Да ја освежам малку темава, викендов се одржа 4-тото издание на
Охрид ултра треил.
Времето беше шлакнато ... ја променија рутата на сите трки во последен момент поради опасноста од грмотевици
.
100чето и 60ката беа драстично скратени, јас бев на 60ката ... не се искачуваа врвовите.
Од
65Km / 3300D+ се намали на 50К/1600D+, драстично олеснување .
Времето од 06:00 до 12:30 лепота и пекол топло
после тоа драстично опадна температурата дојде бурата
, на претпоследната станица не пуштаа едно 10мин. поради грмотевици.
Организацијата и еуфоријата некако годинава беа ниво пониско, но сепак убаво помина настанот.
За пофалба беа стартните пакети, маичката е стварно убава и додатно кои ги даваа ракавите беа супер за до старот
(додека не изгреа сонцето).
Поради опасност од грмотевици скратена значително патеката, висински и по должина. CP1 Vojtino - 01:23:53 CP3 Prevoj - 02:22:30 CP6 Asan Gjura - 03:41:38 CP7 Letnica - 05:12:22 CP8 Velestovo 2 - 06:28:10 Finish 07:12:07 (20/50)
www.strava.com
п.с. Имаше една интересна
дешавка Иван Радев, кој водел на 100-ката 5-6мин пред Словенецот се откажа поради блиска средба со мечка ... поточно на 20м од него стоела на патеката и малку ржела ... штета за дечкото.