Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

Член од
17 април 2007
Мислења
163
Поени од реакции
325
Некој совет за ортопедски влошки за рамно стапало.. Поради зголемениот интензитет на трчање ми се јави болка доле на стапалото, помеѓу листот и коската и предната внатрешна страна на коленото. Користи некој, од кај се купени, и која е цената?
Јас купив од Медикус, ама не ги носам кога трчам. (https://medicushelp.com.mk/kozhna-anatomska-vloshka-so-gel-soft-gel/)
Мислам дека беше околу 1000-1200 ден. не се сеќавам баш точно.
Сега видов дека имале и спортски https://medicushelp.com.mk/anatomska-sportska-vloshka-aero-jump/, ама појма неам какви се.


Болката што ја имаш може да е повеќе фактори, во мојот случај на исто место се јавуваше како што имаш ти кога зголемував нагло километража.
Чаре пополека да наголемуваш и тркалај се :)

Го земав ова ролерче (исто од медикус) https://medicushelp.com.mk/penest-tsilindar-od-33-sm-so-otvor/, имаш и за стапало онакви топчиња за да ги газиш.
Од али земав нешо слично на ролерчето: https://www.aliexpress.com/item/New-Yoga-Sports-Full-Body-Muscle-Massage-CrossFit-Stick-Roller-Fitness-Yoga-Myofascial-Relax-Roll/32888850651.html

Ги користам 3-4 пати неделно реквизитиве и сега за сега добро тера.
 
Член од
2 јули 2007
Мислења
231
Поени од реакции
154
Има ли некој искуство од вас со справување со patellofemoral pain syndrome? Последните неколку пати кога се обидувам да трчам подолга километража осеќам болка во коленото со нестабилност која ме тера да прекинам да трчам. А наредниот ден поминува без проблем. Се имам пријавено на Скопскиот полумаратон и се плашам дека нема да истрчам ако продолжува ова да ми се јавува и понатаму.
Инаку вака при трчање не чуствувам некој замор да прекинам да трчам.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.052
Поени од реакции
12.936
Збор два за женска трка

Најпрво честитки за сите женки кои истрчаа, убаво е да се види како баба трча заедно со ќерка и внука, дефинитивно втор најмасовен настан после Скопскиов во Македонија. 2400 учесници делува импресивно и се надевам ќе има што повеќе вакви настани, со цел што повеќе луѓе да се рекреираат на ваков начин и со тоа да се зголеми шансата на дел од нив трчањето да им стане навика, па дури и начин на живот.

Е сега доаѓа на ред македонскиот менталитет, мејд ин Балкан. Одам да бодрам, гледам како еден сака да помине улицата во момент кога трчаа девојките буквално со интензитет како стампедо. Полицаецот му рече на господинот да застне, господинот стоеше 5 минути, ама очигледно му се брзаше па зема со цел памет со внукот во раце (стануваше збор за постар човек најверојатно дедо), да поминува сечејќи ги учесниците кои трчаат и создавајќи бизарна ситуација на судирање со истите, загрозувајќи ја и нивната и неговата безбедност и безбедноста на детето во раце. Ајде ќе речеш може итно било, итна била прошетката во парк, па не можел да почека. Завршува трката и гледам јаболки некој се даваат нели нормално секој учесник да си земе јаболка, се вртам кога гледам некоја баба застанала си бира јаболки како на пазар која е добра која не и си полни ќеса за дома...

Од една страна сакам да ги пофалам организаторите, бидејќи обезбедиле доста спонзори, кои даваат многу награди по категории за сите учесници, како и доста награди за лотарии, можеби и повеќе од што треба, од тој поглед добро си ја завршиле работата, но воопшто не сум задоволен од тоа колку се дава за јадење, пиење после трката. На Скопски е истиот муабет, порано пред неколку години се даваа банани,јогурти, ресани, сокови, грицки некој, цел плоштад беше со штандови, се тепаа кој повеќе ќе даде, сега последнава година суша, женскава трка само вода пелистерка, јаболко и коцка чоколадо, што е срамота за една толку голем организација. Втора најмасовна трка е, а тоа што се нуди после трка за сите учесници е на ниво на секоја обична трка во Македонија, дури и полошо од тоа, во Велес 5 пати повеќе понудно работи имаше после трка. Уште еднаш, браво за тоа што обезбедиле добри награди за сите категории и лотарии, но ептен малку обезбедено работи за сите учесници кои ја финиширале трката. Банани, портокали, грицки, ресни/наполитанки, полео сокчиња, оние Ocake, можеле и морале повеќе.

П.с. Адријана Поп Арсова истрча во Стара Загора, Бугарија трка на 10.550 метри со резултат од 38.47 и премин на 10.000м со време од 36.44. Оган и пламен форма, да нема повреди, ова девојче светски успеси ја чекаат...
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Јас на полу
Исто. Топло ќе биде у пичку матер, паника ме фаќа, оддеднаш температурата се зголеми и некако не осеќам дека телото ми е навикнато за ова време. Прв пат ми е толку долга за мене трка толку рано во годината, секогаш сум се привикнувал до Скопски (цел месец од денешниов ден).
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Подобро што се пријавив на женска трка да и правам друштво на школска од средно па ме удри реалноста колкава е температурата. Одма му пишав на Пеџа, да си гледаме сите месецов да трчаме во потоплото ако сме во можност за да се аклиматизираме. Месецот изминат си трчав со ветер во гради, ладново ич не ми смета и иако мислев дека ќе ме успорува, напротив, многу полесно држев темпо, дури и горда на себе си бев :pos: ама со топло ама ич не можам.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.341
Поени од реакции
7.453
Подобро што се пријавив на женска трка да и правам друштво на школска од средно па ме удри реалноста колкава е температурата. Одма му пишав на Пеџа, да си гледаме сите месецов да трчаме во потоплото ако сме во можност за да се аклиматизираме. Месецот изминат си трчав со ветер во гради, ладново ич не ми смета и иако мислев дека ќе ме успорува, напротив, многу полесно држев темпо, дури и горда на себе си бев :pos: ама со топло ама ич не можам.
У идеален случај, пред маратонот ќе си идеш на одмор на некоја сончева дестинација и ќе ти биде ТоБ :)
2014та пред да се симнам од брод имавме crew olympic games кои се одржуваа на Бахамите а таму и у јануари знае да загрее 30 степени у сенка, а добар дел од патеката беше под сонце.
Кога трчав 5К на скопски маратон сите се жалеа на сонцето и температурата, ама мене ми беше баш свежичко :) првите 3 километри не се ни потев :)
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.052
Поени од реакции
12.936
Топло беше деновиве стварно особено памтам минатиот понеделник мозокот ми чуреше кога трчав, ко во јуни да сум трчал. Е сега добрата работа е што во сабота баш за трка најавуваат облачно време и можно е да нема сонце, дури и некои шанси за дожд гледам има. 10-11 степени ќе биде температурата за време на трката. Е за Скопски обично е пекол стварно, ај што главата ти чури, него и нозете во патики ти горат од жешко, ама ако е олеснителна околност лани за поспорите маратонци дожд се изнаистури после 4тиот натпреварувачки саат, а и други години ко 2013 памтам сонце не огреа, во вирови трчавме тогаш по старата рута. Така да, очекувајте да е топло, ама имајте во мислите дека има некои мали шанси и мајски дожд да изненади.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
У идеален случај, пред маратонот ќе си идеш на одмор на некоја сончева дестинација и ќе ти биде ТоБ :)
2014та пред да се симнам од брод имавме crew olympic games кои се одржуваа на Бахамите а таму и у јануари знае да загрее 30 степени у сенка, а добар дел од патеката беше под сонце.
Кога трчав 5К на скопски маратон сите се жалеа на сонцето и температурата, ама мене ми беше баш свежичко :) првите 3 километри не се ни потев :)
Имаш право, преклани бев во Барселона на сонце, во летна атмосфера се ставив и подобро време извадив тогаш отколку лани со 3 пати повеќе тренинзи
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.240
Поени од реакции
4.433
П.с. Адријана Поп Арсова истрча во Стара Загора, Бугарија трка на 10.550 метри со резултат од 38.47 и премин на 10.000м со време од 36.44. Оган и пламен форма, да нема повреди, ова девојче светски успеси ја чекаат...
Napreduva i rusi nacionalni rekordi, sekoja cest, ali predaleku e od balkanski uspesi, kamoli evropski i svetski. A ima veke 29-30 godini otprilika.
Dario ima mnogu poveke perspektiva, ke vidime kako ke napreduva.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.052
Поени од реакции
12.936
Napreduva i rusi nacionalni rekordi, sekoja cest, ali predaleku e od balkanski uspesi, kamoli evropski i svetski. A ima veke 29-30 godini otprilika.
Dario ima mnogu poveke perspektiva, ke vidime kako ke napreduva.
Муабетот ми беше дека постигнала време што на прсти се бројат мажи во Македонија кој може да го истрчаат, притоа се одвоила бајги од времињата на актуелните женски атлетичарки кои трчаат во Македонија, дека е далеку од времињата на Оливера Јевтиќ или Теодора Симовиќ тоа е точно, но не поради тоа што нејзиното не е импресивно, туку дека на овие две времињава им се ептен забегано импресивни. :D Иначе батали годините, знаеш и сам во Македонија колку атлетичари почнале да се бават воопшто со атлетика пред 30 да направат, и тоа без никаков претходен допир со атлетиката, па еве ги гледаш направиле одлични успеси, годините ти се само бројка ако вољата е силна во тебе, допрва ќе гази на најјако според мене.

П.с. Има пожар кај Палас подоле малку нешто горат, корне, гледајте да не трчате моментално.
 
Последно уредено:

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.814
Поени од реакции
10.951
Од толку страв од жешко утре изгледа ќе шине ветер :) Нема да трчам, оваа трка не ми е интересна баш. Него, дефинитивно ветер мразам повеќе од сонце. Сонцето е заебано, ја прави цела трка потешка, али ветер кога дува пцујам се живо и диво. Убав провод утре дечки, сите што ќе трчате.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
@FilipMKD007 :cuc::cuc::cuc:

Мислам дека немаше повеќе од 12 луѓе пред тебе, ти си мангупиште, браво :cuc:

Јас, ко аматерот што сум, сфатив дека треба да појачам калориски внес денови пред трка, за сила а не да сум на минимум ради диета :ROFLMAO:

Фиќо, мило ми е што се запознавме, ти си струја човек!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom