Јас ја прочитав Идиот од Достоевски ама некако многу е тешка за сфаќање, што е нормално, и дури мислам дека целосно ја немам сфатено заедно што немаше кој да ми ја разработи како што беше со злосторство и казна во школо, па ако сакат тие што ја имат прочитано може да споделат искуства
Го копирав сопственото мислење од темата со предизвикот, се надевам ќе ти помогне
-
Идиот - Фјодор М. Достоевски
Во ова дело го сретнав веројатно еден од најпозитивните ликови во светската литература воопшто - Лав Николаевич Мишкин...Толку детски искрен, толку неизнасилено спонтан и толку неартифицирано и несебично добар, што е етикетиран како - идиот. Скоро целиот свој дотогашен живот, го минал во Швајцарија, каде се лекувал од епилепсија и токму тоа што од малечок го запознал страдањето, ќе го претвори во заштитник на несреќните и ќе го уништи токму таа негова неизмерна моќ на саможртвување...
Доаѓајќи повторно на руско тло и фрлен во изопачениот круг на сплетки, лажниот сјај на својот сталеж, почитување на ,,вредности,, како опседнатост со богатство и положба, изопачени идеи и сл. тој навистина наликува на смешен витез од некое друго време и за жал, скоро тотално несфатен и без успех во потребата да заштитува, угодува и помага на луѓе, кои го влечат во пропаст, поради својата егоистички настроена подлост, од различна природа...
Во писмото до својата внука Иванова, објаснувајќи го својот роман, Достоевски напишал: "Главната мисла на мојот роман е - да се наслика позитивниот, прекрасен човек. Нема ништо потешко на светот од тоа. Особено денес...Тоа е задача безмерна... Прекрасното е идеал, а идеалот, ниту нашиот, ниту оној на цивилизираната Европа, ни оддалеку не е оформен..."