Тука пишуваме на зададена тема

Член од
21 октомври 2007
Мислења
68
Поени од реакции
3
во тесниот простор постои само неподносливо чувство на досада. кога не знам што да правам со себеси и кога воопшто немам што да направам со себеси. надвор се е лажно. свет заглавен помеѓу заблудата и суштината на она што е. времето изгледа бескрајно а деновите поминуваат бескрајно брзо. дали бескрајноста е само илузија или вистината која не ми одговара да ја прифатам.
дали сум среќна...или сум сама со својот бол???
оптимизмот преминува низ границата каде што веќе се претвора во апсурд
што навистина останало во мене?
јас само стојам одстрана и посматрам а страдам повеќе одколку тие што се внатре
зошто?
не го прифаќам орото на заблудата
не го прифаќам занесот на идеалите
седам во тишина...од едната страна привидно шаренило, од другата војна во тишината осаменост без минато и иднина
да не збудалам, да не ме соборат, да не се убијам...се што ми останува е да се насмеам
што направив за себеси
што можам да направам за себеси кога јас....немам пари
што остана за љубовта? мојот свет што се викаше љубов се губи во точката на тишина
се се движи кон пропаст а јас само седам одстрана и посматрам

изеди до трошка се што небото дало
пополни ги сите резерви на сало

ко да не сум одовде
не јас никому не припаѓам
стоојам одстрана и посматрам
и во ништо повеќе не верувам
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Кога се смеам, а мразам
Кога гледам во очи, а не слушам
Кога нудам разбирање, а не се трудам да сфатам
Кога треперам, заривам нокти и испуштам слатки воздишки, а ништо не чувствувам
Кога милувам, а сакам да удрам...Тогаш го барам мојот Де Сад. Оној кој ќе ме извалка, искине, изгори, искрши. Оној кој ќе ме боли толку, што нема да можам да болам други.
Разруши ме,за да се изградам. Обезличиме, за да си го најдам ликот. Силувај ме, за да побарам нежност. Мрази ме, за да посакам.
Ми треба да горам. Ми треба врисок. Ми треба жива утроба.
Because nothing really bothers me. I just want to love myself
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
*Болката на поматениот ум.. Очите на странецот.. Уште болка.. А пак само дел од реалното.. Во душата.. Душа на ѓавол.. А сепак.. Психа на човек под одјајот на стаклената прашина во главата. Врисоци.. Лажна слобода.. Блесок на потонат гнев.*

Седеше со џоинт во раката гледајќи во *песочните плажи* на масата. 50 годишен човек. Добро облечен. Тежок џеб и нешто полесен ум.
Самец. Потекнуваше од сиромашно семејство, НЕКОГАШ!
Да, додека не ги уби својте родители. Го стори тоа на 16. Го префрлија во дом за малолетници.. Таму и научи *кај се раѓа лебот*
Многумина што го беа знаеле некогаш не го препознаваа повеќе на 20.
Беше богат, убаво облечен, господин. А истовремено најголем дилер тогаш. Остана сам и влета во светот на дрогата..
Му се плашеа сите во градот, го почитуваа сите наркомани, а го сакаа сите евтини клубски ороспии.
До 35тата и полицијата се откажа. Никој ништо не му можеше. 4 убиства. Без докази, но сепак сите знаеја дека е тој. А никој не изусти ни глас. Не смееја..
Го донесе и најдобриот кокаин во градот.. Сите се интересираа што ќе биде понатаму.. А него.. Едноставно ГО СНЕМА! Го немаше по улиците, по баровите, по мотелите.. Никаде..
Едноставно исчезна.
Но ете.. На скоро 50 годишна возраст се откри се.. Немаше кај да се крие, кај да бега.. Седеше и гледаше во квалитетниот кокаин на масата и чекаше да дојде полицијата.. Стана и издвои добар дел од *магичниот* прав на масата.. Му требаше тоа за помалце да го болат ударите.. Го болеше и самата помисла..
И го фатија..
Заврши позади решетки на 50 годишна возраст.. Осуден на доживотна казна.. Без бел прав што ми беше како утринско кафе.. Без пари.. Без живот пред се..
Сега никој не го сакаше, никој не го почитуваше.. Никој не се плашеше од него.. Тој беше НИКОЈ.
Се гадеше од одблесокот во огледалото.. Од самиот себе.. Од вистината.
Беше играчка за ќотек во затворот.. И за полицајците и за затворениците. Но сега беше нешто поинаку..
Му се гадеше од белиот прав што го гледаше во својот одсјај порано.. Белиот прав што го изолираше од болот.. Сега беше чист. Сакаше да осети болка.. Да осети на своја кожа каде НАВИСТИНА се раѓа лебот..
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.438
Мазохизам

...и тогаш ја видов прв пат. Се појавија првите знаци на мачење. Почна срцето забрзано да ми работи. Страв, несигурност... од што??? не беше крај на светот туку само еден поглед. Мислите ми беа поматени; се шетаа хаотично судрувајќи се една од друга. Слабост... тлото под нозете почнав да го губам. Мирот не знаеше кој пат да го фати за да повторно стигне во душата. А и не мораше. Можеше само да го уништи хаосот кој иако веќе владееше, беше фин на свој начин. Го сакав тоа чувство на несигурност, немир... Како дрога. Колку повеќе го имав толку повеќе го сакав. Алчност??? Би рекол ... таа растеше повеќе и повеќе. На крајот веќе не се трпеше. Болките беа неиздржливи. Умот веќе ништо не перцепираше, нозете едвај го држеа телото, срцето беше на работ на својот опстанок - ќе експлодираше секоја минута. Наеднаш почувствував како паѓам. Тонев во воздухот слушајќи како ветерот ми шишти во ушите. Во стомакот почувствував пеперутки. Адреналинот како ненормален се качуваше. Очите ми беа затворени, но како да знаев каде одам. Ја почувствував водата... Прво на стапалата пап потоа по целото тело. Се нурнав внатре, како клинец закован во земја. Тишина... Мирот молскавично завладеа. Толку беше. Мирот си го заврши своето. Уште еднаш ќе скокнам од карпата. Такв чувство не се пропушта.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Можеш да бидеш само на чекор до целта и веќе да жалиш што не ти се потребни веќе напорите и искачувањата. Токму кога си на чекор да излезеш од јамата, свесно се пушташ и паѓаш повторно на дното. А од дното не можеш подолу и единствениот пат оттаму е нагоре, пат кој те условува да имаш бар дел од Сизифовата упорност и да почувствуваш бар дел од неговиот напор.

Можеби е заблуда, но чувствуваш дека напредуваш само додека страдаш, со секое движење на рацете и болка при искачувањето, чувствуваш дека се трудиш. Чувствуваш дека си жив, животот тече во тебе со секое крвопролевање, секоја рана е болно убава. Немоќта е слатка затоа што слатка е и тешката борба да се искачиш.

Среќата не е за да се најде, туку за да се бара. Потрагата носи болка во чија позадина стои уживањето. На крај краева, радоста не се доживува толку реално и не може да биде толку вистинска и голема како страдањето. Такви сме ние луѓето, се` што е убаво, ни е премногу убаво за да биде вистинито.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Ја знам целта теорија на светот. Не ме прашувај како, едноствано ја знам. Немам фотографско паметење, всушност и премногу заборавам... но ете знам секогаш што е исправно за себе, за тебе и за сите нас заедно. Некогаш морам да одберам, се случува твојата желба да ме убие мене, а моите Дедо Мразовски потреби за дебел стомак да не ти се допаѓаат тебе, но хеј, затоа сум само човек. Да бев повеќе немаше да те сакам тебе, ќе бев некое нарцисоидно холивудско копиле кое не знае ништо подалоеку од Флорида. А ако случајно знаев, ќе ме сметаа за чудак во соседството.
И сега, знаејќи дека те сакам, и не сакам да ти нанесам било каков проблем во денот исполнет со постоечки проблеми решавам да донесам хармонија во нашата мала комуникација која наликува на предтелефонски систем со две лименки и долг конец. Нешто зборуваме, ама кој знае дали ми кажа делфините се прекрасни, или делото е прекратко... дали ме сакаш или ме мразиш, дали ме почитуваш или иссмејуваш, дали имаш намера да тргнеш по патот по кој јас сакам да те видам како чекориш боса, бидејќи е прекрасна таа глетка... само сонцето, камената калдрма и твоите боси слатки ноџиња, или имаш намера да седиш со скрстени раце и во кожна бунда која ја презираме двајцата... искрено не знам. И тоа ме убива секој ден, и кога знам и кога мислите ми се закопани во подрумот.
А јасно ми е што треба да направам. И ќе го направам тоа... сигурен сум, веќе утре можеби...
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Викторе, ќе си зеам слобода да ја зададам наредната тема во твое име - инспириран од фантастичниот јубилеј кој го славиме! Значи, темата е "3 години Кајгана".



За најдобрите текстови следи награда.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.134
Поени од реакции
25.666
Мазохизам


06.01.2008. 22:31 CET. Кафана на Балкану.

Среќата нека стане вечност во твоето срце, секој чекор нека значи триумф и се што ќе посакаш твое да биде.

Во позадина иде во живо Теби моја мазо. А пејачот се зафркава-Теби садо-мазо...

Гордоста се лисици, инаетот е камшик, а непокорот шилеста метална прачка вжештена во старовременски месингуван сад со жар.

Играта може да почне. Пак.
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Се се почнува со страв, сомневања, без никаква уникатност, само со желба за понатака.. Треба да се чува, почитува, сака и знае за да се продолжи поинаку.. Таа продолжи поинаку..
Таа е сакана, таа е почитувана.. Таа сака, таа почитува..
Таа е за сите нас, на сите нас, околу нас.. ВО нас..
Таа не издигнува, не води понатака, не храни духовно..
Таа е наша играчка, занимација, преокупација, зависност..
Таа не врза за себе.. Не зарази со себе и не не пушта повеќе..
Таа не сака сите нас.. Сака што ја сакаме..
Си игра со нас.. Сака да ја молиме, да ни треба, да е моја, твоја - наша..
Таа тоа е.. Таа е уникатна, поинаква, толку блиска, а толку далечна..
Толку нестварна, а толку реална..
Таа е дел од сите нас.. Таа е дел од нашите животи..
Таа бара искреност, доверба, љубов..
Таа има искреност, доверба и љубов од нас..
Таа знае дека ја сакаме.. Знае дека заедно ја креираме.. И заедно ја чуваме..
И ние ја сакаме.. Но и Кајгана не сака нас..
Среќен 3ти роденден...
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Am I alive?
Feels like dying
I'm running out of
Steps to walk
Of air to breathe
And words to talk
I'm running out of
Noise to make
Of jokes to tell
And hearts to break
For days burned and frozen lies
The years that passed me by
An overdose of nothingness
My visions are for sale
I'm selling out


