Kvendolin
чупе од бурдите
- Член од
- 24 март 2007
- Мислења
- 1.003
- Поени од реакции
- 75
Упатство
Упатство...Не е тоа за мене. Јас сум во суштина практична и упатствата ми доаѓале како мало чоколатце после напорен час по аеробик кога може да ти падне шеќерот, како потреба се да се направи беспрекорно точно, како нарав на бескрајно ангажиран и стресен современ човек...
Сепак мојата практична природа е честопати загрозена од второто јас. Ова алтер его има потреба од уметничката депресија и хаосот. Му се противи на модерното време во кое се вреднува се што е акуелно, корисно, продуктивно... Другото јас сака да се одмори, да ја направи можеби не толку потребната кафе пауза која може да се изостави со цел да се сработи, да се постигне повеќе во новиот капиталистички ден. Мојата уметничка страна има потреба и тоа мало упатство да го стави во филозофки рамки во кое ќе му се насмее и ќе го презре.
Тоа мало ливче, документче наречете го како сакате не е бенигно. Тоа заробува цела една идеологија тоа менува цела една парадигма.
Она што мене всушност ме нервира е дека немам толкава храброст да му пркосам на упатството... Денес можеби ќе претерам со алхохолот и цигарите како вистински боем, за веќе наредниот ден да ме пречека ливче во кое без интерпукциски знаци е објаснето како се прави сарма...
Нема бегање од упатството, мораш да ги прочиташ контраиндикациите на лекарството ако мразиш болници, а најверојатно е дека ги мразиш... упатството е дел од суровоста на животот или раска во окото на уморниот кој неможе повеќе да ја чита литературата која не му се допаѓа, а ја чита само затоа што некои статистики покажуваат дека токму таквата литература треба да се чита за во иднина да се стане некој и нешто.
Затоа мојот став кон упатството е амбивалентен. Ме нервира, ама знам дека без него сум немоќна!