Штом полагаш Современа македонска... веќе си во завршна година. Ја имам читано и ти кажувам: прочитај ја, утре-другиден ќе го предаваш Солев! (па после ќе се чудиме оти учениците не биле мотивирани за читање)!:nenene::nenene::nenene::nenene::nenene::nenene::nenene::nenene::nenene::nenene::nenene:Luge aj nekoj ako ja cital Kratkata prolet na Mono Samonikov od D .Solev da mi kaze nesto za ispit mi e:smir:
Што сакаш да кажеш? Што мислиш за Солев? Јас почнав да ја читам Зора зад аголот денес.Штом полагаш Современа македонска... веќе си во завршна година. Ја имам читано и ти кажувам: прочитај ја, утре-другиден ќе го предаваш Солев! (па после ќе се чудиме оти учениците не биле мотивирани за читање)!:nenene::nenene::nenene::nenene::nenene::nenene::nenene::nenene::nenene::nenene::nenene:
Уф, за „Странецот“ до утре може да коментираме.Луѓе сакам да видам коментари за "Странецот" од Албер Ками. Каков впечаток ви остави книгава, ви се свиѓаше ли? Како го гледате главниот лик - Мерсо? Што сакал да каже авторот?...итн, се` што ви лежи на срце
За соодветно да ја сфатиш "Странецот" од Ками неопходно е да го прочиташ митот за Сизиф, а потоа и неговиот есеј за Сизиф во кој е првично изложена идејата за оттуѓувањето, па за да го дообјасни, го напишал романот. Романот е во функција на изложување на идејата на егзистенцијализмот, најди и прочитај нешто и за тоа.Луѓе сакам да видам коментари за "Странецот" од Албер Ками. Каков впечаток ви остави книгава, ви се свиѓаше ли? Како го гледате главниот лик - Мерсо? Што сакал да каже авторот?...итн, се` што ви лежи на срце
Хах, го имам прочитано митот за Сизиф, есејот за митот за Сизиф од Ками и прилично доста околу егзистенцијализмот. Значи не ми беше тоа прашањето. Сепак добра поента ти е тоа дека не е важно колку читаш, туку како читаш.За соодветно да ја сфатиш "Странецот" од Ками неопходно е да го прочиташ митот за Сизиф, а потоа и неговиот есеј за Сизиф во кој е првично изложена идејата за оттуѓувањето, па за да го дообјасни, го напишал романот. Романот е во функција на изложување на идејата на егзистенцијализмот, најди и прочитај нешто и за тоа.
Поважно од тоа колку читаш е како читаш.
Одлично, фала што ми посочи на овој нов начин на гледање на книгава, не знаев дека може и вака да се гледа на однесувањето на Мерсо. Кога човек подлабоко ќе размисли, навистина може да е точно сето ова. Значи според ова гледање, Мерсо и не е рамнодушен лик. Јас го гледав убиството како револт против општеството, како момент кога на човека му дошло преку глава од жешкото сонце, преку глава од општеството и топлите односи меѓу луѓето, преку глава од луѓето и нивните очекувања. Според твоето гледање, значи бунтот е во самиот него, тој сака да го закопа својот комплекс.Уф, за „Странецот“ до утре може да коментираме.
Најпрво едно од погрешните прашања кога зборуваме за литература е: „Што авторот сакал да каже?“ Читателот никогаш не може да знае што авторот сакал да каже. Секој различно си го интерпретира еден ист текст, дури и ние самите кога го читаме повеќе пати, повеќе пати различно може да го протолкуваме.
„Странецот“ е книга која навидум изгледа дека го претставува само апсурдот и незаинтересираноста на Мерсо да го почувствува животот. Пред предавањето на факултет во средно ни објаснуваа дека човеков убил без причина, или дека бил чукнат па затоа постапил така. Всушност има длабока филозофија во неговата постапка.
Значи да ги разгледаме на почеток постапките што се чинат апсурдни.
Умира мајка му на Мерсо.
Тој - гледа комедија, оди на плажа, води љубов со девојката за која изгледа незаинтересиран.
По овие постапки сите веднаш би помислиле дека Мерсо воопшто не ја сакал мајка си и не се грижел за нејзината смрт. Но, тука има едно големо но што ја менува суштината на целата книга.
Тргнувајќи од фактот дека Албер Ками спиел со книгите на Фројд значи дека многу добро го познавал Фројдовото дело. Кога би ги анализирале овие негови постапки според тој клуч ќе заклучиме дека:
Смеењето за време на несреќата или после несреќата (гледањето комедија после смртта на мајка му) кај луѓето е честа појава, според Фројд всушност кога се смееме во такви ситуации ние се плашиме и не сакаме да го покажеме стравот длабоко во себе, па затоа се криеме зад насмевката. Одењето на плажа исто така не мора да значи дека Мерсо не ја сакал мајка си, едноставно сакал да ги разведри мислите и да ги оддалечи од агонијата што му се случила. И на крајот водењето љубов, докажано е дека тоа е најдобар лек против стресови, го ослободува телото и духот од сите негативни работи што му се случиле.
Клучниот момент во книгата е погребот на мајката. Тука се јавува еден старец кој оди по Мерсо и му кажува: „Господине јас многу ја сакав вашата мајка, би можело да се каже дека ние си припаѓавме еден на друг“. Со тоа му кажува дека тој всушност бил интимен со неа. Додека се одвива таа сцена надвор сонцето е пеколно жешко (тоа е мнемотехничкиот детаљ во делото). Подоцна Мерсо го убива Арапот кога се повторува истиот мнемотехнички детаљ ко на почетокот, сонцето свети толку силно што ликот се потсетува на старецот од погребот на мајка му. Тој болно е заљубен во својата мајка, ја сака не како мајка туку како жена. Во моментот кога старецот му ги кажува своите чувства тој создава одбивност кон него, но го потиснува тоа во себе за повторно да исплива на површина кога барем една единствена работа (во случајов сонцето) ќе го потсети на сцената со старецот. Затоа што не можеше да го повреди старецот, ја потисна таа желба во себе, а кога го почувствува мнемотехничкиот детаљ го уби Арапот без размислување, што би рекле во состојба на афект.
На крајот ќе забележиме дека во Мерсо постоел прикриен Едипов комплекс. Тој не е така рамнодушен и нема толку апсурден поглед кон животот, неговите постапки се многу логични, но треба да се разгледаат од малку поинаков агол за да се сфатат поинаку.
За книгава има многу да се дискутира, навистина е едно од најквалитетните дела во тој период.
"Последна летна ноќ" од Ерскин Колдвел.
Почнува како лесна приказна за млада секретарица и оженет шеф, но колку понатаму се чита, толку поинакви импресии се добиваат, за на крај кулминацијата да биде оној вистински врв на сите изненадувања. Дејството од 175 страни се случува во една ноќ и на моменти знае да напне. Има паралелно раскажување, флешбекови и интересни нараторски моменти(иако сепак не успеваш да заклучиш кој е нараторот).
Како женско ова не треба да го направам, ама им ја препорачувам посебно на машките.
"Странецот" од Албер Ками.
Прв роман на Ками, единствено нешто од него што ги имам прочитано. Наратор е Мерсо, воедно и главниот лик кој раскажува за неговиот живот од смртта на мајка си до неговата смрт, всушност, смртна казна на која е осуден поради убиство кое го сторил без причина. Книгата е поделена на два дела и вкупно има само 111, но многу силни и крајно реални страници. Мерсо многу прецизно ја доловува бесмисленоста и апсурдноста на човековиот живот, не знам дали да кажам низ песимистичка или само реална перспектива, со што јас лично многу се соживеав.
"Мојата љубов Че" од Ана Менендез.
Да, Че Гевара, но не како секогаш, овојпат низ очите на вљубена жена. Тереса де ла Ландре е главниот лик, млада Кубанка во потрага по својата мајка од која единствен траг и се стихови од Пабло Неруда, сè додека еден ден не стигне пакет со писма со кои е содржана таа љубовна приказна за нејзината мајка и тогаш младиот љубовник Че Гевара...
Ја читав пред неколку години, така да, ќе додадам само дека романов е добар спој од романтична приказна, историска белешка и уште еден мал интригантен дел кој ќе ви го оставам на вас.
Желбата да се собере гневна толпа луѓе на погубувањето веројатно се јавила поради тоа што Мерсо длабоко во себе сепак почувствувал каење што си го потрошил животот залудно, на крајот тој всушност сфаќа дека не требало да живее толку незаинтересиран за околината, своите постапки тој не ги разбира, затоа навидум е апсурд неговото однесување, според оваа претпоставка на професорот, анализа според клучот на психологијата речиси сите ситуации стануваат дискутабилни.А сега за "Странецот". Знам дека Венко е крајно, дури хипнотички убедлив, дека на интересен структуралистички начин ги анализира делата. Во контекст на ова, за мене ново, и морам да кажам, чудно читање на романот и на Ками, како се вклопува последниот дел од романот, размислувањето на Мерсо за јавното погубување и желбата, во мигот на неговото погубување да се собере гневна толпа луѓе?
Додека трае судењето Мерсо открива дека сака да се биде блиску до луѓето. Додека е во самица уште повеќе ја открива својата осаменост. Значи тој сака да има толпа луѓе на погубувањето токму заради чувството на осаменост, конечно пројавената желба за луѓе..
А сега за "Странецот". Знам дека Венко е крајно, дури хипнотички убедлив, дека на интересен структуралистички начин ги анализира делата. Во контекст на ова, за мене ново, и морам да кажам, чудно читање на романот и на Ками, како се вклопува последниот дел од романот, размислувањето на Мерсо за јавното погубување и желбата, во мигот на неговото погубување да се собере гневна толпа луѓе?
Јас барав токување според теоријата дека Мерсо бил жртва на Едиповиот комплекс. Инаку, морам да кажам дека ликот на Мерсо не е лик на негативец, читателот сочувствува со него, бидејќи тој е жртва на едно апсурдно оттуѓено општество.Додека трае судењето Мерсо открива дека сака да се биде блиску до луѓето. Додека е во самица уште повеќе ја открива својата осаменост. Значи тој сака да има толпа луѓе на погубувањето токму заради чувството на осаменост, конечно пројавената желба за луѓе.
А сака да ги види нивните очи полни со презир затоа што сака да биде осуден од луѓето за тоа што го направил, очекува да биде осуден, како што тоа се случува веднаш по убиството, осуден е.
Интересното е што Мерсо има избор, но не се покајува, иако има избор најмалку 2 пати. Може да каже дека убиството било во самоодбрана зошто на местото на злосторот немало други сведоци, исто така можел да се покае по разговорот со свештеникот, но останал доследен, доследен на тоа што навистина убил и на тоа што го негирал постоењето на Бог.
Уште поинтересно е што моиве соученици го сакаа Мерсо, и ајде, во ред е ако е заради неговата доследност, останување свој на своето и покрај осудата од општеството, ама тие некако повеќе се восхитуваа на ладнокрвноста и рамнодушноста на ликот. До таму ли сме стигнале, да се восхитуваме на ладнокрвност и рамнодушност?! Дип шит, според мене.
Зошто читаш секташки книги ??Добро ја читам ама и ја употребувам практично пошто е прирачник, а се вика Самоанализа од Л.Рон Хабард.