Never let me go ( Никогаш не оставај ме)Поттикнат од "Убав нов свет", сакам да направам кратка ретроспектива на сите издадени и преведени дистопии. Лично немам прочитано многу дистопии и не ми лежи најдобро овој жарн. Ретко која книга, од овој жарн, имам прочита и во еден здив.
Знам дека на форумов има култ кон "1984", но мене не ми остави значителен впечаток. Ништо посебно. "Животинска фарма", од друга страна, ми се допадна. Содрински мала, но суштински многу опсежна книга.
Лани ја прочитав и "Фаренхајт 451", слична тематика, мислам дека напишав и рецензија, убаво се гради приказната, само крајот некако потфрли, многу избран, напишан во трчање, но книгата ја препорачувам.
"Пеколен портокал" не ми легна баш најдобро. Имав и проблеми со преводот, лошо се адаптирав, подоцна прочитав дека намерно се оставени сите тие руски зборови и фрази. Ако има реиздание, можеби некогаш повторно би ја прочитал. Во филмот повеќе уживав отколку во книгата.
"Господар на мувите" е невообичаена книга, лесно се чита и ја препорачувам. Не знам дали ми беше лектира или ја читав како слободна литература. Требало да биде, еден вид сатира за "Пол и Вирџинија". Отсуството на авторитет го прави тој (детски) свет парадоксален. И филмчето е убаво.
"Патот" лани ја започнав и не ја дочитав. До таму каде што стигнав ми се допадна, но ќе ја коментирам откако ќе ја дочитам. Филмот не ми е гледан.
Од поновите, трилогијата "Лавиринт" ја имам, но не ми е прочитана и за тоа ме искараа. Ставена е во листата за читање. "Игрите на гладните", првите два дела бев солидни. Третиот дел беше многу блед, маршутата до Капитол на филмот беше многу поубаво претставена. Тука авторката штедел зборови и страници. Требало малку да го тегне настанот затоа што е сржта на самата книга.
Од она што не ми е читано: "Станицата единаесет" ја купив сосема случајно, на старо, и не ми е читана. Беше џабе, не ја ни прочитав содржината, си ја земав. Тешко дека ќе ја прочитам оваа година затоа што распоредот е доста густ. А за "Приказната на робинката" никогаш посериозно не сум се заинтересирал. Знам дека има и серија, која не ми е гледана. Импресии за последниве две книги?
Има некоја друга дистопија преведено или пак издадено некој наш домашен автор!?
Не знаев каде да го пуштам, ова, па мислев тука е ок.
Интересно четиво од Кинотека како одговор на просерувањето на една 'наша' писателка.
Немам ништо читано од женава, ама со вакви постојани просерувања на теми шовинизам-феминизам, сè помалку имам желба, а не сум шовинист и ги сметам жените за најпрекрасното нешто што му се случило на светов.
Не директно, ама индиректно ги нарече шовинисти затоа што нивен соработник напишал: "Три од авторите во оваа репрезентативна селекција се жени, но филмовите на Холанд, Шумовска и Садовска докажуваат дека ним воопшто не им е потребна некоја политика на родова еднаквост, бидејќи квалитетот на нивните дела говори повеќе од сите стратегии.“
Јасно ми е, само го споделив нејзиното мислење. Баш беше убав одговорот на луѓето од Кинотека, ми се допадна. Не ја сакам јас неа како личност уште откако кењаше за академик Катица Ќулавкова. Ама тоа не го негира фактот дека е одличен писател, нема нејзин расказ кој не ми се допаднал.Не директно, ама индиректно ги нарече шовинисти затоа што нивен соработник напишал: "Три од авторите во оваа репрезентативна селекција се жени, но филмовите на Холанд, Шумовска и Садовска докажуваат дека ним воопшто не им е потребна некоја политика на родова еднаквост, бидејќи квалитетот на нивните дела говори повеќе од сите стратегии.“
Румена нема напишано роман до сега, не ни може да учествува за да ја добие таа награда. А комисијата за „Роман на годината“ се менува секоја година, па така, што и да пише, излишно ќе е. И трето: во последниве 4 години три од добитниците на таа награда се жени (Фросина Пармаковска, Николина Андова-Шопова и Оливера Николова), а севкупно, по 21 година од доделување на наградата 7 пати наградата ја добила жена.Чудно како ја нема споменато наградата за Роман на годината или можеби потајно сака да ја добие, па не би сакала да врши притисок врз комисијата.
Не го негирам фактот дека е одличен преведувач, сум читал некој нејзин превод, ама за нејзини творби не давам пари.Јасно ми е, само го споделив нејзиното мислење. Баш беше убав одговорот на луѓето од Кинотека, ми се допадна. Не ја сакам јас неа како личност уште откако кењаше за академик Катица Ќулавкова. Ама тоа не го негира фактот дека е одличен писател, нема нејзин расказ кој не ми се допаднал.
Румена нема напишано роман до сега, не ни може да учествува за да ја добие таа награда. А комисијата за „Роман на годината“ се менува секоја година, па така, што и да пише, излишно ќе е. И трето: во последниве 4 години три од добитниците на таа награда се жени (Фросина Пармаковска, Николина Андова-Шопова и Оливера Николова), а севкупно, по 21 година од доделување на наградата 7 пати наградата ја добила жена.
Мене навистина не ми се јасни со таа рамноправност. Значи рамноправноста = квалитетет? На пример, ако има 2 романи од машки автор кои се прекрасни, а најдобриот роман од женски автор е просечен, сепак треба еден од машки, еден од женски да има награда? Плус, кога сме веќе кај рамноправноста, нели во тренд е тоа редефинирање на родовите па има (дури и кај нас, мислам) автори кои за себеси сметаат дека не се ни машки ни женски. Што е со нив? Тие не треба да влезат во ниту една категорија?А за Романов, ама она сака 50/50 рамноправност, како така 7 жени добитнички, а 14 мажи.
Си, ама баш ваквите "борци" за еднаквост и права го гледаат тоа низ бројки.Мене навистина не ми се јасни со таа рамноправност. Значи рамноправноста = квалитетет? На пример, ако има 2 романи од машки автор кои се прекрасни, а најдобриот роман од женски автор е просечен, сепак треба еден од машки, еден од женски да има награда? Плус, кога сме веќе кај рамноправноста, нели во тренд е тоа редефинирање на родовите па има (дури и кај нас, мислам) автори кои за себеси сметаат дека не се ни машки ни женски. Што е со нив? Тие не треба да влезат во ниту една категорија?
Малку во друга сфера ова, ама поврзано е со муабетов: пред некој ден кога ги презентираа номинираните за Оскар, го следев преносот на NBC, и имаше една емисија пред тоа и по тоа, наменета за Оскарите. И нормално, во духот на „рамноправноста“, водителката беше црнкиња, имаше гостин во емисија црнец (веројатно некаков филмски работник), и уште двајца црнци (исто така - филмски работници) кои беа вклучени онлајн од дома. И цело време коментираа како последните години откако е проширена Академијата после фамозниот #OscarSoWhite тренд, навистина има поголема разноликост и вклученост на повеќе раси меѓу номинираните, но и тоа како годинава по се изгледа се ќе се вратело по старо, бла бла бла... И едниот од тие што беа вклучени онлајн им рече: да не заборавиме дека ние не можеме да бараме поголема инклузија од таа која ќе ја добиеме доколку немаме масовна продукција. Не може на само 3 снимени филма во кои главните актери се црнци да бараме да има поголема застапеност меѓу номинираните. Кога би имале масовна продукција на филмови во кои се вклучени црнците, тогаш и со право да бараме повеќе. Вака вината е во нас, а не во Академијата.
Истото може да се преслика и тука: како некој може да зборува зошто нема на пример жена-режисер добиено награда за режија во Македонија, кога во минатото не ни имало жени-режисерки кај нас. Или, на книжевната награда „Роман на годината“ ако 80% од авторите се мажи, нормално е дека поголеми се шансите и добитникот на наградата да е маж. Не е тоа дека мажите или белците или хетеросексуалците или што-знам-кои се надмоќни, туку дека другите (жените, црнците, хомосексуалците) ги нема. Кога другите ќе ги има рамноправно, тогаш и ќе може да зборуваме за рамноправност. Нели сум во право?