Тука коментираме книги

Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.736
Поени од реакции
2.553
Пет филма се снимени по книгите на Фицек, сите германски и сите потпросечни. Чинам само „патник 23“ е преведена од екранизираните верзии.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.994
Поттикнат од "Убав нов свет", сакам да направам кратка ретроспектива на сите издадени и преведени дистопии. Лично немам прочитано многу дистопии и не ми лежи најдобро овој жарн. Ретко која книга, од овој жарн, имам прочита и во еден здив.

Знам дека на форумов има култ кон "1984", но мене не ми остави значителен впечаток. Ништо посебно. "Животинска фарма", од друга страна, ми се допадна. Содрински мала, но суштински многу опсежна книга.

Лани ја прочитав и "Фаренхајт 451", слична тематика, мислам дека напишав и рецензија, убаво се гради приказната, само крајот некако потфрли, многу избран, напишан во трчање, но книгата ја препорачувам.

"Пеколен портокал" не ми легна баш најдобро. Имав и проблеми со преводот, лошо се адаптирав, подоцна прочитав дека намерно се оставени сите тие руски зборови и фрази. Ако има реиздание, можеби некогаш повторно би ја прочитал. Во филмот повеќе уживав отколку во книгата.

"Господар на мувите" е невообичаена книга, лесно се чита и ја препорачувам. Не знам дали ми беше лектира или ја читав како слободна литература. Требало да биде, еден вид сатира за "Пол и Вирџинија". Отсуството на авторитет го прави тој (детски) свет парадоксален. И филмчето е убаво.

"Патот" лани ја започнав и не ја дочитав. До таму каде што стигнав ми се допадна, но ќе ја коментирам откако ќе ја дочитам. Филмот не ми е гледан.

Од поновите, трилогијата "Лавиринт" ја имам, но не ми е прочитана и за тоа ме искараа. Ставена е во листата за читање. "Игрите на гладните", првите два дела бев солидни. Третиот дел беше многу блед, маршутата до Капитол на филмот беше многу поубаво претставена. Тука авторката штедел зборови и страници. Требало малку да го тегне настанот затоа што е сржта на самата книга.

Од она што не ми е читано: "Станицата единаесет" ја купив сосема случајно, на старо, и не ми е читана. Беше џабе, не ја ни прочитав содржината, си ја земав. Тешко дека ќе ја прочитам оваа година затоа што распоредот е доста густ. А за "Приказната на робинката" никогаш посериозно не сум се заинтересирал. Знам дека има и серија, која не ми е гледана. Импресии за последниве две книги?

Има некоја друга дистопија преведено или пак издадено некој наш домашен автор!?
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.685
Поени од реакции
13.313

Never let me go ( Никогаш не оставај ме)
Klara and the sun

И двете од Казуо Ишигуро. Не се баш дистопии ама имаат таква жичка.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.148
Поени од реакции
10.086
Не знаев каде да го пуштам, ова, па мислев тука е ок.

Интересно четиво од Кинотека како одговор на просерувањето на една 'наша' писателка.

Немам ништо читано од женава, ама со вакви постојани просерувања на теми шовинизам-феминизам, сè помалку имам желба, а не сум шовинист и ги сметам жените за најпрекрасното нешто што му се случило на светов. :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.230
Поени од реакции
35.240

Screenshot_20220212-110426_Facebook.jpg
Screenshot_20220212-110445_Facebook.jpg
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.617
Поени од реакции
31.822
Ја прочитав Мистериозниот странец од Марк Твен.
Одлично мало книжуле, полно со иронија и исмевање на човековиот род.
Си вози приказната, малку мистерија, малку гротеска.
Ја препорачувам.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.148
Поени од реакции
10.086
Не директно, ама индиректно ги нарече шовинисти затоа што нивен соработник напишал: "Три од авторите во оваа репрезентативна селекција се жени, но филмовите на Холанд, Шумовска и Садовска докажуваат дека ним воопшто не им е потребна некоја политика на родова еднаквост, бидејќи квалитетот на нивните дела говори повеќе од сите стратегии.“

И ништо лошо нема напишано авторот, баш истакнува дека режисеркиве се квалитетни и имаат квалитетни филмови, за разлика од се' поприсутниот феминизам и гракање за родова еднаквост од потпросечни режисерки, писателки, уметнички...

Чудно како ја нема споменато наградата за Роман на годината или можеби потајно сака да ја добие, па не би сакала да врши притисок врз комисијата. :cautious:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.230
Поени од реакции
35.240
Не директно, ама индиректно ги нарече шовинисти затоа што нивен соработник напишал: "Три од авторите во оваа репрезентативна селекција се жени, но филмовите на Холанд, Шумовска и Садовска докажуваат дека ним воопшто не им е потребна некоја политика на родова еднаквост, бидејќи квалитетот на нивните дела говори повеќе од сите стратегии.“
Јасно ми е, само го споделив нејзиното мислење. Баш беше убав одговорот на луѓето од Кинотека, ми се допадна. Не ја сакам јас неа како личност уште откако кењаше за академик Катица Ќулавкова. Ама тоа не го негира фактот дека е одличен писател, нема нејзин расказ кој не ми се допаднал.
Чудно како ја нема споменато наградата за Роман на годината или можеби потајно сака да ја добие, па не би сакала да врши притисок врз комисијата. :cautious:
Румена нема напишано роман до сега, не ни може да учествува за да ја добие таа награда. А комисијата за „Роман на годината“ се менува секоја година, па така, што и да пише, излишно ќе е. И трето: во последниве 4 години три од добитниците на таа награда се жени (Фросина Пармаковска, Николина Андова-Шопова и Оливера Николова), а севкупно, по 21 година од доделување на наградата 7 пати наградата ја добила жена.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.201
Поени од реакции
8.440
Бидејќи Бужаровска е голем борец за права и еднаквости, само да се потсетиме дека предава на еден државен Универзитет на истата катедра каде е професорка и нејзината мајка.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.148
Поени од реакции
10.086
Јасно ми е, само го споделив нејзиното мислење. Баш беше убав одговорот на луѓето од Кинотека, ми се допадна. Не ја сакам јас неа како личност уште откако кењаше за академик Катица Ќулавкова. Ама тоа не го негира фактот дека е одличен писател, нема нејзин расказ кој не ми се допаднал.

Румена нема напишано роман до сега, не ни може да учествува за да ја добие таа награда. А комисијата за „Роман на годината“ се менува секоја година, па така, што и да пише, излишно ќе е. И трето: во последниве 4 години три од добитниците на таа награда се жени (Фросина Пармаковска, Николина Андова-Шопова и Оливера Николова), а севкупно, по 21 година од доделување на наградата 7 пати наградата ја добила жена.
Не го негирам фактот дека е одличен преведувач, сум читал некој нејзин превод, ама за нејзини творби не давам пари.

А за Романов, ама она сака 50/50 рамноправност, како така 7 жени добитнички, а 14 мажи. :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.230
Поени од реакции
35.240
А за Романов, ама она сака 50/50 рамноправност, како така 7 жени добитнички, а 14 мажи. :D
Мене навистина не ми се јасни со таа рамноправност. Значи рамноправноста = квалитетет? На пример, ако има 2 романи од машки автор кои се прекрасни, а најдобриот роман од женски автор е просечен, сепак треба еден од машки, еден од женски да има награда? Плус, кога сме веќе кај рамноправноста, нели во тренд е тоа редефинирање на родовите па има (дури и кај нас, мислам) автори кои за себеси сметаат дека не се ни машки ни женски. Што е со нив? Тие не треба да влезат во ниту една категорија?

Малку во друга сфера ова, ама поврзано е со муабетов: пред некој ден кога ги презентираа номинираните за Оскар, го следев преносот на NBC, и имаше една емисија пред тоа и по тоа, наменета за Оскарите. И нормално, во духот на „рамноправноста“, водителката беше црнкиња, имаше гостин во емисија црнец (веројатно некаков филмски работник), и уште двајца црнци (исто така - филмски работници) кои беа вклучени онлајн од дома. И цело време коментираа како последните години откако е проширена Академијата после фамозниот #OscarSoWhite тренд, навистина има поголема разноликост и вклученост на повеќе раси меѓу номинираните, но и тоа како годинава по се изгледа се ќе се вратело по старо, бла бла бла... И едниот од тие што беа вклучени онлајн им рече: да не заборавиме дека ние не можеме да бараме поголема инклузија од таа која ќе ја добиеме доколку немаме масовна продукција. Не може на само 3 снимени филма во кои главните актери се црнци да бараме да има поголема застапеност меѓу номинираните. Кога би имале масовна продукција на филмови во кои се вклучени црнците, тогаш и со право да бараме повеќе. Вака вината е во нас, а не во Академијата.

Истото може да се преслика и тука: како некој може да зборува зошто нема на пример жена-режисер добиено награда за режија во Македонија, кога во минатото не ни имало жени-режисерки кај нас. Или, на книжевната награда „Роман на годината“ ако 80% од авторите се мажи, нормално е дека поголеми се шансите и добитникот на наградата да е маж. Не е тоа дека мажите или белците или хетеросексуалците или што-знам-кои се надмоќни, туку дека другите (жените, црнците, хомосексуалците) ги нема. Кога другите ќе ги има рамноправно, тогаш и ќе може да зборуваме за рамноправност. Нели сум во право?
 
Си, ама баш ваквите "борци" за еднаквост и права го гледаат тоа низ бројки.

Ако има некој феноменален филм од маж и некој просечен филм од жена, они ќе навиваат за жената да добие награда зашто лани маж ја добил истата награда. Не гледаат квалитет, они гледаат само да има жена, да има ЛГБТИ лик, да е дело кај што жените се обесправени и одма тоа е ремек дело, без разлика на квалитетот.

"Сестри" што е просечен филм баш ваквите борци за еднаквост, права на жените го направија низ муабети еден од најдобрите македонски филмови само зашто во него машките се претставени ко сељаци, говеда, простаци.
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.586
Поени од реакции
35.012
Еден сив мартовски ден“ - Тања Урошевиќ

Книгава е во 20-те избрани романи за наградата Роман на годината. Сосема заслужено и оправдано. Психолошки трилер за животот на 3 другарки и преиспитувањето на животот. Книга која се чита во еден здив, која држи внимание до последната страница. Прекрасни описи за животот во Скопје за време на војната и повоено Скопје. На моменти ме потсетуваше на хрониките на Данило Коцевски за градскиот живот во Скопје.
Одмерен и интелегентен роман кој на едноставен начин ги раслојува човечките животи и судбини.

IMG_20220221_103541.jpg
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom