Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

СпаЈдеР

DissentiveMoron202
Член од
1 март 2006
Мислења
3.201
Поени од реакции
52
\
Не ми е јасно како во списокот се најдов под 444ката, туку ај... :cautious:
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Истрчав 21км....не сум во последните, ама и не сум којзнае колку задоволен од резултатот...како аматер и не многу активен на дневна основа и треба да сум, ама ќе го трчам пак 2013 сигурно....
Честитки за сите што трчаа, многу добра организација и атмосфера!
 
Член од
21 март 2012
Мислења
48
Поени од реакции
14
2 месеци се спремав за овој маратон.
Трчав пример еден ден угорници,еден ден долга километража и еден ден спринтови,и ја се чудам стварно многу брз напредок направив :D
Daj spodeli zivti mene kaj si trcal ugornici ?:D i ova dolgava kilometraza..kolku dolga ? vishe od 20-ka?
 
Член од
20 јануари 2009
Мислења
3.159
Поени од реакции
375
Daj spodeli zivti mene kaj si trcal ugornici ?:D i ova dolgava kilometraza..kolku dolga ? vishe od 20-ka?
не сум од скопје, во ридско место сум целото е угорници :D
право само на стадион,а долга километража па зависи кога како се осеќам
за долга ја рачунам повеќе од 10 км да речеме. Не правам нешто по редослед,како се осеќам дента и како ми се трче така правам. најбитно..трчам :D
 
S

Stef Bachatero

Гостин
не сум од скопје, во ридско место сум целото е угорници :D
право само на стадион,а долга километража па зависи кога како се осеќам
за долга ја рачунам повеќе од 10 км да речеме. Не правам нешто по редослед,како се осеќам дента и како ми се трче така правам. најбитно..трчам :D
Треба да трчаме на високи места за поголем капацитет на кислород.Јас ќе трчам накај викендица.Надморска висина некаде 1470 м
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
АТЛЕТИKА – ВРВНИОТ СПОРТ И СПОРТСKИОТ ТУРИЗАМ РАKА ПОД РАKА
Скопскиот маратон може да донесе голем ќар
Одржувањето на еден тркачки маратон може на градот организатор да му донесе заработувачка од стотици илјади евра, ако правилно се работи и ако трката привлече голем број маратонци од повеќе земји. Покрај тркачите од елитната група, кои се натпреваруваат за да постигнат резултат, учествуваат многу маратонци на кои целта им е да трчаат и да истрчаат, а резултатот е во втор план. Уличните маратони во цела Европа привлекуваат илјадници спортски туристи, кои доаѓаат оддалеку остануваат по неколку дена, трчаат, го разгледуваат градот и трошат пари.

Со ова се согласува Kире Синадиновски, директорот на Скопскиот маратон, кој смета дека трката во престолнината на Македонија веќе оди во тој правец. Ако правилно се работи на маркетингот, вакви трки може да бидат „фабрики за пари“, од што полза ќе има целиот град.

- С` уште немаме прецизни проценки колку странци дојдоа во Скопје специјално за маратонот. Ги имаше околу 300 странци од 36 земји. Веројатно нашиот маратон во оваа фаза чини колку што странците оставаат пари во Македонија - вели Синадиновски.

Се проценува дека организацијата на маратонот вкупно изнесува некаде околу 100.000 евра, а според процените, посетителите во тие неколку дена оставаат толку пари во Скопје. Може да се замисли колкав е ќарот на некои попознати трки, како таа во Будимпешта со околу 8.000 учесници или Белград со околу 2.200 тркачи само во маратон и во полумаратон. Скопје имаше околу 3.500 тркачи, но најголем број домашни во трката на 5 км. На маратонот се натпреваруваа 180 натпреварувачи, а за полумаратонот стартуваа 370.

- Со добра кампања по другите маратони во Европа, ќе привлечеме многу повеќе маратонци. Така работат и другите. Има многу луѓе во светот кои сакаат да поминат што повеќе трки. Тоа е еден вид спортски туризам – вели Синадиновски. Тој в среда заминува за Прага каде в четврток има конференција на Асоцијацијата на меѓународни маратони АИМС. Скопскиот маратон е прв пат поканет на овој собир. Kире ќе ги пренесе искуствата од организацијата на Скопскиот маратон на учесниците и ќе ја промовира нашата трка. Годинашниот, осми, скопски маратон имаше рекорден број учесници.

Првото место кај мажите завчера го освои Патрик Мичеми Вамбугу од Kенија, а кај жените неговата сонародничка Сесилија Вангуи Варатумо. Покровители на Скопскиот маратон се Град Скопје, Делегацијата на Европската унија и Агенцијата за млади и спорт, а организатори Сојуз на спортови на Скопје, Атлетска федерација на Македонија и Атлетски клуб Работнички.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=BF6B32F205DF544EAB912E4BF73A1FE2
 
Член од
21 март 2012
Мислења
48
Поени од реакции
14
ako se desi toj vikend da bidam vo mavrovo vo vikendicata ke se prijavam zasho da ne :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom