иако навистина има што да се види...
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Кратко за Холандија...убавините..

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Кратко за Холандија...убавините..

Кога бев во Амстердам цело време ми се моташе песмата во глава, неверојатно колку вистина има во песната...
Како и да е Амстердам врти неверојатна пара со „алтернативниот„ туризам кој само таму се нуди...
Викенд е невозможно да се најде соба во некој пристоен хотел...се е пополнето а цените се прилично напумпани во споредба со Германија на пример.
Јас на пример не би имал против да се воведе закон за контролирано конзумирање на Тревата...Само дали тоа би можеле да го контролираме , прашање е...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom