Тука пишуваме на зададена тема

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
..Розовото слонче го доби кога наполни 5 години, од далечен роднина.
Роднина, на кој никој не се сеќаваше, роднина за кој сите сметаа дека е одамна починат.
Лоша карма имаше тоа розово слонче од кое тој никогаш не се двоеше.
Со него беше кога ги изгуби родителите.
Со него беше кога ја загуби љубената.
Кога ја стави куќата на коцка..
...Кога се загуби себеси.
Проба да се врати на стариот пат, но тоа проклето розово слонче не му дозволуваше! Како да сакаше да каже: „Ќе те одведам во пропаст“!
Но не! Лежеше немо, прикачено за неговото ланче.
Изгледаше толку мило, толку смирено.
Денот кога тој конечно го фрли ланчето, беше истиот кога неговото тело беше мистериозно исфрлено од морето, оставено безживотно на златниот брег. Надлежните за случајот воочија дека се работи за самоубиство. Но, дали беше навистина така?

...„Злобно беше тоа розово слонче“ - изусти една стара госпоѓа во црно, додека ги полеваше цвеќињата кои растеа покрај еден непознат гроб.
Луѓето веќе претпоставуваа чие беше тоа неименувано вечно почивалиште, затоа што секогаш кога ќе поминеа покрај него, чудна аура ги обземаше.
Колку лоши работи можат да предизвикаат нештата кои навидум се мали, невини?
Нешта кои, како розевото слонче, претставуваа обичен приврзок на едно обично ланче.
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Миризбата на хлор,зготвена храна,бучењето на фрижидерот и реата која се ширеше од старите даски на подот ги вратија сеќавањата од детството,кога поголемиот период од денот го минуваше под масата со фломастерите испишувајќи ја долната страна од трпезариската маса и јадејќи лепчиња со паштета на кои им беа извадени корките.Обожаваше кога ќе заспие на големиот кауч во дневна кој имаше голема вдлабнатина во средина,замислувајќи ја како свое гнездо,сопствено катче додека ги броеше гугањата на гугутките а баба и и` читаше за јунаштините на хероите во свое време,а дедо и велеше да бидат потивки бидејќи слушаше вести.

Прекривките обледнеале,сликичките со Беверли Хилс залепени на фиоките не се предале на силите на времето,а стариот добар техниколор телевизор беше незаменлив за било какво плазма чудовиште.Сеуште работеше беспрекорно иако сликите повремено занемуваа. Со право.

Заѕвони телефонот,ах,тој телефон кој посакував да го фрлам затоа што ѕвонеше прегласно...ја наруши пријатната тишина

-Доаѓаме за 15тина минути...остани таму.
-Во ред...

Имаше уште 15тина минути насамо со своето царство. Не можеше а да не ѕирне под старата трпезариска маса со кусата нога. Цртежите стоеја. Спомените беа безвременски.Сеуште мирисаа на свежа боја,а можеби и таа сакаше така да мирисаат. Големата зграда со пространи тераси и модерни завеси ,мајка и` и татко и` во неа,на третиот кат,а таа како се подготвува за на школо со ранчето во рака. Сонце како изгрева од запад ,сини облаци со дожд и виножито. Хех,се гледало дека имала големи замисли...невозможни замисли. Но во тој свет се беше можно,и слончето што го нацртала беше розев.
Погледот и запре на слончето,наликуваше на куче со поголем нос и уши,уште еден бунтовник од тоа буково катче.Го напишала и датумот...03.11.1996.Ја полазија морници.Се врати 13 години наназад,кога деновите беа подолги а ноќите пократки и сеуште неоткриени,непознати,преспани,мистични,и се веруваше дека доаѓа чичко Песочко да ни донесе сон,и дека ако ме начека будна ќе се налути.

Можеби и се налутил.

...

- Сфатете ме,цената е превисока за стара градба како оваа,не доаѓа во предвид,размислете за цената која ние ја понудивме.
-Господине,оваа куќа за нас како и за нашата ќерка буди прекрасни спомени,иако градбата е стара,во квалитетот и цврстината не се сомневајте,локацијата е добра,блиску е центарот,супермаркетите....


Јас се сеќавав само на старото маалско дуќанче кое беше зад куќата,хех,знаев да купам само леб и пресно млеко.

...-Во право сте да...но сепак ќе мораме да размислиме,треба многу да се вложи во реновирање.Фала ви на издвоеното време,ќе ви јавиме.

Длабоко во себе не сакаше да се јават,не сакаше никој да се јави. Не можеше да сфати зошто нејзините родители ја продаваа за неколку бедни евра нејзината безгрижност.

-Злато,знаеме дека тебе ова премногу ти значи,но...нели би било подобро да се ослободиме од спомените и да започнеме нешто ново,далеку од нив?

Таа само неволно одмавна со главата,луто го зема палтото и се упати кон излезот.Можеби требаше,да...но сепак го зема розевото слонче,тоа парче бука со попримена миризба кое беше само нејзино.

Бабата и дедото трагично умреле во немирите во 2001та. Група насилници влегле вооружени во куќата ,барајќи злато и пари. Ја замолчеле бабата бидејќи премногу врескала,а дедото бил прободен со нож...13 убоди.
Тој ден,никој не го пречека девојчето од школо,ниту пак дојде повторно во таа куќа. Ниту денот потоа.Ниту денот после денот потоа...се` до денес.

Можеби розевите слончиња навистина постојат негде,меѓу сивите дебели облаци,надвиснати од тежина и гнев,со секој нов модерен залез на сонцето.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Розов слон

Да, розов слон. Не, не не, розов, да розов слон. Што? Вистина, да... Да токму така, розов, розов слон. Вистина! Розов слон! Р о з о в! Нееее, да розов. Да, да, слон. Чекај малку! Ајде повторувај: р о з о в, с л о н... Како? Да, да. Неееее! Слон! Р о з о в! Да, повтори уште еднаш: р о з о в с л о н. Точно така... Вистина? Не, розов. Да, слон. Чекај уште еднаш: Р! О! З! О! В! Слон! С! Л! О! Н!... Точно! Па нормално! Розов! Што мислеше? Што? Неее! Не, не, да, да токму така розов. Да, слон. Целиот. Розов. Слон. Да, розов слон... Не! Не! Не! И не! Розов, секаде. Слон. Да, секаде. Како? Нееее! Р о з о в. Не можам повеќе! Да, не сум сигурен, ама сите ме убедуваа дека беше розов, да розов. Токму така, слон. И јас не верував. Ама тоа било слон и тоа розов...
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
Розов слон.

Фикција.
Нешто непостоечко.
Нешто нереално и невозможно.
Така мислеа сите во селото.

Но не и Балтазар.
Тој беше поразличен од другите. Тој има решение за се. Не постоеја зборовите ,,Не,, и ,,Не може,, во неговиот речник.
Така и за ова нешто. Кога му дојде соседот и му кажа дека сите од селото не веруваат во розовиот слон тој реши да го направи тоа. Но не беше тоа примамливо отколку тоа што кралот ќе го подарил за тој што ќе успее да го направи. Илјада златници била наградата. Па така Балтазар има доста мотиви да го направи тоа.
Така Балтазар ги облече своите омилени обувки за шетање, го стави шеширот, го зеде бастумот и отидна во паркот.
Така шетајчи во паркот му текна нешто, му светна некоја ламба на главата. Знаеше каде е одговорот. А одговорот беше во неговата лабараторија. Замина трчајчи кој лабараторијата.
Таму имаше мн работи. Но тој знаеше што му треба. Двесте грама од она, тристе од она и оп. Нешто се случи. Имаше шишенце полно со розова течност. Ја зеде течноста и замина кај кралот т.е кај што ги чува кралот слоновите.
Чуварите му се смееја кој им рече дека има решение за тоа како да го направи слонот розов. Валајчисе чуварите на земја од смеа Балтазар влезе кај слоновите.
Го извади шишенцето од џебот и се качи на една скала. Скалата водеше кој врвот. Таму си над сите слонови.
Така Балтазар ја истури розевата течност на слоновите. И нешто се случи. Нешто неочекувано. Нешто што до тогаш беше невозможно.
Тоа нешто беше розовиот слон. Но сеа не беше еден туку сите слонови што беа тука беа розови.
Кралот кој го виде тоа се зачуди и со голема воодушување му ги подари златниците на Балтазар.
И така Балтазар. Остана во митовите познат како човек кој има решение и одговор за секој проблем.
Но највеќе ќе биде запаметен по тој ...Розов слон.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
На мојата работна маса, веднаш до Tweety кое е полно со пенкалца, стои звучникот од кој ме боли глава. На него неодамна сместив фина дрвена кошница во која стојат три убави куќички. Во првата живее мојот добар пријател зајакот, во втората живее неверојатниот лав, и во третата живее нашиот најсакан слон.

Од кога се сеќавам за себе, ние се дружиме заедно, иако тие дури сега го сменија своето живеалиште и се сместија тука близу до моето срце. Зајакот треперливо грицка се што ќе му налета на патот се додека не направи доволно голема бука за Лавот да не му се растропа на заедничкиот носечки ѕид па да се стутка во најоддалеченото ќоше како нападната стоногалка. Дури и во моментите кога е среќен а оди по бирото низ соседство на обична прошетка, тој се врти наназад да провери дали лавот или слонот јурат кон него. Параноичен е, но барем тој страв го чува од големите стапала на Роже кој од својата сурла не гледа ни згодна мачка пред него, а не зајци кои бегаат како лебарки на дневна светлина.

Лавот пак ужива да дреме во својата фотеља не правејќи ништо повеќе од обично мижуркање со очите и капаците ги отвора целосно само ако наслушне било каков шум кај комшиите кој ќе му биде доволен да направи скандал. Еднаш, дури и распосланите алишта на прозорецот на зајакот беа повод да сака да ја сруши вратата на малиот, бидејќи според неговиот исказ, неподносливо бучно навлаката за перницата со вез од црвени ружи се веела и не му давала да дреме. Но лаву, му реков, како можеме ние ветрот да го сопреме, а тој избезумен згрми дека не го интересира, или тишина или нема да повторува дека е тој секогаш во право. Ја тресна капијата од што и прагот се помести за низ прозорецот да додаде, “Да не ве потсетувам дека сум Дедо Мраз, нема да добиете поклони годинава ако продолжите вака“.
Немавме избор, лавот е секогаш во право, а кога случајно не е, ни слонот не може да го разубеди во спротивното, бидејќи и онака тој само бара `рчка за да може да докаже, дека секој ден од неговиот лавовски живот е нервозен, и му треба прегратка. Но, лисицата ни се пресели во друг град, па иако не излегува често надвор од дома, лавот не можеме да го смириме.

Слонот... ех слонот. Тој повеќе спие пред вратата отколку дома. Како дете, не било ништо сомнително, но кога во тинејџерските години врсниците слончиња сфатиле дека слонот не може да биде розов, почнале да прават шеги на негова сметка. Тој пак, се лутел, и се лутел се лутел, и еден ден некоја розева жичка во неговара розева сурла се превртела, и од тогаш сите шеги ги прави прво тој, а потоа останатите.
Во соседството сите го сакаат и едвај чекаат тој да почне да им објаснува за големите подвизи на чичко Перо комшијата од Кавадарци со кого татко му растел. Тој е едноставно неодолив, сите врапчиња леткаат околу него чим се појави со својот голем стомак и го штипкаат со ноктињата по неговите бори на задникот, смешкајќи се како малолетни девојчиња, а единствено гуските бегаат од него, бидејќи нема перја како петлите да може да се петелчи пред животните. Петлите сепак го сакаат, не одбива добра чашка, а и ретко кажува за нивните празни џебови пред гуските и кокошките, вистински пријател.

Розовиот слон... спие надвор, и секогаш е насмеан. Затоа и спие надвор, бидејќи ако влезе внатре во својот мувлосан дом, ја симнува сликата на Слонсподин Вистински, и плаче додека има... како вистински розов слон.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.413
Поени од реакции
25.305
Tišina je bila,samo koraci nekih noćnih ptica i lepet krila nekih pravih noćnih ptica

Друго се' би имало смисла, друг живот би дишел, да знаев дека од секогаш постоиш.
Можеби сум, а да не сум знаел дека стојам пред ист излог со тебе, можеби блиску си била, можеби за момент негде сме се разминале?
Гушни ме сега јако, најдобро што знаеш, и не, не се секирај, ќе помине за момент.
Ме плаши сјајот, милион свеќи кога небото ќе се запали, каде му е крајот, зошто се' тоа се случува? Дали човекот решава нешто или сме само тука поради рамнотежа меѓу ѕвездите?

Некои се родени под маски, јас сум позитивно-негативен лик. Можеби и не сум некој бисер, но барем сум свој режисер, сам за себе смислувам заплети и крај користејќи главно лесна техника.
Животот е стар кучкин брат, се' помалку со него водам војна, затоа што се' повеќе ми заликува на песочен часовник. Во секое зрно некој ден - во секој ден по некој сон, и 'keep on smiling'.

Ќе ме прочиташ знам, од буква до буква. Секој од нас е сличен, но ти си уникат.
Ти секогаш го знаеш најдобриот начин, со тебе лесно стигнувам на тронот. Ти си мала волшебничка која носи спас.
Списокот на моите соништа е долг, но на прво место си ти.
Негде се допреле нашите свемири, кога веќе ќе помислам дека спиеш.

Кога ќе го побарам патот во средината на себеси, стазите се се' потешки и потешки. И ќе се скријам до твоето тело.
Со тебе третманот е посебен.

Правите бои ги додаде на портретот на мојот живот: сини бранови, и лилава, темна, копнеејќи, и боја на праска, нежна и срамежлива. Без црната белата би избледела, без црната, белата не би вредела.

Се баравме себеси низ претходните животи. Остави зад себе се', заблуди, промашаите кои те потиснуваат, просто, лесно, како некое безначајно пристаниште.

Знам, спие сега и можеби понекогаш, во предградието на нејзиниот сон шетам јас.
Имам луда фантазија јас, ме носи до прекрасните, бели облаци. И до ѕвездите, и далеку и подалеку, и поради неа животот никогаш не е лош.
Многу ми значи тоа...
Ќе ми признаеш еднаш од кој свет си, ама чути, само скриј се под моите рамења.

Еј, откачи го товарот! Нанишани го утрото и пушти ја работата да тече. Кај Америте постојат зборови за тоа: 'Take it easy'.
Пикни ги твоите прсти во мојата коса, сите часовници во свемирот брзаат, ние имаме време, ноќта и ние двајца.
Во една тајна мисија сум! Мојот дом е само мал свиок на небесната палета, а јас сум на оваа планета, само да те направам среќна, само спиј, одмори се.
Не плаши се за границите и насловните страници, ги нема тие глупави станици на патот до утрото.

Крени го твоето прекрасно лице.
Твојата среќа е само твоја работа, а затоа твојата тага, тоа е веќе друга приказна... Тоа оди на мојата сметка!


И некогаш ќе успеам, да те слушам како дишеш во сонот, како дишеш...
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
170
Поени од реакции
20
Розов слон


Розово,розово, хахаха ,розово.Се е розово па и мојот сон од соништата.
Колку само е прекрасен,ах,многу е убав.Од маглина се тркалаше нешто налик на розово топче.Полека по полека измаглината стануваше се по чиста така да розовото топче повеќе личеше на розова топка ,која кога измаглината сосема се отргна јасно се гледаше мало розово слонче.Ја тресеше својата глава на која беше насобрано суви листови,а големите уши му удираа по очите па неможеше да види ништо пред себе.А,сурлата,хихихи,сурлата се тресеше лево,десно како некое црево за гасење на пожар.На главата имаше некои златни ресички во боја,шаренило што мислиш дека блескаше на сонцето кое ѕиркаше меѓу гранките на џиновските дрвја.А,и на четирите негови стопала имаше некои прекрасни панделки,розови,како и розовото слонче.На плешките имаше прекрасно седло на кое безбрижно седеше мајмунче играајќи се со бонаната и ананасот.
По долгото трчкарање лево десно стаса до една патека опсипана со безброј шарени цветови.Ах,колку само прекрасно мирисаа цветовите.Занесена од миризбата за миг од мојот видокруг исчезна розовото слонче.Па каде е?Каде исчезна?Тргнав по стапките на слончето,кое остави трага врз цветовите од неговите тешки стопала.Ах,да, го стасав,и не беше многу далеку,но пред мене се отвори друг,необичен видик.Слончето стоеше до крајот на патеката,а пред него широчина од зелена трева.Веднаш,зад ридот, се издигаше прекрасен розов замок.
Не верував на своите ширум отворени очи па морав да ги протријам.Но,се беше исто,прекрасно розово.Пред замокот гордо стоеше голем розов слон,намуртен и налутен,како да сакаше да покаже дека неговите правила на игра се строги и нема попуштање.Зад слонот стоеше уште еден розов слон,накитен како и малото розово слонче.И покрј намуртеноста на големиот слон,нечујно се провлече стрчуваајќи се кон малото слонче.Каква глетка,каква убавина,милина на душа.
Малото розово слонче не се поколеба да се стрча во прегратката на долгата сурла која се тресеше од радост.Малото слонче конечно ја најде својата розова мајка, која три дена го бараше довикуваајќи го со песната на розовите слонови.
Нивните сурли личеа како раце милуваајчи се по главите.Загриженоста на розовата мајка како во еден миг да исчезна нежно бришејќи ги солзите на розовото слонче.Кутрото,колку долго ли талкало дури го нашол патот до розовиот замок пронаоѓаајќи го своето семејство.Таткото,розовиот слон ,скришум ги избриша своите солзи од очите сокриваајќи ги со сурлата.Не сакаше да ги покаже своите нежни чувства пред своето розово семејство,некој мора и да е строг.Но,сепак неможеше да се воздржи,од неговите тажни очи потекое рој солзи,кои ниедна голема сурла неможеше да ги сокрие.Малото розово слонче фатено за сурлата на неговата розова мајка застана пред големиот слон поклонуваајќи му се.Бараше прочка за неговите палави игри кои далеку го одведоа од замокот.А и да не се поклонеше,зарем големиот слон не ќе му простеше,зарем не би попуштил пред неговата детска розова глава?
Секако,неговата лутина исчезна штом малото слонче од своите плеќи го симна мајмунчето кое сеуште го дојадуваше ананасот.Ах,да,мајмунска работа,неможел подобар другар да најде освен оваа мајмунче.Па добро,нека му остане само несакам повторно да ги мајмунисат работите.Неговиот поглед се зборуваше,а малото розово слонче ги прочита очите на големиот слон.
Повторно завладее хармонија помеѓу розовото семејство,и повторно радосно урликнаа со сурлите.
За мое изненадување од розовиот замок излезе царот и со песна ги повика розовите слонови,а тие пак грациозно се поклонија пред него.
Розовите слонови биле царски слонови!
Прекрасно,до тогаш немав видено царски слон и уште розови!
Маглината ми го намали видикот и се послабо ги гледав розовите слонови,а замокот полека по полека исчезнуваше се додека ширум не ги отворив очите будеејќи се од мојот розов сон.
Бев тажна,ми недостасуваше розовото слонче и розовото семејство.Поминаа неколку недели,но и понатаму ја чувствував истата тага.И,случајно,сосема случајно шетаајќи се од излог до излог здогледав стаклени розови слонови,две поголеми и едно мало розово слонче.Их,кликнав од радост и среќа.Воопшто не се двоумев да ги купам колку ии да беа скапи.Влегов во продавницата и нестрпливо ги гледав розовите слонови.Мојот разигран поглед го забележа продавачот нудеејќи ми многу други стаклени предмети,стаклени животни,но јас токму нив ги сакав,токлму прекрасните розови слонови.Во очите на продавачот се гледаше тага,не сакаше да ми ги продаде розовите слонови,едноставно се приврзал за нив кои во дуќанот стоеле веќе пет години и досега никој не прашал за нив.Се чувствуваше како да земам дел од него,дел од неговата душа.
-„Прекрасни се,ми беа коко семејство„.
Се нажалив и се сетив на сонот.А можеби и му биле семејство во некој минат живот?Можеби во мојот сон тој всушност е и царот?
Се поколебв,а во исто време ми беше жал што морав да ги оставам розевите слонови,несакав никого да разочарам,да оставам несреќен како и продавачот.
Се поздравив со него и онака успат,во кратки црти му го раскажав сонот за розовиот слон.Во неговите очи блесна некоја искра на среќа и радост.
-„Па добро,земи ги,ти ги поклонувам розовите слонови„
Се зачудив на неговата несебичност,и со прашалнички поглед погледнав во него.
_„Слободно земи ги.Гледам дека ти добро ќе се грижиш за моите розови слонови„
Неговите слонови?Дали сонувам или е јаве?Во рацете ги држев розовите слонови што ми ги даде.Ги гледав како се прелеваа на сончевите зраци.Ги допирав и вистински бев среќна.Нивната магична убавина ја разнежи мојата душа која се растопи од прекрасното чувство на допирот.
Сега розовото слонче е во мојата соба и заедно сонуваме розови сништа,прекрасниот замок,розовите слонови,патеката од шарени цветови,зелената трева,а на тревата царот кој молкум тагуваше по розевите слонови,по розевото семејство.

Даница Петровска „09„
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Еден фантастичен наслов од една фантастична форумџика. И знам дека не сум единствен кој ќе ужива во темава... Солзите на татко ми
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Солзите на татко ми

Крцкав мермер, тешка плоча и тони со црви врз неговата брада... Остри мразулци го расекуваат тоа навидум нормално човечко животно тело. Солзите ги нема. Моите се оправдано и доживотно парализирани кога се работи за тебе, но која ли е причината заради која не плачеш? На твое место и мртва би плачела. За се` што не успеа да ми дадеш, за се што не сакаше, за тоа што ниту црвите во гробот не сакаат да те дружат, та те јадат. Се надевам дека барем песните те тераат да плачеш тато:
 
Член од
27 јануари 2007
Мислења
2.504
Поени од реакции
72
Не помнам пред колку години беше, ниту пак кој период од годината беше, но знам дека никој од нив не сакаше да ми каже што се случува. Сите беа загрижени и тажни, а јас скокав околу нив, пробував да ги расположам со мојата детска безгрижност, иако не знаев што е тоа што ги мачи.
Бев во некоја магла, сите одеднаш замолкнаа и свенаа нивните лица, погледите им беа празни и стаклени, светкаа солзите..
Тоа утро останав сама дома, сите беа некаде отидени, а брат ми беше во другата соба. Седев мирна на креветот, сфатив што се случи. Всушност, тоа е најчудното, што не размислував околу тоа што било, што е тоа што ги скрши моите родители, едноставно.. го почувствував во мене.
Мајка ми влезе во мојата соба, седна до мене и со голема воздишка се подготви да ми ја каже веста. Но веќе знаев, и кажав дека знам. Само отидов во дневната и тогаш прв пат ги видов солзите на татко ми.
 

*pumpkin*

addicted to blue
Член од
28 август 2008
Мислења
716
Поени од реакции
23
Се прашувам дали некогаш сум ги видела солзите на татко ми......подобро е да се запрашам дали и него го има видено....не знам дали плачел...но се надевам дека плачел оној ден, оној проклет ден кога тој решил да се откаже од нас, нас трите кои требало да му бидеме се' во животот...се прашувам....и ќе продолжам да се прашувам и тоа ќе биде моето прво прашање кога ќе го видам на оној свет...Дали се каеше што се откажа од нас?- и тогаш се надевам дека ќе ги видам за прв пат неговите солзи....и тогаш нема да ми биде потребен одговор на моето прашање, тие солзи ќе бидат мојот одговор......но дали ќе го видам, дали ќе го прашам, дали некогаш ќе видам солзите на татко ми...
 
P

Polaroid vanity

Гостин
Првите нешта секогаш се паметат цел живот.
Некогаш ненамерно или свесно ќе ги потиснеш,ќе стапиш во нивни заборав,но демнеат како сенка.
Шепотат за минатото..какво и да било.
Знаете,спомените немаат грижа за вашите чувства и состојби,ја кинат утробата се дур крвта лие по телото,а вие немо ја контролирате сопствената надворешност.

Таков спомен за мене се солзите на татко ми.
Горчливи и тешки.
Какви впрочем можат да бидат машките солзи..ако не такви? Каква,колкава тежина треба да носи машката душа за да потклекне на моментот на немоќта?
Ах..проклети маки.
Бидејќи имав само три години..го подготвував детето за свој старател,таа глетка остави силен печат и ме жигоса за навек..за цело постоење.
Таа глетка ми овозможи надеж,потоа и страдање,болки..енормни измачувања кои и ден денеска сеуште траат во изобилие.

Мајка ми тој период се справуваше со чудни болести..повеќе ја гледав во болница отколку дома.
Кукли,лижалки,топки,облека секој ден..во знак на потиснување,заборавање.
Не знам ни самата јас колку возрасно,големо и старо се носев во тие мигови на себезалажување.
Староста ја влечам како товар од пелени. Младоста е таа која пробиваше трнливи патишта за да ме допре..
Не бев јас виновникот.
Како и да е..

Тој ден..кога го местев своето криво носе во сите можни новости го догледав татко ми во собата како плаче.
Громогласно тешко.
Како мало дете.
Чиниш слабоста се ракуваше со сите демони и само очекував силен врисок и крај.
Крај на детето во мене.
Не го доживеав.
Не знаев што да кажам,каква да ми биде гримасата..
Се обидував да се концентрирам на сончевите зраци кои ги осветлуваа солзите на татковото лице.
"Мора многу да ја сака..мора навистина многу да ја сака. Но,зошто плаче? Ќе ја снема? Ќе престане да постои? Веќе нема да доаѓа дома?"
Прашања,колку сакате.
Оф..
Ме прегрна и не изусти ништо. Исплашена смртно го давев со ситните рачиња..
Грчевито се криев со затворени очиња.
Немав каде да побегнам.

Ја милував сестра ми и се надевав,само се надевав.

На сечие изненадување,најлошото помина.
Повторно ја добивме иделната семејна слика.
Но мене тие солзи..17 години подоцна..сеуште ме мачат. Дури ми го одредуваат животот.
Анимусот ме загрозуваше.
Татко ми,се погрижи ненамерно да ми даде надеж дека грижливи,мажи кои љубат од срце постојат и ќе постоеле,настрана сите предрасуди.
Упорно верував во тоа..толку многу мудро пробивав низ секоја машка индивидуа што пердувесто лесно разбирав,се надевав,очекував.
А чекањето болеше..како и повредите.
Како и многубројните имиња на моето тело..
Како што болеше и срцево..кое се беше смалило од сувост и плиткост на емоции..
Како и секоја отворена рана..
Како се` што ме дефинираше и ми даваше живот.
Болката ми беше главна одлика.
А надежта која дивееше слободна си ја бараше смртта на постела.

Тато,не сум девојка за која некој маж би пуштил солза.
Тато,јас не сум човек кој може да биде сакан.
Тато,прости.. ама солзите ми дадоа верба во нешто кое не постои и за кое никогаш нема да доживеам првпат.
Прости и на ќерка ти за дрскоста.
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
И после толку долги години се уште не можам да преминам низ тоа.Низ сета болка која ја нанесе,сета штета што ја направи и пустошот што го остави зад себе.Солзите кој во ниту ниеден момент не ги пролеа јас ги исплакав.Сето она што ти не го направи јас морав да го направам и надоместам.
Можеби во судниот момент кога се соочи со сета таа болна вистина и кога се свести за тоа колку животи упропасти, можеби само можеби пролеа некој машки татковски искрени солзи...А можеби и премногу си замислувам и барам.Птемногу наивно од моја страна
Иако си некаде далеку, никогаш нема да ти простам.Се тече се се' менува и се поминува.Телото се распаѓа,скапува,коските остануваат заедно со сеќавањата...
Солзите се сушат,раните се затвараат.Тато, солзите не можат да го измијат срамот ниту пак болката, а уште помалце солзите кој никогаш не ги пролеа...
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Солзите на татко ми

Чинам беше петок, денот кога обично се шетавме и учевме како се однесува една дама. Но тој петок беше многу поразличен од другите, многу потивок и безсјаен. Не, ние не се шетавме, зашто неможеше тоа болно тело да се помрдне. Душата сакаше, чувствував дека сакаше, ама беше спречена. Сепак малата принцеза не се одвојуваше и сакаше пак и тој петок да учи како се однесува една дама. Танцував, се припремав за лекциите и советите, спремна за слушање и повторување. Влегов во собата и насмевката одеднаш ја снема од моето лице. Таа линија што исправува многу работи овој пат незнаеше што да исправи. Солзи.. солзите што никогаш во живот не ги имам видено, солзите што секогаш се криеле од мене, солзите што веднаш се бришеле.. Незнаев дали беа истите солзи кога паднав од лулашка или кога бев на лекување? Незнаев, и затоа незнаев која насмевка да ја одберам. Молчев. Го гледав тоа лице кое беше немоќно да се спротистави, усните кои збореа дека се ќе помине. Солзите на тато ме замолчеа. Ама.. нема ама. Тие паѓаа како восок од свеќа, првите солзи што ги видов беа и последните на тоа исто лице. Незнаев што да правам, лекцијата за тоа како да се биде дама во вакви ситуации не ја научив, односно не сакав ни да ја научам. Незнаев што прави дама и кои совети ги дели и како приоѓа кога некој е тажен. Ама знев што прави другар и ќерка. Силна гушка и истите солзи на моето лице, тагата да се подели, страдањето да е помало. Плачевме, плачевме заедно за прв и последен пат. Солзите на тато ме трогнаа како ништо друго, тогаш бевме само јас и тој на светот, никој не ни беше потребен, сакавме само мир. Незнаев дека истите тие солзи беа солзи за збогум, солзи за крај. Тој петок беше последниот, малата принцеза понатаму учеше сама како е да се биде мала дама.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.030
-“ Секако дека ќе го добиеш она што го сакаш...
Секогаш тоа ти се случувало..
Растеш во розев свет..Под стакленото ѕвоно!!!
Излези во реалниот свет...
Ќе те распарчат...
Нема мама и татко да те бранат таму..
Ралигавено детиште..Ете тоа си ти!!
Но, не! Јас ќе те скршам на милиони парчиња, ќе најдам начин да страдаш и да патиш, ќе го видиш вистинскиот свет, онака како што го гледам јас..
Доста ми е од принцезата која живее во тебе...„



Веќе се навикнав да го слушам ова, не беше ништо ново.
Почнав да ја употребувам маската на девојката која има сосема хармоничен и забавен живот.
Девојката која добива бакнеж пред да заспие, која секогаш со насмевка или тажен поглед добива се од нејзините родители..
Која никогаш во живот не била прекорена, која никогаш не слушнала караница...
Знам...
Лесно е да се суди според она што никогаш не си го видел...доживеал...слушнал...

In your perfect world
Where there's no one to blame
No one can hurt your feelings
And you don't feel no pain
Everybody loves you
And nobody gets burned
As long as you are living
In your perfect world



Се враќав дома и едвај чекав да легнам да спијам...
Напоред ден, половина го поминав во спремање, другата половина во воз и во автобус...
Знаев дека нешто не е во ред.
Последниот телефонски разговор беше чуден, невообичаен, тивок..
Понекогаш не беа потребни зборови, доволна беше и тишината за да ми раскаже милион приказни...
Мислев дека ми се причинува и бев решена да го игнорирам чувството што го имав цел ден.
Ја отворив портата и почнав да се тресам, не знаев зашто, не можев да си објаснам...
Можеби ми е ладно-помислив...
Влегов дома..Конечно дома...
Се ми беше јасно како ден, немаше некоја особена потреба да ми се објаснува...
Тажните погледи, молкот...

Неколку дена подоцна морав да го слушнам и она најлошото...
Ја знаев вистината..конечно...
Никогаш нема да ги заборавам зборовите што ги слушнав...
Околината, мирисот, начинот на кој дишев..Облеката што ја носев..
Мислите кои ми поминаа ќе ме прогонуваат до крајот на животот...

“Maybe a part of you has died
Because you keep it all inside
But still you wear that smile on your face


Години подоцна, кога научив да живеам со реалноста, кога ми е сеедно што мисли околината за мојот свет..
Кога времето поминува а болката што ја чувствувам не сака да си замине...
Чекам, единствено што ми преостанува е да чекам да ги видам солзите на татко ми...
Не знам дали ќе чувствувам задоволство, но знам дека ќе чувствувам ослеснување...
Животот веќе не ми е ист после тој проклет ден..
Вистината, и покрај болката, беше она што требаше да го чујам многу порано од тоа...
Сега...
Сега се појави ТИ...
ТИ мене да ме осудуваш поради ставовите кои ми се наметнати од искуството..
ТИ мене да ми кажуваш дека ЈАС живеам во розов свет...
Дали еднаш..Барем ЕДНАШ си помислил да ме прашаш зашто така се однесувам?

you'd have to walk a thousand miles
in my shoes, just to see
what its like, to be me
ill be you, lets trade shoes
just to see what id be like
to feel your pain, you feel mine
go inside eachothers minds
just to see what we'd find
look at shit through eachothers eyes


Лесно ти беше...
Лесно ти беше да ме повредиш..
Лесно ти беше да ме лажеш и да направиш да се чувствувам како идиот...
Мене уште послесно да паднам на твоите бакнежи и допири..
Прости ми..
Што сакав да ти го подарам светот, што единствено нешто на кое помислував беше ти..
Прости ми што те сакав...
Беше премногу за твојот свет, премалку за мојот...
Не знам ни дали солзите на татко ми се посакувани како твоите...


Девојката која конечно имаше храброст да ја тргне маската
 

Kajgana Shop

На врв Bottom