Многу се потценети пливачите според мене, барем тука во Македонија, никој не сфаќа колку е тешко тоа дур сам не проба. Не е исто да си седиш во вода кучешки да си пливкаш само да се одржуваш, и без престан да пливаш неколку минути од една до друга страна во базен со некое средно темпо. Првпат кога пробав да пливам малку посериозно, мислам срцето ќе ми излезеше, 5 минути пливање ми се виде ко полумаратон трчање мачно. Сличен ефект е кога првпат ќе пробаш да трчаш на Водно по козјите патчиња нагоре со некое посериозно темпо, срцето 3 метра пред тебе ќе ти бега. Застануваш да земеш воздух, осеќаш како во мозокот нешто ти чука.