Масовна популаризација.
Силиконско нашминкано чудовиште.
Илузија одржлива и одржана преку строг систем на внатрешна контрола и цензура на хејтерите,а воедно и претерано набивање на его и вообразеност од надлежните со тоа што како најстрога казнена мерка се спомнува елиминацијата од институцијата,по што субјектот или ке оди на идивиди(или како таму се викаа тоа умрените форумчиња) или ќе се самоубие....оти,нормално,нема живот.
Игла во сено ситуација на барањето квалитет низ целиот булшит слој на членови кои служат само за мамење зајадливи коментари и слични злонамерни форми на дејствување.
Исцрпени теми,зомбифицирани,терање на исти кавги одново,по кои Свети Викторче дава линкови за да ги упати гуштерите на веќе постоечката тема.
Техничка перфекција.Ноу аргјумет дер.
Период на denial во кој очигледен е падот на нивото на севкупното бла,ама тоа никако не се признава,или пак,се признало,само поради гореспоменатиот претеран квантитет полн недозаврзани ганглии,неможе човек да го прочита...Мило ми е,како правно општествен субјект,што се активирав во залезот на квалитетот(пост Thief-bibika ерата),па запознав умни глави кои денес можам да ги наречам блиски и полудалечни пријатели,кои,најверојатно,длабоко во себе,подеднакво ме мразат.
Како и да е,ова е институција достојна за почит(иако стана машина за мелење мисли и ставови,кои ако не се совпаѓаат со одредени ставови на високо котирачки котирачи,се предмет на ремет,кој пак се сведува на основни антрополошки навреди кои понекогаш знаат да воведат и некој неантрополошки или постмортем антрополошки термин како на пример "мрша"),која сепак направи многу во македонскиот сајбер спејс и го задолжи истиот многу,за што тој,бидувајќи страшно сиромав,најверојатно ќе и плати во натура.

Среќен роденден и скршете се од журкање.

Dead, Dead, Dead; Someday it'll be dead
Dead, Dead, Dead; Someday it'll all be dead
The minute we're born we start dying
We die a little more every day
Young or old
Rich or poor
There's nothing we can do to stop it
So look long at that yellow thing
It may be the last one that you see
Make this party be a real blast
'Cause someday it'll be dead

Dead, Dead, Dead; Someday it'll be dead
Dead, Dead, Dead; Someday it'll all be dead
It might happen in a couple months
Or 50 years from now
But no matter when it happens
It will seem too soon to you
So be sure on this Birthday Eve
When you snuggle into bed
That you thank God for this family
'Cause someday they'll be dead

Dead, Dead, Dead; Someday they'll be dead
Dead, Dead, Dead; Someday we'll all be dead
Ah-ah
Who knows how many Birthdays are left in it's short life?
Nobody knows, thats my point
Enjoy them while you can
And so when the Birth Day comes
Let good tidings fill your head
What a festive season
Someday it'll be dead

Dead, Dead, Dead Someday it'll be dead
Dead, Dead, Dead Everyone you know, dead
A Very Happy Birthday to you
Dead,
Dead,
Dead.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Родененот нека стои... кој сака, слободно нека се вклучи во акцијата, до следниот пат кога официјално ќе заклучиме дека роденденот е завршен. А во меѓувреме, новата тема гласи Градот и јас...
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Види друже, не дека јас не го сакам градов кој е мој колку што е и твој (шокантно откритие на еден млад сегде-прилагодливец). Бил мој и вчера,мој си е и денес, ќе биде и утре. Што утре? Утре ќе предавам некои програми на факлутет, ќе се напијам едно кафе во Еспресо, локалчето карши факс во кое на некој начин плаќам кирија за времето кое го минувам таму, подолго од она кое го минувам овде. После тоа можда ќе прошетам до старо маало, да го однесам брат ми Јовче на најубавите пилешки зезалици во ДМ (долго време се трудев да го пробијам акронимскиот код на името на ова Дебар Маалско кафанче: Варијантите беа Дебар Маало, Добра Манџа, Дебел Мев....на крај се одлучив за најприфатливата ДоМа). Доста е веројатно дека времето меѓу последниот залак и првиот сонлив здив на попладневната дремка ќе помине во една попречна прошетка низ Скопје, од парк до Капиштец. Вечер можеби ќе одам во Маракана. Го сакам тоа место. Ги сакам и Марков Манастир, Средно Водно и еден куп други места за кои сум слушал додека ми раскажувале оние кои некако "пронашле време" да ги посетат, за разлика од мене. Но, ќе ги посетам и јас, можеби задутре.

Го сакам Скопје и е мое, иако некогаш ме сардисува и шашардисува со денот или ноќта - не би знаел како точно да го наречам тој феномен на превез над небото во Скопје како филтер од стар сто-кец, кој често скржаво не ми дава нити еден сончев зрак, барем да ме залажи, малку да ме освежи, онолку колку треба за еден музикољубец како мене да засвирка со усните и да направи монализанска насмевка кога ќе помисли на предизвикот и стравот од соочувањето со него. Нејсе, денес е таков ден. Се друго е неважно, се што било, се што сме отсонувале или незапомниле после сонување е во чистилиштето на заборавот. Денес е убав ден.

Го сакам градов и е мој...како да не го сакам градот на првите сино-зеленкасти очи кои сум ги сонувал, очи - узенгии, кои секогаш кога ме пречекуваа на втората најголема улица во Кисела Вода пред пералната кај Мечкаров ме врзуваа со нов бакнежовиден ланец кој оставаше траги на снегот, црвени и зелени траги во таа, прва вистинска, од вкупно 2000-те зими дотогаш броени и запаметени? Како да не го сакам градот во кој денес растат најкафените диви костени (или најдивите кафени костени, не сум сигурен) на еден тринаесетти спрат меѓу колосите со црвени тули и чудни кровови, какви има само овде? Како да не го сакам градот во кој живее моето срце отуѓено од мене, кога е вистина она што го велат старите и малку постарите кои уште знаат што зборуваат - домот ти е таму кај што ти е срцето? Да, на ваков ден ќе ти кажам друже мој дека имам дом. Кога ќе е пак магливо, бездомник ќе сум. Таков е овој град.

Јас и градот...Јас и градот другарче мое, сме се дружеле и на Ленинова, и на Рузвелтова - ех таа Рузвелтова...уште ги паметам нејзините есенции во доцна пролет, особено после краток пролетен дожд кој ги миеше улиците на компактен начин заедно со секогаш насмеаните момци од комуналец. Знаеш за што зборувам, нели? Бујна и мирисна, мистериозна и префинета под слојот на саѓи и калливи траги...девојка за почит. Една од поубавите скопски девојки, ако се прашувам јас. Сепак, откако тргна со Орце Николов, ми се чини дека ме заборави. Јас неа не, и напати кога од мојата калдрма ќе наближам кон неа, застанувам за миг, замижувам и се проектирам во една доцно пролетна ноќ која може да биде се' само заборавена не, под една липа на Рузвелтова, со раце навидум празни, а гради целосно полни со мирисот на првите спомени од мојата љубовна сторија со овој град.

Сега пак сакам сосема на кратко да ти кажам за еден друг град, град на многу поштенски картички и разгледници, прекрстени судбини и бистри спомени...и како еден таков град понекогаш може да биде само мој - слично на твоите летни сплотувања со сопствената сенка на растопувачка температура под Скопското сонце. Градот се вика Охрид, и многу од нас го сакаат "највише" во периодот меѓу две испитни сесии на плус 36 според чика Целзиус. И јас го сакам тогаш, бидејќи колективната позитивна емоција во градот тогаш е со толкава густина, што можеш да ја сркаш со лажица доколку си гладен; a да не е покусо, и за жедните има чаре. Ама најомилен период за Охритска ренесанса на духот, после напорните сонувања во летните ноќи може да доживееш во септември. Тогаш, во градот мој олабавен од динамиката на глобалното лудило, всушност може и да уживаш во оние нешта за кои блебетиш по цела година во манир на сопственик на туристичка агенција кој сака да ќари по некое евро некој странец незнаец, а не успеваш дотогаш зошто доколку посакаш ќе мора таа убавина да ја делиш со сите луѓе на светот: а некои убавини сакаш да ги задржиш само за себе. Себично, знам. Ме разбираш, и тоа го знам.

Уште повеќе, можеш да си дозволиш една нова авантура...повторно спознавање на градот,а можеби и првично сознание за себеси - ако имаш среќа. Ако седнеш на вистинското место, ако заталкаш по правото непознато патче, може да го најдеш Ел Дорадо-то на мирот и уживањето. Ма, цел камп на будисти крие Охрид...ако го побараш и пронајдеш, твој ќе биде. Епа, во тој период кога птиците туристи летаат насекаде по светот, јас седнувам на брегот на белото море, точно на местото на кое Рахмањинов и Ленон напишале половина од својата музика (не мислам на психоделичната половина), на истиот камен кој го крепел задникот на Леонардо додека овој во сјајот на сонцето прераскажан од брановите го барал сјајот на очите од Џоконда со штафелај и четка во рака, под истото дрво во "испод палме" фазон под кое Александар, Самоил и Гоце разговарале за организација на зимска олимпијада на Галичица, која од далечината со нејзината обелена коса мудро им се смешкала знаејќи дека иако биле далеку од реализација на идејата, зачнале една убава мисла која здравје Боже, ако трае планината можеби и некогаш ќе се реализира.

На такво место одам, без разлика дали е среда или сабота - само да е сончево. И тогаш, во таков момент кога можеш да си ништо или се , а некогаш и двете одеднаш, не ти треба физичкото присуство на некоја сексуално слободоумна содружничка, за да додадеш апсолутна романтика на моментот. Дури и да токму таа "совршена" појава со силуета на остварена мечта го има поседовниот лист на твојата градокошна искомерцијализирана пумпа, која понекогаш живот значи. Ако и е доволно, нека и е неа срцето.

Јас и градот пееме песна во повисоки октави.
Охрид ја поседува - мојата душа.
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
*Засекогаш се затвораат очите кога илузионистичката слика на твојата реалност ќе се замати со реалноста на твојот ум..*

Млада девојка.. 24 години..
Од секогаш го сакаше пишаниот збор.. Читаше од дете.. Одкако остана сама секогаш се навраќаше на книгите во малата библиотека што и остана од баба и, и со задоволство ги прелистуваше по многупати.. Не ги разбираше.. Беа на некој стар словенски јазик.. Сепак и беа живот..
Најчесто ја отвараше старата не пипната библија со црвени корици.. Гледаше со воодушевување во неа.. И ја сакаше, ја посакуваше.. А сепак толку ја мразеше, потценуваше..
Сакаше нешто толку совршено, а нејзино.. Нешто што ќе го створи сама, што ќе значи некому, што некој ќе го дава животот за тоа..
Мечтаеше да створи нешто такво..
Сепак беше атеист.. Не веруваше во таа вера.. Сакаше некоја своја, уникатна, единствена..
Додека звукот на Хеви-Металот одекнуваше во позадина.. Седна првпат да проба.. Да напише нешто такво.. Да го допре тоа што и изгледаше нереално..
Со трепет гледаше во празниот лист пред неа.. Незнаеше како да почне.. Од каде.. Зашто.. Неможеше да го фокусира умот.. Милиони мисли и се свртеа низ главата..
Залудно.. Стана, го остави листот празен.. Ја зема чантата и пред да излезе низ вратата погледна повторно во белината на листот.. Се сепна.. Го зеде и набрзина излезе..
Тргна по сокачињата во нејзиното маало.. Набрзо излезе на Кеј, а потоа и отиде во паркот.. Беше поминат полноќ, ладно, плус и работни денови.. Во паркот немаше никој.. Седна на една клупа.. Повторно се задлабочи во листот.. Почна.. Почна да пишува за она што го слушаше.. За Сатаната, за гревовите.. За убиства, садистички нагони, и уште гревови, гревови, гревови.. И светна молња во очите.. Погледна во малото езерце.. Се виде себеси како се дави во него.. Го виде својот труп беспомошно легнат на тревата.. И својата глава на гранките од дрвото.. И се згади.. Го пикна листот во ташната и отиде подалеку од паркот.. Незнаеше колку долго одеше.. Се најде на Водно, опколена со големи куќи, седна на една клупа и реши да продолжи да пишува.. И што напиша сега? Дека парите се се во животот.. Единствена цел, моќ, осигурана стабилност.. Дека со пари можеш да убиваш, да креираш, да сакаш и бидеш сакан, да купиш се..
Повторно погледна во тоа што го пиша.. Потоа во една од куќите и се пронајде.. Повторно се пронајде.. Како умира од глад завиткана во пари.. Пари што несмее да ги пипне.. Несмее ни да помисли на нив.. Се виде како ѓавол кој доаѓа од небото со намера да ги пригуши и умртви душите на луѓето.. Се сепна повторно.. Продолжи понатака.. Во главата болка, мачење, гадење... А нејзиното изнемоштена тело седнато покрај водите на Вардар повторно со листот во рака..
Прешкрта се што имаше претходно напишано.. Сега почна поинаку, почна нешто друго..
Напиша - "Градот и јас.."
Повторно застана.. Само на миг.. И продолжи..
Е несакам да знам што напиша понатаму.. Не сакам да ги знам, а уште помалку да ги цитирам гревовите на болниот ум..
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Одамна помина полноќ..
Се изгаси и последната улична светилка. Градот замре.. Потона во сон..
Градот спиеше, но таа не..
Таа не беше сеуште готова.. Силната шминка им даваше вештачки изглед на прекрасните црти на лицето.. Дебелиот слој црвен кармин им даваше заводлив, но и прљав вкус на усните што паметеа само груби бакнежи.. Црвената чипкана танга чекаше да биде покриена бар на кратко..
Ја соблече маичката што ја носеше низ дома.. И се видоа силиконските гради кој веднаш потоа ги *покри* со мрежаста црвена маичка, облече кратко црно сукњиче, енормно високи црни сандали на штикла, ја зеде чантата и излезе.. Се упати кон станот на странецот.. Имаше работа вечерва.. Влезе во лифтот и стисна на копчето кое водеше на најгорниот кат.. Не трепереше, не чувствуваше болка, страв.. Таа повеќе не чувствуваше ништо.. И беше сеедно.. Момент потоа се виде себеси во луксузен апартман седејќи до него, со чаша скапо вино во рацете и вештачка насмевка на усните..
Градот беше мирен, таа беше дива..
..Излезе од таму за неполн час.. Се упати кон кејот на Вардар, седна на една од клупите, а малце подоле го виде истото што го правеше досега.. И се згади.. Првпат во животов се осеќаше толку гадно, прљаво, одвратно, празно.. Облеката и беше искината.. Модрицата на лицето кажуваше повеќе од секој изречен збор.. Продолжи да шета по кејот..
Размислуваше..
Градот преку ден живнуваше.. Таа умираше..
Градот имаше иднина.. Таа имаше минато..
Тие беа различни.. Сосема различни..
Имаа само едно нешто исто..
Градот беше на граѓаните.. А и таа беше..
На ѕидовите околу виде парола - *Градот и јас сме исто*
Само иронично се насмевна.. Солза се виде во нејзините очи..
Пред паролата остана само капка згрутчена крв и една солза..
Градот беше реален, таа беше само болна илузија..
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Родененот нека стои... кој сака, слободно нека се вклучи во акцијата, до следниот пат кога официјално ќе заклучиме дека роденденот е завршен. А во меѓувреме, новата тема гласи Градот и јас...
Во последно време, постојано се наоѓам сама себе како размислувам за некои одамна минати работи...работи кои можеби на луѓето кои заедно со мене ги доживеале воопшто не им се важни и гледам како моите пријатели си го губат животот само за сметка на тие спомени.
Па се прашувам, еве, што е толку силно, толку емоционално што постојано не присилува да се сеќаваме.Кога ќе ја видиме личноста, кога ќе го видиме местото, што???
Поставив јас многу прашања, не дека не, само проблемот беше дека не добив ниту еден единствен одговор кој би можел да ги задоволи моите психолошки потреби, како одговор, на секој нешто му недостигаше и секоја теорема, многу брзо добиваше облик само на обична претпоставка или изјава...
Д-р. Клод Стајнер вели емоциите се стопуваат, бледнеат и се смалуваат во присуство на други емоции и со текот на времето, дали истото се случува и со спомените или треба да барам нов град за живеење...не знам!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom