doti4nata
Drama Queen
- Член од
- 25 септември 2005
- Мислења
- 3.390
- Поени од реакции
- 35
Градот и јас!
Не знаев што е тоа што ги тера луѓето да се врзуваат за предмети. Обични, најчесто, лесно кршливи глупости кои што ни се лепат за срце и ни значат повеќе од малите прстиња, тие на нозете де. Ама дефинитивно најчудна ми беше љубовта кон градот. Асфалтирани улици полни со дупки, хаос и смрдеа. Лудаци во колите, психопати во парковите, манијаци насекаде.
Не дека одговорот не лежел во мене одамна, ама сосема ненајдено, пред неколку години при влегувањето во Скопје почнав да ја пејам „Здрааавоо Скоопјее, здрааавооо! ИИиии ти неебоо плаавооо...„... Ако ја занемариме целата таа идиотска ситуација, пропратена со мојот антиталент за пеење, имаше многу љубов во тие стихови.
Интересно е тоа што не го знам Скопје, воопшто не го знам, мислам дека тоа е клетвата на центарските деца што се влечат до најблискиот кафич или евентуално до „ГТЦ„ и ги знаат неколку кратенки, кои што всушност и не се кратенки туку само патчиња кај што има некое фенси место или продавница за глупости. Но не е ни важно, градот ме сака колку што го сакам и јас него, чудесно е како, кога лутам и паѓам во очај, пред мене никнуваат места... местата кои што ги барам. Има некој невидлив дух овој град, што расеаните како мене ги носи таму каде што тргнале, што гради темни ќошиња за заљубените и им дава крила на романтичарите.
Кој би можел да нема љубов во срцето кога ќе почнат да му свират на раскрсница и да го именуваат со „Краво„, „Кретену„,„Глупачо„... кој не би се стопил кога некој милозвучен глас ќе му довикне „Глеј кај одиш МА!„ или војничињата што држат стража кај касарната и женските целулитни газиња ќе ги коментираат како „Спортско тело има малава хахаха„. Како да не се насмевнеш кога некое муле ќе отвори прозор и ќе исфрли остатоци од сончоглед, празно шише Кока-кола и ќеса од чипс.
Забавен е градот, иако понекогаш и не се чуваствувам како дел од него кога ми објаснуваат каде се наоѓа некое место, а немам абер од сфаќање или кога ќе ми текне какви дегенерирани луѓе живеат во него.
Но... нема глетка поубава од елката наврната од снег, маглата која ја придушува уличната светилка или мајките и дечињата што се упатиле накај парк. Кога размислувам за него јасно ми е дека е сеедно што не ги знам сите улици, исто како што не знам колку години наполни братучед ми. Важно е што го познавам мирисот на мојот град, мирисот кој е посилен од смрдеата, посилен од пцовисаните кучиња или испотени минувачи. Јас и градот сме совршен пар... се додека го слушам неговото срце и покрај нервозните свирежи од колите, брмчењето на автобусите и буката при собирање на ѓубрето. Додека мојата душа е и негова душа.
Додека чувстувам, тука е мојот дом.