Трето полувреме

Член од
8 мај 2005
Мислења
542
Поени од реакции
76
Снимката сигурно е од Македонија сум ја видел одамна, некој поупатен може да ти посочи конкретен извор.
Да, во Македониjа, но не вашата. Коj сака нека да види линковите во споjлерот, ама снимката вероjатно е од Горна Џумаjа/Благоевград. Покажува локални бугарски службеници и депортациjата на грцки евреи кои, согласно музеот за холокоста во САД, биле транспортирани со бугарски вагони.


Ако го слушна сведоштвото на Нета Коен, таа вели дека бугарските војници и ги однеле сите роднини и дека таа се криела од бугарската војска. Појасно од тоа, амин.
Не, не станува jасно како е живела Нета до краjот на воjната. Да, грабнати биле од нивните куки сите роднини на Нета и други евреи. Потоа Нета кажува како се криела од _германците_. Со две деца од маж коj е "православен" (? зошто не кажува дека е Македонец?) Нета е била сигурна. Повтарувам, бугарски грагани, даже македонски евреи, се биле спасени од германската кампаниjа. Види таков документ - "Рафаел Моис Камхи, еврејска звезда 41 367, родом на 15.12.1870 г. в град Битолја /Б'лгарија/, живушт като т'рговец в град Солун ... Удостоверение на б'лгарскија поданик от еврејски произход". Т.е. имаш битолски евреин коj од самиот Солун е морало да биде пуштен од немците во 1943 г.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.399
Поени од реакции
25.248
Секој од своја перспектива го гледа. Сепак јас очекував повеќе. На момент работите не ми се поврзани. И една работа особено ме буни кај Дарко истото му се дешава и тука и во Балкан Кан, Шпиц збори германски фудбалерите го разбираат и му враќаат на македонски, по што он продолжува на германски. Италијанецот (го заборавив името) зборува на италијански Трендафил на македонски и пак се разбираат.... логика јок.
Перспектива е како го сфаќаш филмот и на колку начини може да се протолкува.
Еве ти на пример не се буниш за тоа што беше филмот во целина туку техничкиот аспект од филмот. Гледај амерички филм без превод па види колку од зборувањето можеш да го слушнеш поради звукот во позадина. Значи отсекогаш било така, не знам зошто ти сметало баш тоа. Логика бараш кај многу банални работи, како го разбирале Шпиц. Па јас во цел филм не видов некој да го разбира туку го гледаа ко теле во шарена врата, само во сцената на антички кога беа се насмеаја сите затоа што Шпиц го спомна Чарли Чаплин, значи Димитрија цело време беше тој што имаше улога на преведувач.
Сакам да кажам дека се фаќаш за најмалку важни работи, што кога ќе размисли човек немаат врска со филмот.
--- надополнето: 12 октомври 2012 во 15:46 ---
Бугарче, сега да ти кажам нешто. Уште еден пост на темава и ќе те банирам до следната светска војна. Значи ова е подфорум Филм и Тв и нема да дозволам да го гнасат паразити и влечуги што своите фрустрации лечат на македонски форум, најмалку на подфорум каде што се расправа уметност.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
http://okno.mk/node/22430

Кој е овој Никола Гелевски и од кој тоалет е излезен?
Коља е тоа, Сорос бате...Небитно се гледа неговата намера да го девалвира филмот од некои лични причини или несогласувања со режисерот.
Филмот го немам гледано и не можам да кажам моја перспектива како го доживеав, но колку што знам истиот не е докуметарец, ниту претендира да биде за да Коља го критикува сценариото на филмот дека не се држи како пијан за плот до оригиналниот настан.
За делот со грујовоизмот не ми се ни зборува, тоа веќе е тежок комплекс.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Го гледав и ... дали дека имав големи очекувања, ама не ме воодушеви. Прво на моменти многу уличарски зборови од страна на претседателот на тимот, тоа не ми се допадна ич. Второ многу некако на денешен скопски сленг ми зборуваа глумците. Трето пола филм читав превод. Првин српски, па германски, па бугарски... а македонскиот на момент поради преголемата бучава што оди во позадина на филмот не ни слушнав што збореа (се мислам ова да не е до озвучењето на киното). Четврто повеќето време има цензура на насилството, па не сме деца мајку му. Добив чувство како цело време да се плаши Дарко да ги прикаже окупаторите во право светло.

Единствено трогателно ми беше
тоа со Ромите кога ги стрелаа и кога се пееше „море сокол пие“ пред српскиот окупатор.

Мислам дека нешто како да фали во филмов за да биде комплетен. Се надевав дека ќе собере оскар, ама после гледањево... се сомневам.
И јас го изгледав вчера.Филмот е одличен.Целосн се слагам со тоа што си го напишал и во спојлерот.
Катарина Ивановска многу лошо глуми,а па и уште со тоа скопскиот сленг тотално несоодветен за тоа време.Дури ни цицките не ја ваѓаат за лошата глума. :)
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Перспектива е како го сфаќаш филмот и на колку начини може да се протолкува.
Еве ти на пример не се буниш за тоа што беше филмот во целина туку техничкиот аспект од филмот. Гледај амерички филм без превод па види колку од зборувањето можеш да го слушнеш поради звукот во позадина. Значи отсекогаш било така, не знам зошто ти сметало баш тоа. Логика бараш кај многу банални работи, како го разбирале Шпиц. Па јас во цел филм не видов некој да го разбира туку го гледаа ко теле во шарена врата, само во сцената на антички кога беа се насмеаја сите затоа што Шпиц го спомна Чарли Чаплин, значи Димитрија цело време беше тој што имаше улога на преведувач.
Сакам да кажам дека се фаќаш за најмалку важни работи, што кога ќе размисли човек немаат врска со филмот.
Е видиш тоа со Чаплин не го сфатив.... хммм... ќе морам да го гледам пак, ама сам без гужви во сала и дофрлања, може така ќе го доживеам поубаво. ;)
--- надополнето: 12 октомври 2012 во 18:08 ---
E аман де, филм е. Како оди Сталоне во Виетнам, фаќа куршуми со рака и потепуе 200 души со еден митралез само? И тоа не ми е јасно...

Под окупација биле тогаш, постојан контакт имале на таков јазик. Затоа и го разбираа.
Не бидете ко оној напатенион Гелевски, што сере за нешто што и сам знае дека не е така.

Бугариве ги молам да ја напуштат темава и да не мрсат и мешаат политика таму каде што не им е место. Нека си ја гледаат работата. Цигани.

п.с :

Кога Шпиц се праи камен со дечкиве од тимот и после тоа ја пее Дафино вино црвено со мумлање :pos:

Не ги вреѓај Циганите. ;)

Него мислам на вмровците нема да им се допадне филмов поради
моментот кога Бугаринот вика дека татко му бил комита
.
 
P

PewDiePie

Гостин
Него мислам на вмровците нема да им се допадне филмов поради
моментот кога Бугаринот вика дека татко му бил комита
.
Моментот со Чапчин беше компарација,дека не секогаш посилниот победува,даде пример дека чаплин бил паметен и скрил потковица во боксерските ракавици и така го победил противникот. Истото го направи Димитрија на полувреме кога губеа,закачи потковица во соблекувалната за среќа.


И зошто да не им се свиѓа на ВМРОвците моментот со Комитите ? Па покомитска партија нема од нив,тоа што Митревски индиректно ги издупи болварите дека се Македонци и дека Комитите потекнуваат од Македонија е моментот. Не си сфатил.
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Моментот со Чапчин беше компарација,дека не секогаш посилниот победува,даде пример дека чаплин бил паметен и скрил потковица во боксерските ракавици и така го победил противникот. Истото го направи Димитрија на полувреме кога губеа,закачи потковица во соблекувалната за среќа.


И зошто да не им се свиѓа на ВМРОвците моментот со Комитите ? Па покомитска партија нема од нив,тоа што Митревски индиректно ги издупи болварите дека се Македонци и дека Комитите потекнуваат од Македонија е моментот. Не си сфатил.
Не го сфатив како така, дефинитивно. :) Него
мислев на тоа дека се вратил Бугаринот за да „ги ослободи“ Македонците, а всушност постапува полошо од Србите.
 
P

PewDiePie

Гостин
Не го сфатив како така, дефинитивно. :) Него
мислев на тоа дека се вратил Бугаринот за да „ги ослободи“ Македонците, а всушност постапува полошо од Србите.
Па да де јасно,какво црно ослободување,исти кур ко со србите. Во иронична смисла е кажано тоа,дека самите бугари мислат дека "не ослободиле". Тоест како си го кажуваат тоа.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Mалку покасно но и јас го гледав филмот. ОК е.
Севкупна оценка 7/10
Глума е добра иако главните ликови посебно Катерина подфрлија. Катерина незнае да зборува има ужасна дикција и одвратен акцент...звучи како некоја скопска уличарка иако ликот и е сосема спротивен од тоа.
Глума Катерина 2/10
Коцев 6/10
Остатокот од кастинг 8/10
Споредните ликови се доста подобри глумци од главните..Раде Шербеџија е супер Германецот (Шпиц) истотака е супер...Истотака Претседателот на клубот и Бугарскиот офицер се солидни. И Тони Михајловски е забавен.
Сценарио и Текст се солидни 8/10 иако има малку ефтини клише моменти нема да навлегувам во детали за да испадне дека има „спојлери“ иако јас сакам да ја знам целата приказна пред да го гледам филмот.
Сценографија ми се допадна доста убаво направена 8/10
Камера и Фотографија исто е интересна не премногу впечатлива ама функцинира одлично и како динамика и како статика. 9/10
Музика и Звук тука е големо разочарување музика наводно од Кирил Џајковски:confused: Има некој народни песни кој баш и не се добро изведени и поставени во погрешни моменити. А остаткот од музичката позадина се најдосадни и најбанали милион пати слушнати филмски ноти...Звукот е исто проблематичен често пати не се разбира што зборуваат фудбалерите посебно нивните досетки и дофрлање. 4/10
Режија Дарко е добар се е фино спакувано и релативно уредно дотерано иако има некој моменти кога е досаден и функционира со Холивудски клише моменти. Солидна режија ама не многу креативно направено. 7/10

П.С. Досие Скопје и Балканкан му беа подобри но и ова не лошо...
П.П.С. Политика и некој пренагласени глупости немаше во основа фокусот е на љубовната приказна (кој за жал е упропастена од Катерина) и фудбалот.
Инаку и Србите баш не се преставени во најдобро светло но нема коментари од нивна страна за разлика од некој други...
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Трето полувреме



После толку време да си пишам рецензија и тоа, не за било каков филм, за наш.

Човек да не знае од каде да почне. Моментот кога влегувате во преполна сала, каде нема ниедно празно столче и после две недели од премиерата или кога завршува филмот и гледате луѓе со солзи во очи, ќе ви предизвика разни емоции. А штом е нешто толку силно да ви поттикне емоција, не може да не го бива.

Не сакам да се осмелам да читам тралалајки од напатени душички кои се сметаат за соодветни критичари, филмот е уметност која некогаш се употребува за да оживее вистински настан. Е сега Германците одамна си ги признаа гревовите за нивната погубна нацистичка политика и се срамат од луѓето кои убиле толку многу луѓе, Бугарите нема никогаш да го признаат тоа, но нејсе пред фактите или ако ви е помило пред фотографиите и записите и боговите молчат. Замислете да фатеа Германците да кудеа по се што го портретира Хитлер, демек ништо он не сторил. Ќе беше тоа масовна смешка. Ама ние сме навикнати на балкански будалаштини и затоа не ме чудат ни реакциите.

Нејсе, ова не дури ни филм за политика, макар што изразува силна поента преку најважната споредна работа на светот. Прекрасно дело. Секако, си има свои недостатоци. За мене Катарина е најслабата алка во филмот на Дарко. Прекрасна е, убава, елегантна, баш како што треба да изгледа главната хероина, но нема никаква актерска умешност во неа и во сцените во кои стои до Раде Шербеџија гледате џин и џуџе. Мислам дека и Дарко еден ден ќе разбере зошто толку лоши критики доби Катарина.

Како и да е. Добрите страни. Извонреден македонски хумор, да ми е жив и здрав Тони Михајловски, до солзи ме насмеал. Не знам колку ќе го разбере тој наш дух странската публика, ама кога можевме да им се навикнеме на сите останати продукции, можат и тие на нашиот. Кога гледате една таква плејада на македонски актери како Митко Апостоловски, Ѕвезда Ангеловска, Владо Јовановски, Тони Михајловски, па тука е и Раде Шербеџија кој не можете да не го чувстувате како свој, не можете да останете рамнодушни. Младата гарда одлично си ја заврши работата, немам замерка. Само еден актер ми фалеше во еден ваков филм. Никола Ристаноски. Ја обожувам неговата актерска игра и секогаш очекувам да излезе од некоја страна во наш филм.

Победите на малите луѓе и малите народи се многу поголеми од оние на најголемите. Македонија победи. „А тоа е свето име мамичето ваше“.:icon_lol:

Димитрија ми остави особен впечаток како лик. Прекрасно осмислено, уште подобро изведено. Приказна баш за Македонецот, кој сонува за поинакви чисти победи кои не се поврзани со ничиво крвопролевање. И мораш да гледаш како другите прават реки крв, додека се обидуваш да истераш победа на свој терен, сосема фер. Знаете, сме трпеле и трпеле низ историјата, ама рацете никогаш не ни биле валкани со крв, кога ќе погледнам назад немам од кого да се срамам, да покажам со прст за ѕверство. И токму тоа ви е прикажано преку Димитрија. Попрво себеси ќе се повредиме, отколку другиот. Свеста ни е поинаква.

И морам да го пофалам Ричард Самел ( се надевам точно му го напишав името). Каква глума, значи секоја чест.

Има филмот свои недостатоци, тек тук ќе најдете нешто што фали. Но, јас можам само да му честитам на Дарко за сработеното, бидејќи знам дека едно добри 10 години се обидуваше да го реализира филмов. Тоа е човекот кој го создаде еден од моите омилени филмови Балканкан, кој го имам гледано ни јас не знам колку пати. А и овој ќе го гледам изгледа исто толку. Се надевам дека наредниот проект ќе биде уште подобар и дека ќе создаде филм кој повторно ќе полни сали. Всушност тоа му го посакувам на секој македонски режисер.

Имаме ние приказни. Само некој треба да ги раскаже.

 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.399
Поени од реакции
25.248
Нејсе, ова не дури ни филм за политика, макар што изразува силна поента преку најважната споредна работа на светот.
А замисли колку коментари прочитав од типот - на вмровците нема да им се бендиса ова и ова... на комуњарите нема да им се бендиса ова и ова... дури и на темава имаше нешто слично, а колку само Дарко пред нос им го плесна тоа како треба да гледаат кон филмов - сцената кога Сашко и Катарина лежеа во кревет и тој и рече "мене никогаш не ме интересирале ни политики ни војни ни вакви сериозни работи".
И после гледаш некој соросоид напишал дека филмот е националистичко перење мозок.
Само среќен сум што откако излегов од салата имаше многу нерамнодушни фаци, фаци на кои филмов им остави силен впечаток и имаа измешани емоции на радост и тага.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Се сложувам дека за Никола Ристановски мораше да се најде место во филмов.

Инаку Ричард Семел одглуми за оскар,секоја чест.
Никола Ристановски го има сега во два нови филма што ќе бидат пуштени во следните 12 месеци. „До Балчак“ на Столе Попов и „Балканот не е Мртов“ на Александар Поповски така да ќе го гледаме и него. Инаку се согласувам Ричард Самел одлично одигра. Улогата му е соло речиси и да нема дијалог се му се монолози што знае доста да е тешко.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom