Тука коментираме книги

Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.480
Поени од реакции
2.341
Село зад седумте јасени... печат од 1952 година
(и песни од истиот автор...печат од 1948 година)
прв ден и отидова 50 страни... баш ме интересира тој период.
---
Дали ова издание е прво,кое потоа е нешто сменето-препечатено
во една тема за прв македонски роман имаше муабет баш за ова,дека не бил тој прв роман туку оној на Стале Попов.
„Село зад седумте јасени“ се смета за прв роман на современ македонски јазик, да.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
„Село зад седумте јасени“ се смета за прв роман на современ македонски јазик, да.
Првото издание е препечатено,нешто сменето,нешто им сметало...
а закаснило печетењето на Крпен Живот,само за да ова селото биде официјално прв македонски роман-тоа овде некаде го прочитав.
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963

Тука сте прочитале.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.369
Тука сте прочитале.
Јас одамна сакав да го прочитам „Село зад седумте јасени“ и навистина никаде не можев да го најдам. По појавата на COBISS никогаш не ми текнало да побарам, сѐ до пред една недела, и резултатите ме изненадија. „Село зад седумте јасени“, издание од 1952 го има во 9 библиотеки низ Македонија, дури и во „Браќа Миладиновци“, 4 примероци (а мене членската ми истекува месецов :P) - ЛИНК, а преработеното издание, „Стебла“ од 1965, дури во 14 библиотеки и дури 22 примероци во „Браќа Миладиновци“ - ЛИНК! Дури има и превод на српски - „Село иза седам јасенова“, ама само во Штип, Куманово и Тетово - ЛИНК.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Јас одамна сакав да го прочитам „Село зад седумте јасени“ и навистина никаде не можев да го најдам. По појавата на COBISS ние мкогаш ни текнало да побарам, сѐ до пред една недела, и резултатите ме изненадија. „Село зад седумте јасени“, издание од 1952 го има во 9 библиотеки низ Македонија, дури и во „Браќа Миладиновци“, 4 примероци (а мене членската ми истекува месецов :P) - ЛИНК, а преработеното издание, „Стебла“ од 1965, дури во 14 библиотеки и дури 22 примероци во „Браќа Миладиновци“ - ЛИНК! Дури има и превод на српски - „Село иза седам јасенова“, ама само во Штип, Куманово и Тетово - ЛИНК.
Јас ја барав во НУБ пред добри 5 години и ја имаше само на српски. :)
 
S

silmarillion

Гостин
Има инфо the cursed child кога ќе се појави кај нас?
 
D

Daedalus

Гостин
Нешто што читав периодов:

1. Логичко-Филозофски Трактат - Лудвиг Витгенштајн
2. Филозофски истражувања - Лудвиг Витгенштајн
3. За сигурноста - Лудвиг Витгенштајн

Ова се едни од најтешките книги и белешки (За сигурноста, Филозофски истражувања) што сум ги читал во животот. За сите коишто сакаат да навлезат подлабоко во суштината на јазикот и како истиот се користи како комуникациско средство со помош на кое луѓето ја разбираат и општат реалноста таква каква што ја разбираат, како и тоа дали е воопшто возможно да се разбере реалноста со помош на јазикот, Витгенштајн е Библијата. Само кој ќе се нафати на ова болно качување на Хималаите, нека се подготви за нервози и препрочитување на еден пасус по 10 пати.

Проблеми во филозофијата - Бертранд Расел.
Расел ги анализира сите проблеми во епистемиологијата вклучувајќи го и филозофскиот скептицизам. Напишано со лесен стил, добар увод во епистемиологија и проблеми во епистемиологијата за секој.

Записите од Наг Хамади
Овие ги има во многу верзии и се преводи од различни записи најдени во Наг Хамади, записи кои воедно ги претставуваат почетоците на христијанскиот гностицизам. Тука спаѓаат Евангелието на Тома, Апокалипсата на Адам, записи за Сет и ред други текстови кои имаат малце поинаков пристап кон теологијата од конвенционалното христијанство.

Отаде доброто и злото - Фридрих Ниче
Порано му ја читав Заратустра и не ми се свиѓаше. Решив да дадам шанса на оваа, not mu cup of tea. Мрзам кога филозофи навлагаат во проблематиките поетично, на мене и мојот карактер, повеќе одговараат аналитички дела кои се напишани во логички структури, без многу лебдење и дрдорење. Како уметничко дело не е лошо, без разлика на тоа што е погоди/промаши, чат пат по некоја добра поента и споредба, чат пат по некој ужасен афоризам. Али питање на вкус е, вреди да се прочита, посебно според мене за луѓе кои се љубители на поезија и изразување со висок стил.
Суштински, поентата на книгата без зборовната мастурбација, според мене, може да се напише у 2 страни.

Аудиокниги кои сум ги слушал периодов:

The Hellbound Heart - Clive Barker
Окултен хорор, ако сте го гледале првиот дел од „Hellraiser“, ова е мање више книгата за тоа, подобро е од филмот и има многу работи кои се испуштени во филмот. Не е лоша, ама не ми беше ни нешто посебно.

The Dresden Files - Jim Butcher
Го почнав серијалов, сега сум стигнат до третата. Сега за сега е супер. Окултен детективски муабет, има хорор елементи, има комични моменти. Карактерот е супер (има и серија, не е лоша, само што е прекината), причите се интересни, со забавни заплети, кулминации, перипетии и расплети. Нараторот е мамата (James Marsters), ептен му одговара гласот за главниот лик, Хари Дрезден.
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Дали ја има некој прочитано книгата "Ако не те видам никогаш повеќе " Лаура Мартинез е писател .Препорака ми е ,па сакам да чујам мислење ако ја има некој прочитано ?
 
Ѕид на плачот

Намќорка
Член од
7 септември 2016
Мислења
143
Поени од реакции
68
Пред некој ден го видов романот: „јас пред тебе“, од Џоџо Мојес во издавачка куќа - култура,
дали некој ја земал, ја прочитал? Јас го имам гледано филмот „ми бифор ју“, сработен според романот и искрено ми остави голем впечаток.

Мада од Џоџо Мојес имам само два романа, „Последното љубовно писмо“ и „Љубовникот“, всушност тоа е еден, ама ете кај нас го поделија на два дела и посебно се продаваат.
Искрено, овие не ми се баш, баш најдобри иако се бестселери.
Воопшто не ме привлекоа, можеби кога ќе седнам да ги препрочитам пак, некогаш...
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.135
Поени од реакции
8.227
Книгиве така ми ги дадоа, не знам дали да ги чувам или да ги трампам на некоја размена на книги. Ај ако некој ги знае авториве и книгиве да ми каже дали вреди нешто од ова да задржам или сè да чувам за некоја размена на книги. Фала многу.

Ванде Ганчевски ~ Страчка (самостојно издание)
Владимир Костов ~ Дива мисла (Матица)
Душка Дуња Гиевска ~ Траги во бестрага (Дата песнопој)
Владимир Попов ~ Поколението на Сизиф (Култура)
Ѓорѓи Ивановски ~ Fatum (нема издаваштво)
Велко Неделковски ~ Живакал (Солсонс)
Божин Павловски ~ Рогот на љубовта (Матица)
Душко Родев ~ Во очекување на Нобеловата награда (Македонска реч)

(*само последниве двајца ги знам)
 
Владимир Костов е авторот на првиот македонски роман преведен на англиски јазик, „Свадбата на Мара“ (1968). Во мое време се работеше како лектира во средно, сега не знам. Конкретниов наслов не ми е познат.

Велко Неделковски е поет, раскажувач, романсиер и драмски писател за деца. Автор на романот за деца „Втората смена“ (1983), според кој беше снимена популарната ТВ серија на МТВ. Има напишано и сценарија за некои други детски ТВ серии. Лани за романот „Златко-Златец“ во издание на Антолог ја доби наградата на ДПМ - „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади за 2015. Исто и како погоре, конкретниот наслов - непознат.

За Божин Павловски и Душко Родев кажа и самиот дека ти се познати. Другите не ги знам и јас.
 
Tи се допаднаа тебе прочитаните книги од Владимир Костов и Велко Неделковски?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom