girlll
§įмθπŞ ďª φΪШ
- Член од
- 28 јануари 2007
- Мислења
- 3.418
- Поени од реакции
- 111
*Ја подадов раката кон масата.. Неможев да го стигнам колачето и да прочитам што пишува на него.. А на масата беше клучот за малата вратичка во кошот на собата..*
Памтам вака одприлика беше содржината уште на самиот почеток на - Алиса Во Земјата На Чудата.. Можеби беше во трето лице.. Не памтам..
Како и да е, добра книга.. Ми се допадна. Се најдов себеси во одсјајот на мало девојче кое верува во чуда, кое не се плаши да промени нешто, и не се плаши да ризикува.. А сепак сега кога се навраќам на таа книга, се прашувам зашто мечтаам да сум сонувач.. Сонувам будна, а барам реалност во сонот. Гледам напред, навраќајки се упорно назад. Барам пекол, посакувам рај. Колку сакам, толку мразам. Колку ризикувам, толку се плашам од ризик. И колку сум отворена, толку сум и затворена под маската на гордоста. Живеам за денес, знаејќи што следи утре..
Контрадикторна сум.. Се успорувам себе во она што еднаш ќе го кажам.. Го шкртам утре, тоа што денес ќе го помислам..
Многумина ми велат - млада си, ќе ти помине.. Маска на возрасен, душа на дете. Маска за да не порасне детето во мене никогаш.. Знам дека ќе останам секогаш иста, а пак знам дека утре ќе се предомислам, а можеби задутре и ќе се променам..
Ех, залутана сум.. Барајќи спокој во нескротлив темперамент, срце на вечен борец, и немир на авантуризам никогаш неостварлив докрај.
Некогаш велев - Знам дека ништо незнам..
Потоа - Паметниот учи на туѓите грешки
А денес - Искуството пред се.
И сепак не наоѓам вина во себе.. Ние луѓето сме такви. Се газиме себе, сепак бранејќи го својот став до крајот. Лажеме, за да излеземе до вистината. Мразиме, за да научиме да сакаме. Тоест незнам.. Повторно.. И пак ќе речам.. Контрадикторна сум.. Незнам што сакам и незнам зошто.. Или можеби знам? Знам.. Знам дека сум вечен борец, ќе останам тоа до крајот. Секогаш со лага ќе ја творам вистината. И секогаш ќе го бранам своето. И ќе останам реалист.. Сум, ке бидам, одсекогаш бев, и ќе останам. Тоест незнам, нерешителна сум.. Ех.. Се збунив пак..