Сонце
Малечко девојче кое што уживаше во пролетното сонце,во ветерот кој и ја дуваше нејзината кафена,кадрава коса.Трепкаше со нејзините малечки очи,искри и среќа излегуваа од неа.Таа не знаеше што е тоа тага и бол.
Растеше,почна да го осознава светот околу неа.Почна да ја чувствува злобата на луѓето на нејзината кожа...Сеуште беше насмеаното девојче со малечки очи.Сеуште го сакаше сонцето.
Како што стануваше се посвесна за светот околу неа,за скршените срца од луѓето кои уживаа и се смееја на нејзината болка,помалку му се радуваше на сонцето.Ја болеше и насмевката која ќе ја дадеше некому.Реткост беше да се види како се смее.Нејзината насмевка која сите ги пленуваше,беше ретка како бисерите во школките.Презирот од луѓето околу неа,ја печеше.Ги ценеше оние моменти кога беше сама со себе,кога ветерот дуваше и ја разлетуваше нејзината сега веќе руса коса,кога сонцето срамежливо се појавуваше од зад облаците.Тогаш,во тие моменти,сонцето беше сведок на двете солзи кои постојано паѓаа кога беше сама и насмевката која следеше потоа,присетувајќи се на деновите кога се’ имаше своја убавина,кога се’ беше едноставно и кога луѓето не се трудеа со сета сила да ја понижат.
Сонцето и беше како лек за нејзините рани.Рани на душата.Рани кои само она ги знаеше,а другите не ги приметуваа,не ги сфаќаа серизно.
Како што поминуваше времето,таа се повеќе и повеќе го засакуваше дождот.Мрачното време.Затоа што се пронаоѓаше во него.Затоа што и помагаше да се прочисти себеси.Затоа што на дождот можеше повторно да го изнесе детето од себе.Ќе почнеше да трча наоколу,да се смее,да се извалка како порано,да згази во најдлабоката бара со вода која постоеше.
Се случуваше да излезе од дома,да биде преполна со болка,со гнев...и тогаш...ќе го осетеше дождот на својата кожа и ќе ги пуштеше солзите да течат.Никој не ја приметуваше на поројниот дожд дека плаче,а таа целата болка,гнев,бес,ги исфрлаше преку солзите,а дождот и помагаше да не биде толку очигледно.
Денеска го обожава дождот.И покрај тоа што другите ја гледаат чудно,таа знае зашто дождот и е омилен.Дожот ги чистеше нејзините болки,исто како што сонцето ги топлеше нејзините рани и го стоплуваше нејзиното срце.
Сонцето секогаш ќе го сака.Сонцето ја потсеќа на нејзината среќа и детска невиност во детството,сака кога трча низ улиците или плоштадот и на тоа сончево време ветерот и ја дува косата.Но,дождот ја потсеќа на едно друго време.На еден болен период.
Како што сонцето ја потсеќа на смеата,така дождот ја потсеќа на солзите.
Додека беше склопчена во нејзиното омилено кебе,надвор имаше силни грмотевици,дожот удираше по лимот,а во позадина одеа нејзините омилени песни од компјутерот.Зјапаше во една точка на таванот и сликите од нејзиниот живот се вртеа во нејзината глава.
Неколку саати подоцна,излезе.Надвор срамежливо се појавуваше сонцето,ветерот нежно и ја разбушави косата.Таа се насмевна.Го вдиша свежиот воздух.Дишеше со полни гради.Сеуште се осеќаше мирисот на дождот.Насмевката и беше самозадоволна.Се исправи,ја крена главата горе и продолжи да оди.
После дожот,се појави сонцето.
Знаеше дека таа фраза,на секој можен начин се појавуваше во нејзиниот живот.Тоа беше она што ја тераше да се бори.Знаеше дека по секоја темнина,мрачни мисли,солзи и турбулентен период,следуваше смеа,безгрижни денови и топлина во нејзиното срце.
Сега се обидува да ја убеди најважната особа во нејзиниот живот,дека сонцето е пред неа.Дека само треба да стане,да се исправи и ќе го види сонцето.Дека дождот престана,ветерот ги раздува темните облаци и дека сончевите денови се тука.