Тука коментираме книги

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.058
Поени од реакции
17.752
Никогаш не мислев дека ќе имам намера да читам книга од Пауло Куелјо (не за друго ептен негативни вибрации имам спрема авторов, пред се поради личностите кои обично објавуваат негови цитати) ама ми ја поклонија "Алхемичарот" па каде и да е ќе мора да ја прочитам :D

И сега најискрено бидејќи имам прочитано доста спротиставени мислење за книгава (еден ќе напише одлична е браво, одма под него некој тешко срање е!) па затоа ако може некој така кој има прочитано книги од овој автор вклучувајќи ја и оваа, да искоментира збор-два за истата. Не сум баш некој разновиден читач, од она што досега го имам прочитано во животот најголемиот дел спаѓа во класиката, пред се епохата на реализмот, а од поново време читам повеќе трилери-мистерии, се со цел да ме извадат малку од реалноста.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Можеби постов требаше да биде во темата за преводи, ама верувам дека и тука може да помине, како предупредување. Наивно помислив дека можеби вреди да се чита македонскиот превод на „Бојата на магијата“ од Тери Прачет.
Станува збор за релативно добро, за тие што претпочитаат ваква литература,напишана книга, прва во низата дела посветени на Дисксветот и неговите жители. Стилот и јазикот на Прачет се специфични, тој често користи и изрази кои отскокнуваат од стандардниот англиски (сленг и сл.), им дава на своите ликови невообичаени имиња и сл.
И тука стапува на сцена преведувачот (т.е. преведувачката) која се нафатила да „преведува“. Очигледно е дека таа никогаш не читала ништо од авторот, ниту пак е површно запознаена со творештвото на истиот. Очигледно е дека не го знае доволно ни сопствениот јазик, па помакедончува србизми кои никогаш и не биле користени кај нас (за чудо), а ни англискиот, оти очигледно е дека често го користи српскиот превод, кој е сосем пристоен, ама е српски.
Па ни со српскиот не владее сосем добро, зошто многу делови од книгата кои имаат некаква смисла на српски, целосно ја губат истата во одвратниот превод на нашиот јазик. Некаде се менуваат и се помакедончуваат имињата на ликовите или на географските поими (а тие понекогаш првин се посрбени). Најчесто тоа лошо е направено, а понекогаш и сосем непотребно (како на пример некому да му текне дека е страшно добра идеја Гандалф да го прекрсти во Ганчо, и дека тоа е сосема во ред). И тоа продолжува, на секоја страница има по некое изненадување, а ако преведувачот ја прескокне со глупостите, штедро надоместува на следната.
Преводот е толку лош, па ми се чини дека и јас би направил подобар, иако сум без стручна подготовка.
Да биде полошо, книгава наводно ја ѕирнал и лектор. Нема оправдување за шокантниот превод, оти Прачет не пишуваше вака ни кога заболе од алцхајмер, а македонскиот јазик, независно од капацитетот на повеќето луѓе кои се служат со него, сепак овозможува најразновидна и богата комуникација која ги надминува идиотизмот и бесмислата.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.792
Поени од реакции
33.603

Истово го кажав некаде, и едвај спасив жива глава! Ќе ме убиеја. Јас не можев да поверувам дека толку лошо може да биде преведено нешто, па макар и да е флаер за чорапи од Пенти, а не пак роман. Со мака го дочитав.
 
Ама ајде, на ништо не личи преводот. Секаде каде што можело да се направи грешка можноста не е пропуштена.
А за бранителите на преводот... Па, кај нас контрапротестот веќе стана традиција :)
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Никогаш не мислев дека ќе имам намера да читам книга од Пауло Куелјо (не за друго ептен негативни вибрации имам спрема авторов, пред се поради личностите кои обично објавуваат негови цитати) ама ми ја поклонија "Алхемичарот" па каде и да е ќе мора да ја прочитам :D

И сега најискрено бидејќи имам прочитано доста спротиставени мислење за книгава (еден ќе напише одлична е браво, одма под него некој тешко срање е!) па затоа ако може некој така кој има прочитано книги од овој автор вклучувајќи ја и оваа, да искоментира збор-два за истата. Не сум баш некој разновиден читач, од она што досега го имам прочитано во животот најголемиот дел спаѓа во класиката, пред се епохата на реализмот, а од поново време читам повеќе трилери-мистерии, се со цел да ме извадат малку од реалноста.
Види јас, цел живот бев неутрална за него. Не бев ни од тие што го сакаат, ниту од тие што го напаѓаат, што значи немав мислење, ни очекувања. Лани ја прочитав „Алхемичарот“ за прв пат и воопшто не бев воодушевена. Не само што не бев воодушевена, туку одвај ја прочитав. Овчарчето т.е главниот лик толку ми оди на нерви низ целата приказна, што ми иде да влезам во книгата и да му акнам заушка.

Е сега, јас сепак би ти рекла да ја прочиташ, затоа што нели книгата е индвидуална работа, можеби твојот mind set и расположение се такви што ќе ти легне книгата. Најубаво е сам да си процениш. А и не е голема, колку што паметам е околу 100-150 страни.
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.058
Поени од реакции
17.752
Види јас, цел живот бев неутрална за него. Не бев ни од тие што го сакаат, ниту од тие што го напаѓаат, што значи немав мислење, ни очекувања. Лани ја прочитав „Алхемичарот“ за прв пат и воопшто не бев воодушевена. Не само што не бев воодушевена, туку одвај ја прочитав. Овчарчето т.е главниот лик толку ми оди на нерви низ целата приказна, што ми иде да влезам во книгата и да му акнам заушка.

Е сега, јас сепак би ти рекла да ја прочиташ, затоа што нели книгата е индвидуална работа, можеби твојот mind set и расположение се такви што ќе ти легне книгата. Најубаво е сам да си процениш. А и не е голема, колку што паметам е околу 100-150 страни.
Не дека нема да ја прочитам, нема книга дома која ја немам прочитано (освен Полноќна палата од Карлос Руиз Зафон, книга која најискрено ја започнав, но немав никаква желба да продолжам да ја читам, пред неколку години беше тоа, може да и се даде уште една шанса идниот период), но нема да ја читам сега бидејќи прочитав одлични книги последниот период, па како што очекувам Алхемичарот да не биде нешто посебно, не сакам да ми влијае и сенката на последните прочитани книги.

Идна на ред е Богородичната црква во Париз, прва книга која ќе ја читам од Виктор Иго. Големка е и како што гледам фонтот е мал, така да две десетина дена не ми бегаат за читање.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не дека нема да ја прочитам, нема книга дома која ја немам прочитано (освен Полноќна палата од Карлос Руиз Зафон, книга која најискрено ја започнав, но немав никаква желба да продолжам да ја читам, пред неколку години беше тоа, може да и се даде уште една шанса идниот период), но нема да ја читам сега бидејќи прочитав одлични книги последниот период, па како што очекувам Алхемичарот да не биде нешто посебно, не сакам да ми влијае и сенката на последните прочитани книги.

Идна на ред е Богородичната црква во Париз, прва книга која ќе ја читам од Виктор Иго. Големка е и како што гледам фонтот е мал, така да две десетина дена не ми бегаат за читање.
Тоа сакав и претходно да ти кажам, остави си ја за „сушни“ периоди, кога ама баш немаш ништо попаметно за читање.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
До ден денес стојам на ставот дека е педофилска книга и неверувам дека ќе сменам мислење понатака во животот.
Исто.

Кога ја работевме на школо и јас како Мис Индепендент ја изанализирав и опишав книгата, на крај само дадов заклучок дека ако просечниот читател ја чита книгата без претходно знаење за истата дека впечатокот останува дека е тематиката благе педофилска. И иако се претходно што кажав ќе ми донесеше 5ка, на крај добив кец ради завршната мисла. Добив 5ка подоцна али заедно со 1от на крај 3ка. Ти ебам и програма, и наставици и све :D

Не знам зошто упорно наредни генерации ги учат едните исти дела, од кои и ова. Кога има толку многу книги кои можат да ги опфатат истите пораки и филозофии, но да ги прикажат спакувани во далеку помалце контраверзна и непријатна едиција.
 
Член од
14 декември 2015
Мислења
8
Поени од реакции
1
Ме интересира дали има книга по сценарио на филмот Mr. Nobody мислам дека филмот е некаде 2008 година. или можеби некој знае некоја книга во тој стил.

Послато са Lenovo A3500-FL уз помоћ Тапатока
 
ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.793
Поени од реакции
7.017
Можеби постов требаше да биде во темата за преводи, ама верувам дека и тука може да помине, како предупредување. Наивно помислив дека можеби вреди да се чита македонскиот превод на „Бојата на магијата“ од Тери Прачет.
Станува збор за релативно добро, за тие што претпочитаат ваква литература,напишана книга, прва во низата дела посветени на Дисксветот и неговите жители. Стилот и јазикот на Прачет се специфични, тој често користи и изрази кои отскокнуваат од стандардниот англиски (сленг и сл.), им дава на своите ликови невообичаени имиња и сл.
И тука стапува на сцена преведувачот (т.е. преведувачката) која се нафатила да „преведува“. Очигледно е дека таа никогаш не читала ништо од авторот, ниту пак е површно запознаена со творештвото на истиот. Очигледно е дека не го знае доволно ни сопствениот јазик, па помакедончува србизми кои никогаш и не биле користени кај нас (за чудо), а ни англискиот, оти очигледно е дека често го користи српскиот превод, кој е сосем пристоен, ама е српски.
Па ни со српскиот не владее сосем добро, зошто многу делови од книгата кои имаат некаква смисла на српски, целосно ја губат истата во одвратниот превод на нашиот јазик. Некаде се менуваат и се помакедончуваат имињата на ликовите или на географските поими (а тие понекогаш првин се посрбени). Најчесто тоа лошо е направено, а понекогаш и сосем непотребно (како на пример некому да му текне дека е страшно добра идеја Гандалф да го прекрсти во Ганчо, и дека тоа е сосема во ред). И тоа продолжува, на секоја страница има по некое изненадување, а ако преведувачот ја прескокне со глупостите, штедро надоместува на следната.
Преводот е толку лош, па ми се чини дека и јас би направил подобар, иако сум без стручна подготовка.
Да биде полошо, книгава наводно ја ѕирнал и лектор. Нема оправдување за шокантниот превод, оти Прачет не пишуваше вака ни кога заболе од алцхајмер, а македонскиот јазик, независно од капацитетот на повеќето луѓе кои се служат со него, сепак овозможува најразновидна и богата комуникација која ги надминува идиотизмот и бесмислата.
Чив е преводот?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.792
Поени од реакции
33.603
Чив е преводот?
Анета Мострова - Јованова, во издание на Арс Ламина Публикации, Арс Либрис, 2014. Моментално го читам „Морт“ од истиот автор, во превод на Александар Таковски, во издание на истата издавачка куќа и морам да признаам дека преводот е значително подобар.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Телото во кое треба да се живее - Петар Андоновски (88стр.)
Кратко романче наградено за „Најдобро за 2015“ од Утрински весник. По мене, баш и не е нешто посебно. Интересна сторија и едноставен невин стил - работи кои се доста битни за пишување на психолошки роман. Но имаше пропусти, како на пример репетитивноста на одредени случки во животот на главниот протагонист (сепак за мало романче, не е потребно), како и одредена мрачнина, својствена за повеќето наши писатели (стари и нови). Крајот по малку конфузен, но доволен сам за себе (инаку и не би можело да се заврши). Доза на претенциозност и нема баш, сепак стилот погоре пишав е лесен и книгата може да се проголта во 24 часовен маратон. Не жалам што ја земав, би ја препорачал на оние што го имаат читано Колекционер од Фаулс, без никакви очекувања, онака релаксирано.
Поговорот (рецензијата) - претенциозна до даска.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Иде саемот, па така ми требаат инфо за овие. Што е добро, а што не. :D
Сите се изданија на Бегемот.
Роберт Стивенсон - Киднапиран
Борхес - Сеќавањето на Шекспир
Јејтс - Келтскиот самрак
Маломбра (од некој италијански автор)
Рибја Крв (чешки автор)
Булгаков - Театарски роман.
 
ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.793
Поени од реакции
7.017
Иде саемот, па така ми требаат инфо за овие. Што е добро, а што не. :D
Сите се изданија на Бегемот.
Роберт Стивенсон - Киднапиран
Борхес - Сеќавањето на Шекспир
Јејтс - Келтскиот самрак
Маломбра (од некој италијански автор)
Рибја Крв (чешки автор)
Булгаков - Театарски роман.

Сите се значајни, но секако, зависи од лични желби. Борхес е еден од најдобрите писатели на раскази. Од Јејтс тоа се келтски приказни, па доколку те интересира таа тематика, би требало да ти се допадне. Од Булгаков го немам читано Театарски роман, ама на другари им се допадна многу.
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Иде саемот, па така ми требаат инфо за овие. Што е добро, а што не. :D
Сите се изданија на Бегемот.
Роберт Стивенсон - Киднапиран
Борхес - Сеќавањето на Шекспир
Јејтс - Келтскиот самрак
Маломбра (од некој италијански автор)
Рибја Крв (чешки автор)
Булгаков - Театарски роман.
Еве од порано што имам пишувано нешто накратко за „Театарски роман“.
Михаил Булгаков - „Театарски роман“

Краток, недовршен роман на Булгаков, уште попознат под насловот „Црниот снег“.

Централниот лик, Сергеј Леонтиевич Максудов, инаку новинарски дописник ќе ја има (не)среќата да сонува сон што ќе го измачува до степен што едноставно ќе мора да напише роман за него. Романот на Максудов ќе биде причина да ги запознаеме сите завери, љубомората и зависта во книжевничките кругови. Максудов кафкијански го влечка романот насекаде обидувајќи се да постигне некаков успех. На крајот потребни ли се тие умилкувања и обиди да се стигне до книжевничките врвови по цена да се изгуби личноста и колку тие врвови се навистина тоа?

Булгаков ќе го смести својот јунак и во театарската атмосфера и ќе проба да го вклопи таму. Можноста тридимензионално да се наслика и да се види сонот е возможна само на сцена. Но колку таа сцена навистина е потребна, кога заткулисните политички игри се далеку посилни?

Препознатливи се апсурдноста и духовитоста на Булгаков. Тоа впрочем се и заедничките црти на овој таканаречен краток роман (или можеби долг расказ?) со неговото најврвно дело „Мајсторот и Маргарита“. Секако и симболизмот како слуга на целата таа заплетканост.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom