Тука коментираме книги

Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Ghost story - Peter Straub

Ја препрочитав скоро. Самиот наслов упатува на содржината. Духовите не се така и толку чести во современата хорор литераура, која изобилува со вампири, врколаци и сл. Книгата не е лоша. Всушност првиот дел е одличен, а вториот не е кој знае што. Како авторот да не знаел кога да запре. Ај што не знаел да запре, не знаел ни како да продолжи и заплетот е супер, ама расплетот не е на висината на очекувањата. Тензијата писателот ја одржува речиси низ целото дело, што, кога се работи за хорор и не само за хорор, е за поздравување, ама квалитетот на приказната забележително опаѓа, на крајот добив нешто што веројатно не го очекував или не сакав да го добијам - холивудско решавање на проблемот.
Некои елементи на приказната ја прават блиска и сродна со Salem's Lot на Кинг, а со тоа и со Дракула на Стокер.

Прочитав некои раскази од Артур Макен, Велшанец, современик на Лавкрафт. Со Лавкрафт Макен го поврзуваат и темите, приказните кои ги пишува. Од она што ми е познато, делата на Велшанецот имале прилично големо влијание врз ХФЛ.
И Големиот бог Пан и Белиот народ зборуваат за простори, за состојби и за суштества кои не ни се толку нереални и далечни колку што замислуваме, и за тоа што би било со човекот кој ќе ги наруши границите меѓу нив. Би сакал да видам екранизација, посебно на Големиот бог Пан, но како и со делата на Лавкрафт, овде имаме извесни тешкотии - како соодветно и верно да се прикаже и искаже она што е неискажливо, а да се избегне баналноста. Срдечна препорака.
 
pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.536
Поени од реакции
2.222
Гледам одамна се немам апдејтирано на темава па еве сега ми доаѓа да набројам неколку книги одеднаш.
Последниов период прочитав 3 поголеми дела што подолго време ми беа на ту-ду лист.
Ќе започнам хронолошки:

ТЕОРИЈА НА ХАОСОТ - ЏОНАТАН РАБ
Имам претстава дека ваков роман неможе да добие на голема популарност. Причина за ова е малу сувото пишување и малу реалниот приказ на настаните без особена голема и необична авантура (пример нема кардинали што летаат хелихоптери како кај Ден Бранун).
Меѓутоа, да не ја цепидлачам работава многу, му давам висока оценка на романот како склоп. Добар опис има на настаните, прилично реално доловување на можно политичко сценарио. Да не бидам погрешно разбран, има многу авантура, особено ме восхитија сцените на борбата на возот, пукањето во библиотеката во Германија и финалната акција во ВУлф Поинт.
Ме радува кога авторот вметнува сопствена теорија.. во вистинска смисла на зборот во книгата, како кога Џорџ Орвел ги објаснува граматиката во 1984 во прилог на крајот на книгата, така и тука Џонатан Раб дава своевидна сува Теоријата на хаосот.
Предупредувам дека ова може да биде многу досадно на човек што не го интересираат правно-политичка тематика. Затоа и јас сум на по-малубројните читатели што имаат позитивни критики во однос на овој роман.
Исто топло препорачувам пред да ја читате Теоријата на хаосот да си го набавите "Владетелот" од Џорџо Макијавели, бидејќи често се споменува и се цитира, а и бездруго битно е да се познава добро владетелот да да се навлезе во Теоријата на хаосот во целост. Јас го имав владетелот читано поодамна и тоа ми создаде малку тешкотии, од таа причина и го препорачувам ова.
8/10

СЛИКАТА НА ДОРИЈАН ГРЕЈ - ОСКАР ВАЈЛД

Како што кажав погоре, многу посимпатични ми се правно-политичките романи налик делата на Кафка, Орвел, погоре споменатата Теорија на хаосот ... и Доријан Греј не ми се вклопува на ниеден начин во колекцијата. Меѓутоа не зажалив. И покрај тоа што не ми се по мерак силните метафори и долгите опишувања, приказната ме врати во почетоците на средното образование кога ја читав Шаргинска кожа од Балзак. О.Вајлд, неслучајно еден од најцитираните афтори во историјата. Неговите дела изобилуваат со кратки животни филозовски мисли дури изразени во една две реченици, а ве предизвикуваат да размислувате на таа тема со часови, дури и непреспиени ноќи. Во само 270 страни е опишан животот на аристократијата во тој период во англија, нивните пороци, нивните ставови, културата, уметноста.... И неслучајно и јас и светските експерти ја ставаат во топ15 must reed.
9/10

КУМ - МАРИО ПУЗО
Би рекол најдобра од овие 3 што сега ги пишувам, по мој вкус се разбира.
Никогаш не сум бил фан на италијанската книжевност. Ме изненади едноставноста на Пузо во опишувањето на толку големи настани и случувања. Стилот на пишување е жаргонски кажано Боза или peace of cake, а се доловени настани од енормно крупен калибар. Објаснето е функционирањето на мафијата, меѓусебните борби за превласт. Учеството на политиката и полицијата во работањето на мафијата. Италијанската култура. Особено добро опишани сицилијанските манири и ставови во поглед на прашањето за жените, пороците, одмаздата, животот. И сето тоа објаснето на толу лесен и едноставен начин што без воопшто напрегање читателот ја вари целата приказна. Еден до многуте интересни цитати на донот: "Еден правник со торба документи може да украде повеќе пари од стотина луѓе со пушки."
10/10

Намерно не навлагам во плотот на книгите, а само објаснувам што е долоено во нив и што може да очекува читателот да сретне таму, а целосното задоволство на приказната им го оставам да си ги откријат сами.

Бидејќи сите три ги препорачувам на читателите, текстот од погоре ќе го копирам во темата: Книги кои би ги препорачале. Немојте после спамер ова она, дрва камења :pos:
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.053
Поени од реакции
17.739
Здраво дечки читатели, абе дај разбудете се малку кажете по некоја книга :D

Нејсе дојдов да се консултирам за една-две работи па да видам дали ќе искоментирате нешто што ќе ме привлече. Се работи за книгата "Архипелагот Гулаг" од Александар Солженицин. Читана му е на некој? Така по насловот и по описот многу ме привлече, ми навестува на некоја помодерна верзија на "Записи од мртвиот дом" али не знам можеби и грешам, така да ако ја има прочитано некој нека ме просветли.

Друга работа ако може да добијам некоја препорака за книга во која дејството ќе се одвива на обвинителна клупа, односно главната тема ќе биде-судење. Ако знаете некој наслов за таква работа слободно кажете со некое кратко опсиче :D
 
Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345

Раскажи ми ги соништата од Сидни Шелдон.Вториот дел од книгата е судење ќе ти се допадне.
Ако сакаш можеш да ја читаш и Процес од Франц Кафка или Странецот од Албер Ками
 
Прочитани ми се Процес и Странецот, не сум до толку почетник во читањето :D

Фала иначе (y)
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.135
Поени од реакции
8.227
Здраво дечки читатели, абе дај разбудете се малку кажете по некоја книга :D

Нејсе дојдов да се консултирам за една-две работи па да видам дали ќе искоментирате нешто што ќе ме привлече. Се работи за книгата "Архипелагот Гулаг" од Александар Солженицин. Читана му е на некој? Така по насловот и по описот многу ме привлече, ми навестува на некоја помодерна верзија на "Записи од мртвиот дом" али не знам можеби и грешам, така да ако ја има прочитано некој нека ме просветли.

Друга работа ако може да добијам некоја препорака за книга во која дејството ќе се одвива на обвинителна клупа, односно главната тема ќе биде-судење. Ако знаете некој наслов за таква работа слободно кажете со некое кратко опсиче :D
Воскресение Л.Н.Толстој. Има судење. Ако ти се допаднала Архипелаг Гулаг, ќе ти се допадне и Во првиот круг од истиот автор. Потоа 7000 дана у Сибиру од Карло Штајнер и Раскази за Колима од Варлам Шаламов.

Воскресение од Толстој е преведна на македонски, јас имам едно издание од 1978. Дали има некое поново реиздание не знам. Прашај во Табернакул или на кеј кај Холидеј-Ин. Во првиот круг е преведена на македонски, јас ја имам, моето издание е од 1970. Мислам дека нема поново реиздание, така што ќе бараш антикварно, ама ќе се помачиш да ја најдеш на македонски. 7000 дана у Сибиру не е преведена на македонски, а и ја немам видено во МК. Ја имам во pdf. формат. Ако имаш некого во Хрватска или Србија, ќе се најде лесно. Раскази за Колима ја има на македонски, издавачот е ВиГ Зеница, ќе ја најдеш по книжариве.
 
Не ми е читана Архипелагот Гулаг, затоа ако ја имаш прочитано напиши ако не ти е тешко два-три збора за истата. Имам намера да ја купам наредниот месец.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.135
Поени од реакции
8.227
Не ми е читана Архипелагот Гулаг, затоа ако ја имаш прочитано напиши ако не ти е тешко два-три збора за истата. Имам намера да ја купам наредниот месец.
Критика кон радикалниот советски политички систем и работничките логори. Ја опишува историјата на создавањето на гулазите, функционирањето, истрагите, апсењата и пресудите поради кои затворениците се нашле во камповите итн. Вметнати се и сведоштва од други затвореници. Слична е со Раскази за Колима, иако Раскази за Колима повеќе се задржува на описите, животните и работните услови, храната, третманот од чуварите итн. Архипелаг Гулаг е покритички настроена. Мене повеќе ми се допаѓа Раскази за Колима, но секако и Архипелаг Гулаг е капитално дело.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.763
Поени од реакции
14.028
Ме интересира ваше мислење за книгата "Смрт во Венеција" од Томас Ман. Читана ми е кога бев трета средно и искрено не бев нешто импресиониран од книгата.
До ден денес стојам на ставот дека е педофилска книга и неверувам дека ќе сменам мислење понатака во животот. Не, не гледам површно на работите, добро ми е анализирана и дискутирана книгата. Имам прочитано добри конструктивни критики. Позитивни и негативни. Писателот има одлична идеа, прикажани се ерос и танатос, чувствата, сатисфакцијата, осаменоста и остали работи, но зошто побогу Таџ/ѓо мора да биде младо момче и толку да му се восхитува на него и неговата убавина и да навлегува до толку во детали кога го опишува? Не може ли Таѓо т.е еросот да биде некоја згодна 20 и нешто годишна путка и преку неа да ги да ни ги симболизира животот, љубовта и страста?
 
Јас не мислам дека целта на Томас Ман е да ги симболизира страстаљубовта и животот.Можеби грешам не знам.Еве што јас знам и како го имам учено од школо па нека надополнат и други.

Ликот што се заљубува во Таѓо се вика Ашенбах.Преку него Томас Ман сака да го прикаже судирот што постои меѓу уметноста и животот.Во конзервативна,рационална и бестрасна уметност на Ашенбаџ,Томас Ман всушност ја прикажува анахорната уметност на своето време која служи како празна форма,декор и луксуз.Меѓутоа токму во контекстот на ваквата уметност на Ашенбах загатнувајќи го прашањето за моралот на формалното убаво,на уметноста која себеси се препознава во изолираните сфери на(класичнто)убаво-Томас Ман го загатнува и прашањето за моралниот однос на уметникот.
Со посредство на ирониска дистанца,Томас Ман критички се огласува во однос на конзервативното поимање на уметноста како уметност на формата,односно на убавината на формите,а во отсуство на морално ангажиран суд.Прикажаното дејство во новелата е разградба и поткопување на таквото стојалише отелотворено во ликот на писателот Ашенбах.
 
Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Плус што човекот бил, well... геј.
 
Член од
14 декември 2015
Мислења
8
Поени од реакции
1
Калуѓерот што го продаде своето ферари од Робин Шарма има некој коментар во кратки црти. Мислам дали е добра книга или да ја вратам.

Послато са Lenovo A3500-FL уз помоћ Тапатока
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Калуѓерот што го продаде своето ферари од Робин Шарма има некој коментар во кратки црти. Мислам дали е добра книга или да ја вратам.

Послато са Lenovo A3500-FL уз помоћ Тапатока
Ако сакаш квази-филозофски книги кои те "учат" како да живееш (Коељо, Ошо, The Secret) читај си ја. Ако си немал искуство со вакви книги, враќај ја што побрзо и не чепкај во овој жанр никогаш повторно :D.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom